← Acts (24/28) → |
1. | А по пет дена врховниот свештеник Ананиј, слезе со неколку старешини и со некојси говорник Тертул, па истапија пред управителот против Павле. |
2. | И кога го повикаа, Тертул почна да го обвинува, велејќи: "Голем мир уживаме благодарение на твоите реформи и со твојата промисленост многу нешта се поправија кај народов; |
3. | тоа, ние, честити Великсе, со секаква благодарност го признаваме на секој начин и на секое место. |
4. | Но, за да не те задржувам повеќе, те молам да нè ислушаш накратко со твоето трпение. |
5. | Еве, најдовме дека овој човек е вистинска невола, дека предизвикува препирки меѓу сите Евреи по целиот свет и дека е водач на назарејската секта. |
6. | Се обиде да го оскверни и Храмот. Ние го фативме и сакавме да му судиме според нашиот Закон, |
7. | но дојде заповедникот Лисиј, со голема сила, и го грабна од нашите раце, |
8. | и заповеда неговите обвинители да дојдат кај тебе. Ако го испрашуваш самиот, ќе можеш да го дознаеш од него сето она за кое ние го обвинуваме." |
9. | А Евреите потврдија дека е така. |
10. | А кога управителот му даде знак да зборува, Павле одговори: "Бидејќи знам дека многу години си му судија на народов, јас, од сè срце, ќе зборувам во своја одбрана. |
11. | Ти самиот можеш да дознаеш дека нема повеќе од дванаесет дена, откако отидов горе во Ерусалим, на поклонение, |
12. | и не ме најдоа ни во Храмот, ни во синагогите, ниту во градот како се расправам со некого или го бунтувам народот, |
13. | а не можат ни тебе да ти го докажат она заради што ме обвинуваат сега. |
14. | Но тебе ти признавам дека според Патот, кого тие го нарекуваат секта, така Му служам на Богот на нашите татковци, верувајќи во сè што е според Законот и Пророците, |
15. | и дека се надевам во Бог, како и самите овие дека ќе има воскресение на праведните и неправедните. |
16. | Затоа и самиот се трудам секогаш да имам чиста совест и пред Бог и пред луѓето. |
17. | По многу години дојдов да му донесам милостина на својот народ и да принесам жртви, |
18. | при што ме најдоа, исчистен во Храмот, без народ и без врева. Но имаше некои Евреи од Азија, |
19. | кои требаа да излезат пред тебе и да ме обвинат, ако имаа нешто против мене. |
20. | Или овие сами нека кажат каква неправда најдоа во мене, кога стоев пред Советот, |
21. | освен ако се работи за оваа изјава што ја извикав гласно, стоејќи меѓу нив: 'заради воскресението на мртвите ме судите денес!'" |
22. | Тогаш Великс, кој мошне добро го познаваше Патот, го одложи нивното дело, велејќи: "Кога ќе дојде заповедникот Лисиј, ќе го решам вашето дело." |
23. | А на стотникот му заповеда да го чуваат Павле, но да му даваат извесна слобода и да не му бранат никому од неговите да му доаѓаат и да му служат. |
24. | А по неколку денови дојде Великс со жена си Друзила, која беше Еврејка, го повика Павле и ги слушаше неговите зборови за верата во Христос Исус. |
25. | А кога зборуваше за праведноста, за воздржувањето и за идниот суд, Великс се уплаши и одговори: "Сега оди си! А кога ќе најдам време, пак ќе те викнам." |
26. | Меѓутоа, истовремено се надеваше дека Павле ќе му даде пари и затоа почесто го викаше и разговараше со него. |
27. | А кога поминаа две години, Порциј Вест го наследи Великс. Сакајќи да им угоди на Евреите, Великс го остави Павле во окови. |
← Acts (24/28) → |