← Acts (8/28) → |
1. | А Савле се согласуваше со неговото погубување.Bо оној ден стана и големо прогонство против црквата во Ерусалим; и сите, освен апостолите, се раштркаа по краиштата на Јудеја и Самарија. |
2. | А побожни луѓе го погребаа Стефан и гласно го оплакуваа. |
3. | Савле, пак, ја пустошеше црквата, влегуваше од куќа во куќа, извлекуваше мажи и жени и ги предаваше в зандани. |
4. | Оние кои беа раштркани, одеа проповедајќи го Словото. |
5. | Така, Вилип слезе во градот Самарија и го навестуваше Христос. |
6. | А народот еднодушно внимаваше на Вилиповите зборови, ги слушаше и ги гледаше чудотворните знаци што ги правеше. |
7. | Зашто од оние коишто имаа нечисти духови, тие излегуваа со голема викотница, а мнозина парализирани и сакати беа исцелени. |
8. | И настана голема радост во тој град. |
9. | А во градот се наоѓаше еден човек, по име Симон, кој од порано изведуваше магии и го вчудовидуваше самарискиот народ, тврдејќи за себе дека е тој и тој. |
10. | Него го слушаа сите, од мал до голем, велејќи: "Ова е голема Божја сила." |
11. | А го слушаа затоа што долго време ги восхитуваше со своите магии. |
12. | Кога му поверуваа на Вилип, кој го проповедаше Евангелието за Божјото царство и за името на Исус Христос, се крштаваа и мажи и жени. |
13. | Самиот Симон поверува, и откако беше крстен, му се придружи на Вилип, и гледајќи ги чудотворните знаци и моќните дела што се збиднуваа, се восхитуваше. |
14. | А кога апостолите, кои беа во Ерусалим, чуја дека Самарија го прими Божјото слово, им ги испратија Петар и Јован, |
15. | кои слегоа и се помолија за нив, за да Го примат Светиот Дух, |
16. | зашто уште ни на еден од нив не беше слегол, а само беа крстени во името на Господ Исус. |
17. | Тогаш ги положија рацете на нив и тие Го примија Светиот Дух. |
18. | А кога Симон виде дека Светиот Дух се дава со полагање на рацете на апостолите, им понуди пари, |
19. | велејќи: "Дајте ми ја и мене таа власт, па врз кого ќе ги положам рацете, да Го прими Светиот Дух!" |
20. | Но Петар му рече: "Нека одат во неврат твоите сребреници заедно со тебе, зашто си наумил да го добиеш Божјиот дар со пари! |
21. | Нема за тебе ни дел ни учество во оваа работа, зашто твоето срце не е право пред Бог. |
22. | Затоа, покај се од оваа твоја нечесност и моли Го Господ ако е можно да ти ја прости мислата на твоето срце. |
23. | Зашто гледам дека си полн со горчина и во окови на неправдата." |
24. | А Симон одговори, велејќи: "Помолете Му се вие на Господ за мене, за да не ме снајде ништо од она што го рековте!" |
25. | Тие пак, откако посведочија и го кажаа Господовото слово, проповедајќи им го Евангелието на многу самариски села, се вратија во Ерусалим. |
26. | И Господов ангел му рече на Вилип: "Стани и оди кон југ, по патот што се спушта од Ерусалим спрема Газа, кој е пуст." |
27. | Тој стана и тргна. И ете, Етиопјанец- евнух, дворјанин на етиопската царица Кандакија, кој беше задолжен за целата нејзина ризница, а беше дошол во Ерусалим на поклонение, |
28. | и на враќање, седеше во својата кочија и го читаше пророкот Исаија. |
29. | А Духот му рече на Вилип: "Приближи се и придружи и се на кочијата!" |
30. | Кога Вилип притрча и чу дека тој го чита пророкот Исаија, и праша: "Го разбираш ли тоа што го читаш?" |
31. | Тој пак рече: "Како ќе можам да разберам, ако некој не ме упати!" И го покани Вилипа да се качи и да седне до него. |
32. | А текстот од Писмото, што го читаше, гласеше: "Беше одведен како овца на колење, и како што јагнето е немо пред оној кој го стриже, така тој не ја отвори Својата уста. |
33. | Bо Неговото понижување не доби праведен суд. Кој ќе ја сфати Неговата генерација, зашто Неговиот живот се зеде од земјата." |
34. | Тогаш евнухот одговори, велејќи му на Вилип: "Те молам, за кого го вели ова пророкот? За себе или за некој друг?" |
35. | А Вилип ја отвори устата и почнувајќи од тоа место во Писмото, му проповедаше за Исус. |
36. | А кога патувајќи дојдоа до некоја вода, евнухот рече: "Еве вода! Што ме спречува да се крстам?" |
37. | А Вилип рече: "Ако веруваш од сè срце - смееш." Тој одговори, велејќи: "Bерувам дека Исус Христос е Божјиот Син." |
38. | И заповеда да застане кочијата, па двајцата, Вилип и евнухот, слегоа во водата, и го крсти. |
39. | А кога излегоа од водата, Господовиот Дух го грабна Вилипа; евнухот веќе не го виде. И продолжи радосно по својот пат. |
40. | А Вилип се најде во Азот, а потоа, поминувајќи проповедаше по сите градови додека не дојде во Цезареја. |
← Acts (8/28) → |