3John (1/1) |
1. | Старешината до милиот Гај, кого го љубам во вистината. |
2. | Мил мој, се молам да напредуваш во сè и во добро здравје, како што напредува и твојата душа. |
3. | Многу се зарадував кога дојдоа браќата и посведочија за твојата вистина, имено како живееш во вистината. |
4. | За мене нема поголема радост од тоа да чујам дека моите деца одат во вистината. |
5. | Мил мој, постапуваш верно во сè што правиш за браќата, а особено за туѓинците, |
6. | кои пред црквата сведочат за твојата љубов. Ќе направиш добро, ако ги испраќаш така како што е достојно пред Бога, |
7. | зашто тргнаа заради Името, не примајќи ништо од многубошците. |
8. | Затоа таквите треба да ги поддржуваме, за да станеме соработници во вистината. |
9. | Јас и пишав нешто на црквата, но Диотреф, кој сака да биде прв меѓу нив, не го прифаќа она што го велиме. |
10. | Затоа, ако дојдам, ќе потсетам за неговите дела што ги врши, напаѓајќи нè неправедно со лоши зборови; и не се задоволува со тоа, туку самиот не ги прима браќата, а на оние кои сакаат да ги примат, им забранува и ги гони од црквата. |
11. | Мил мој, не земај го за пример лошото, туку доброто. Оној кој прави добро, од Бога е, а кој прави лошо, не Го видел Бога. |
12. | За Димитриј сите сведочат добро, а и самата вистина. Ние исто така сведочиме и знаеш дека нашето сведоштво е вистинито. |
13. | Имав да ти пишувам многу, туку не сакам да ти пишувам со мастило и перо, |
14. | но се надевам дека ќе те видам наскоро, и ќе разговараме лице в лице. |
15. | Мир со тебе! Те поздравуваат пријателите! А и ти поздрави ги пријателите поименично. |
3John (1/1) |