← Acts (6/28) → |
1. | Bо тие денови, кога учениците се намножија, хеленистите се побунија против Евреите, зашто нивните вдовици беа запоставувани при секојдневната поделба на храна. |
2. | Тогаш дванаесеттемина ги повикаа сите ученици и рекоа: "Не е праведно ние да го оставиме Божјото слово и да служиме околу трпезите. |
3. | Затоа, браќа, изберете меѓу себе седум мажи, со добар углед, полни со Светиот Дух и мудрост, на кои ќе им ја довериме таа должност, |
4. | а ние и натаму ќе им се оддадеме на молитвата и на службата на словото." |
5. | И предлогот му се допадна на народот, па беа избрани: Стефан, маж полн со вера и со Светиот Дух, потоа: Вилип, Прохор, Никанор, Тимон, Пармен и Никола, прозелит од Антиох. |
6. | Нив ги поставија пред апостолите, а овие, кога се помолија, ги положија рацете на нив. |
7. | А Божјото слово растеше и бројот на учениците во Ерусалим значително се зголемуваше, а и мнозина свештеници и се потчинија на верата. |
8. | А Стефан, полн со благодат и сила, правеше големи чуда и знаци меѓу народот. |
9. | Но станаа некои од синагогата, наречени Либертинци, Киринејци, Александријци и оние од Киликија и Азија, и се препираа со Стефан. |
10. | Меѓутоа не можеа да им се противстават на мудроста и на Духот со кои тој зборуваше. |
11. | Тогаш наговорија луѓе, кои изјавија: "Го чувме како хули против Мојсеј и Бог." |
12. | Така ги побунија народот, старешините и закониците, и нагрвалија на него, го фатија и го изведоа пред Советот. |
13. | Донесоа и лажни сведоци, кои рекоа: "Овој човек постојано хули против ова свето место и против Законот, |
14. | зашто чувме како зборува дека Овој Исус од Назарет, ќе го разурне ова место и ќе ги измени обичаите, што ни ги предаде Мојсеј." |
15. | А сите, кои седеа во Советот втренчено гледаа во него и видоа дека лицето му беше како на ангел. |
← Acts (6/28) → |