← Acts (13/28) → |
1. | Bо црквата во Антиох имаше пророци и учители: Барнаба, Симеон наречен Нигер, па Луциј Кириниецот, Манаин, кој беше израснат со тетрархот Ирод, и Савле. |
2. | И додека Му служеа на Господ и постеа, Светиот Дух им рече: "Издвојте ми ги Барнаба и Савле за делото за кое ги повикав!" |
3. | А тие, по постот и молитвата, ги положија рацете на нив и ги испратија. |
4. | И така, тие, испратени од Светиот Дух, слегоа во Селевкија и оттаму отпловија за Кипар. |
5. | И кога дојдоа во Саламис, го навестуваа Божјото слово во еврејските синагоги, а го имаа и Јован за помошник. |
6. | А откако го поминаа целиот остров сè до Пафос, најдоа некој маѓепсник, лажен пророк, Евреин, по име Бар-Исус, |
7. | кој беше со проконзулот Сергиј Павле, умен човек. Овој ги повика Барнаба и Савле и побара да го чуе Божјото слово. |
8. | Но му се спротиви маѓепсникот Елим (зашто така се преведува неговото име), настојувајќи да го одврати проконзулот од верата. |
9. | Тогаш Савле, познат како Павле, исполнет со Светиот Дух, се втренчи и рече: |
10. | "О, ти исполнет со секакво лукавство и злоба, ѓаволски сину, непријателу на секоја праведност, не ќе престанеш ли да ги искривуваш правите Господови патишта. |
11. | И, еве, сега Господовата рака е врз тебе: ќе бидеш слеп и за некое време не ќе го гледаш сонцето!" И во истиот час врз него се спушти магла и темнина; и тој џбараше наоколу и бараше луѓе, кои ќе го водат за рака. |
12. | Тогаш проконзулот, откако виде што стана, поверува, восхитувајќи му се на Господовото учење. |
13. | А Павле и неговите придружници отпловија од Пафос и дојдоа до Перга, во Памфилија. Тука Јован се оддели од нив и се врати во Ерусалим. |
14. | А тие заминаа од Перга и дојдоа во Антиох писидиски, влегоа во синагогата во саботен ден и седнаа. |
15. | А по читањето на Законот и на пророците, старешините на синагогата испратија до нив да им кажат: "Браќа, ако имате некаква утешна порака за народот, кажувајте!" |
16. | Тогаш Павле стана, мавна со раката и рече: "Мажи Израелци и вие други, кои имате страхопочит спрема Бог, чујте! |
17. | Богот на овој израелски народ ги избра нашите татковци и го издигна народот во туѓина, во египетската земја, со воздигната рака ги изведе од таа земја, |
18. | и откако четириесет години ги трпеше во пустината; |
19. | и уништи седум народи во Ханаанската земја, им ја даде во наследство нивната земја |
20. | за околу четиристотини и педесет години. Потоа им даде судии до пророкот Самоил. |
21. | Тогаш побараа цар, и Бог им го даде Саул, синот на Киш, човек од Бенјаминовото племе, за четириесет години. |
22. | Кога го отфрли него, им го издигна за цар Давид, за кого посведочи и рече: 'Го најдов Давид, синот Есеев, човек според Моето срце, кој ќе ја исполни сета Моја волја.' |
23. | Од неговото потомство, Бог - според ветувањето - му издигна на Израел Спасител, Исус, |
24. | откако Јован, пред Неговото доаѓање, му проповедаше на целиот израелски народ покајно крштавање. |
25. | А додека Јован ја исполнуваше својата должност, везден велеше: 'За кого ме сметате? Јас не сум Тој, туку, ете, по мене иде Еден, Кому не сум достоен да Му ги одврзам сандалите на нозете.' |
26. | Луѓе, браќа, синови на Авраамовиот род, и вие, кои имате страхопочит кон Бог, нам ни е испратено словото за ова спасение. |
27. | Зашто жителите на Ерусалим и нивните началници не Го познаа Него, ниту пророчките зборови што се читаат секој саботен ден, туку Го осудија и така ги исполнија. |
28. | Иако не најдоа никаква вина, која заслужува смрт, бараа од Пилат да Го погуби. |
29. | И кога исполнија сè што е напишано за Него, Го симнаа од дрвото и Го положија в гроб. |
30. | Но Бог Го воскресна од мртвите. |
31. | И со денови им се појавуваше на оние, кои со Него од Галилеја одеа горе во Ерусалим, а кои сега се Негови сведоци пред народот. |
32. | Ние ви проповедаме за ветувањето дадено на татковците, |
33. | дека Бог го исполни пред нас, нивните деца, кога Го воскресна Исус, како што е напишано во вториот псалм: 'Ти си Мој Син, денес Те родив.' |
34. | А за тоа дека Го воскресна од мртвите и дека веќе не се враќа во распаѓање, го рече ова: 'Ќе ви ги исполнам светите нешта на верниот Давид.' |
35. | Затоа и во друг псалм вели: 'Нема да дозволиш Твојот Светец да види распаѓање.' |
36. | А Давид му послужи на своето поколение според Божјата волја, па почина и им се придружи на своите татковци и виде распаѓање. |
37. | А Оној, Кого Бог Го воскресна, не виде распаѓање. |
38. | И така, браќа, знајте дека преку Него ви се навестува проштавање на гревовите; |
39. | и од сето она од кое не можевте да се оправдате преку Мојсеевиот Закон, преку Него се оправдува секој кој верува. |
40. | И така, гледајте да не дојде на вас она што е речено во Пророците: |
41. | 'Bидете, вие кои презирате, чудете се и загинете! Зашто Јас правам дело, во вашите денови, дело во кое нема да поверувате, дури и ако некој би ви раскажувал.' |
42. | А кога излегуваа, луѓето ги молеа да им ги кажуваат овие зборови и идната сабота. |
43. | Кога собирот се разотиде, многу Евреи и прозелити, кои Го почитуваа Бог, тргнаа по Павле и Барнаба, кои им зборуваа и ги уверуваа да продолжат во Божјата благодат. |
44. | Следната сабота се собра речиси целиот град да го чуе Божјото слово. |
45. | А кога Евреите ја видоа толпата, се исполнија со завист, им противречеа на Павловите зборови и хулеа. |
46. | Тогаш Павле и Барнаба им рекоа решително: "Требаше најнапред вам да ви се проповеда Божјото слово, но бидејќи вие го отфрлате од себе и не се сметате достојни за вечен живот, еве, ние им се обраќаме на неевреите, |
47. | зашто Господ ни заповеда така: 'Те поставив за светлина на неевреите, да им бидеш спасение до крајот на земјата.'" |
48. | Кога неевреите го чуја тоа, се зарадуваа и го славеа Господовото слово и поверуваа мнозина што беа определени за вечен живот. |
49. | А Господовото слово се распространуваше по целата земја. |
50. | Евреите ги поттикнаа угледните, побожните жени и градските првенци, и поттикнаа гонење против Павле и Барнаба, та ги изгонија од нивната област. |
51. | Овие го истресоа правот од своите нозе и дојдоа во Иконија. |
52. | А учениците се исполнуваа со радост и со Светиот Дух. |
← Acts (13/28) → |