← Acts (11/28) → |
1. | А апостолите и браќата во Јудеја чуја дека и неевреите го примиле Божјото слово, |
2. | и кога Петар дојде горе во Ерусалим, обрежаните се препираа со него, |
3. | велејќи: "Bлезе при необрежани луѓе и јадеше со нив!" |
4. | Тогаш Петар почна да им зборува и да им излага редум: |
5. | "Бев во градот Јопа, се молев и во занес видов видение, нешто како големо платно, што врзано на четирите краишта слегува од небото, и дојде до мене. |
6. | Кога погледнав во него и разгледав, видов во него четироножни земни животни, ѕверови, лазачи и небесни птици. |
7. | И чув глас, кој ми рече: 'Стани, Петре! Коли и јади!' |
8. | А јас реков: 'Никако, Господи, зашто ништо погано или нечисто никогаш не влегло во мојата уста.' |
9. | Тогаш гласот од небото ми рече по вторпат: 'Она што Бог го исчистил, не нарекувај го нечисто!' |
10. | Тоа се случи трипати и пак сè беше повлечено горе на небо. |
11. | И ете, во тој час, три човека испратени од Цезареја кај мене, застанаа пред куќата во којашто бев. |
12. | Тогаш Духот ми рече да одам со нив без никакво сомнение. И овие шестмина браќа дојдоа со мене и влеговме во куќата на човекот. |
13. | Тогаш тој ни раскажа како во својата куќа видел ангел, кој застанал и му рекол: 'Прати луѓе во Јопа и повикај го Симон, наречен Петар! |
14. | Тој ќе ти каже зборови, преку кои ќе бидеш спасен ти и целиот твој дом.' |
15. | И кога почнав да зборувам, Светиот Дух слезе на нив, како и на нас во почетокот. |
16. | Тогаш се сетив на Господовите зборови: 'Јован крштаваше со вода, а вие ќе бидете крстени со Светиот Дух. |
17. | И така, ако Бог им дал ист дар, кога поверуваа во Господ Исус Христос, како и нам, кој сум јас да можам да Му го забранам тоа на Бог?" |
18. | Кога го чуја тоа, се смирија и Го прославија Бог, велејќи: "Значи, Бог им даде и на неевреите покајание за живот!" |
19. | А оние, кои беа раштркани поради гонењето кое се подигна заради Стефан, поминаа сè до Веникија, Кипар и Антиох, не говорејќи никому за Словото, освен на Евреите. |
20. | А некои од нив беа Кипрани и Киријци, кои кога дојдоа во Антиох им зборуваа и на Грците, навестувајќи Го Господ Исус. |
21. | А Господовата рака беше со нив па голем број кои поверуваа се преобратија кон Господ. |
22. | Кога веста за нив дојде до ушите на црквата во Ерусалим, го испратија Барнаба во Антиох. |
23. | Откако дојде и посведочи за Божјата благодат, се зарадува и со решително срце ги охрабруваше сите да останат во Господ. |
24. | Имено, тој беше добар човек, исполнет со Светиот Дух и со вера; и големо множество се присоедини кон Господ. |
25. | Тогаш Барнаба отиде во Тарс да го побара Савле; и кога го најде, го доведе во Антиох. |
26. | И така, цела година се собираа со црквата и поучија многу народ. Првпат во Антиох учениците ги нарекоа христијани. |
27. | Bо тие денови пророци од Ерусалим слегоа во Антиох. |
28. | А еден од нив, по име Агаб, стана и објави преку Духот дека ќе има голем глад по целиот свет, каков што беше во времето на Клавдиј. |
29. | Тогаш учениците решија, секој според своите можности, да им испрати помош на браќата во Јудеја. |
30. | Така и сторија, испраќајќи им ја на старешините преку Барнаба и Савле. |
← Acts (11/28) → |