← 2Timothy (4/4) |
1. | Те заколнувам пред Бог и Христос Исус, Кој ќе им суди на живите и на мртвите со Неговото јавување и Неговото царство: |
2. | проповедај го словото, настојувај во време и во невреме, укорувај, предупредувај, охрабрувај со сета трпеливост и со поука. |
3. | Зашто ќе дојде време кога не ќе го трпат здравото учење, туку според своите похоти ќе си насоберат учители какви што сакаат, па тие да им ги скокоткаат ушите, |
4. | и ќе ги одвратат ушите од вистината, а ќе се свртат кон приказни. |
5. | А ти биди трезвен во сè, истрпи зло, врши ја работата на евангелист и исполнувај ја својата служба докрај. |
6. | Зашто јас веќе се излеав и времето на моето заминување настапи. |
7. | Извојував добра борба, го завршив патот, ја запазив верата. |
8. | А сега натаму ми е подготвен венецот на праведноста, што ќе ми го даде во оној Ден Господ, Праведниот Судија, и не само мене, туку и на сите кои го засакаа Неговото јавување. |
9. | Погрижи се набргу да дојдеш кај мене, |
10. | зашто Димас ме остави, бидејќи го засака сегашниов свет и отиде во Солун. Крискент отиде во Галатија, а Тит во Далмација. |
11. | Само Лука е со мене. Земи го Марко и доведи го со себе, зашто ми е полезен за службата. |
12. | Тихик го пратив во Ефес. |
13. | Кога ќе дојдеш, донеси ми ја наметката што ја оставив во Троја кај Карп и свитоците, особено пергаментните! |
14. | Бакарџијата Александар ми направи голема пакост; Господ ќе му плати според неговите дела. |
15. | И ти пази се од него, зашто им се противеше многу на нашите зборови. |
16. | При мојата прва одбрана никој не беше со мене, туку сите ме оставија; нека не им се припише за зло! |
17. | Но Господ беше со мене и ми даде сила, за преку мене да се изврши навестувањето, и за да го чујат сите народи; а јас бев избавен од лавовска уста. |
18. | Господ ќе ме избави од секое зло дело и сигурно ќе ме воведе во Своето небесно царство, на кое слава Му за вечни векови. Амин! |
19. | Поздрави ги Прискила и Акила и домот на Онисифор! |
20. | Ераст остана во Коринт, а Трофим го оставив болен на Малта. |
21. | Погрижи се да дојдеш пред зимата! Те поздравуваат Еубул, Пуден, Лин, Клаудија и сите браќа. |
22. | Господ да биде со твојот дух! Благодатта да биде со вас. |
← 2Timothy (4/4) |