← Acts (28/28) |
1. | А кога се спасивме, дознавме дека островот се вика Малта. |
2. | Месните жители ни укажаа необична љубезност; запалија оган и нè примија сите, поради дождот што паѓаше и поради студот. |
3. | А кога Павле собра куп гранки и ги стави во огнот, излезе змија, гонета од жештината, и му се впи во раката. |
4. | Месните жители, кога видоа дека змијата му виси на раката, си велеа еден на друг: "Овој човек, без сомнение, е убиец кој се спасил од морето, но правдата не го остава да живее." |
5. | Но тој ја истресе змијата во огнот и не му стана ништо лошо. |
6. | А тие очекуваа тој да отече или одеднаж да падне мртов. Откако чекаа долго, видоа дека не му се случи никакво зло, го сменија своето мислење и рекоа дека е бог. |
7. | А околу тоа место се наоѓаше имотот на управителот на островот, по име Публиј, кој нè прими и љубезно се грижеше за нас три дена. |
8. | И се случи таткото на Публиј да лежи болен од треска и дизентерија. Павле влезе кај него, се помоли, ги положи рацете на него и го исцели. |
9. | По тој настан и други болни од островот доаѓаа и беа исцелувани. |
10. | Тие ни искажаа и многу почести, а при заминувањето нè снабдија со сè што ни беше нужно. |
11. | По три месеци отпловивме со еден александриски кораб, што беше презимил на островот и носеше знак "Близнаци". |
12. | И кога стигнавме во Сиракуза, останавме таму три дни, |
13. | а оттаму пловејќи заобиколивме и стигнавме во Регија. По еден ден дувна јужен ветар, а утредента пристигнавме во Потиоли, |
14. | каде што најдовме браќа, кои нè замолија да останеме кај нив седум дена. Потем тргнавме кон Рим. |
15. | Откако браќата, чуја за нас, ни излегоа во пресрет до Апиевиот форум и до Трите крчми. Кога Павле ги виде, Му заблагодари на Бога и се охрабри. |
16. | Штом влеговме во Рим, на Павле му беше дозволено да живее сам, со војник кој го чуваше. |
17. | А по три дни, Павле ги повика еврејските првенци и кога се собраа, им рече: "Браќа мажи, иако не сторив ништо против својот народ, ниту против татковските обичаи, мене сепак во Ерусалим ме предадоа како затвореник во рацете на Римјаните, |
18. | кои кога ме испитаа, сакаа да ме пуштат, зашто во мене немаше никаква вина што би заслужувала смрт. |
19. | Но бидејќи Евреите се спротивија на тоа, бев принуден да се повикам на цезарот, но не дека имав нешто да го обвинам својот народ. |
20. | Ете, затоа ве замолив да дојдете, да ве видам и да ви позборувам, зашто заради надежта на Израел сум окован во овие вериги." |
21. | А тие му рекоа: "Ние не примивме никакви писма за тебе од Јудеја, ниту ни дојде некој од браќата да нè извести или да рече нешто лошо за тебе. |
22. | Но мислиме дека би било добро да чуеме од тебе што мислиш, зашто ни е познато дека насекаде зборуваат против оваа секта." |
23. | И откако го определија денот, мнозина од нив дојдоа таму каде што тој престојуваше. И од утро до вечер тој им излагаше за Божјото царство со докази и ги уверуваше за Исус од Мојсеевиот Закон и од пророците. |
24. | Едни беа уверени во тоа што зборуваше, а другите не веруваа. |
25. | Бидејќи не беа сложни меѓу себе, почнаа да се разотидуваат. На заминување Павле им ги кажа уште зборовите: "Добро им рече Светиот Дух на вашите татковци, преку пророкот Исаија, |
26. | велејќи: 'Оди кај овој народ и кажи му: ќе слушате и не ќе разбирате; ќе гледате и нема да видите; |
27. | зашто закорави срцето на овие луѓе и со ушите тешко слушаат, а своите очи ги затворија за да не гледаат со очите и да не слушаат со ушите, да не разбираат со срцето, за да не се обратат и да не ги исцелам.' |
28. | Затоа, да знаете дека ова Божјо спасение им е испратено на неевреите, и тие ќе го чујат!" |
29. | Кога го рече тоа, Евреите си отидоа, препирајќи се многу меѓу себе. |
30. | А тој остана цели две години во својот стан под наем, ги примаше сите кои му доаѓаа; |
31. | навестувајќи го Божјото царство и поучувајќи за Господ Исус Христос наполно слободно и непречено. |
← Acts (28/28) |