← 2Timothy (3/4) → |
1. | И знај го ова: во последните денови ќе настапат тешки времиња, |
2. | зашто луѓето ќе бидат себични, среброљупци, фаленичари, горделиви, пцујачи; непокорни на родителите, неблагодарни, несвети; |
3. | без љубов, непомирливи, злобни клеветници, невоздржани, свирепи, непријатели на доброто, |
4. | предавници, безобѕирни, надуени, повеќе сластољубиви отколку богољубиви, |
5. | кои имаат изглед на побожност, а се откажале од нејзината сила; а таквите одбегнувај ги! |
6. | Зашто меѓу нив има такви кои се вовлекуваат во домовите и ги мамат неразумните жени обременети со гревови, кои се водени од различни страсти, |
7. | кои постојано учат, а никогаш да дојдат до познавањето на вистината. |
8. | И како што Јаниј и Јамвриј му се спротивија на Мојсеј, така и овие и се противат на вистината, луѓе со изопачен ум, отфрлени во однос на верата. |
9. | Но нема да напредуваат веќе, зашто нивното безумие ќе се открие пред сите, како што се откри и на оние двајца. |
10. | А ти внимателно го следеше моето учење, поведението, замислата, верата, долготрпението, љубовта, истрајноста, |
11. | прогонствата, страдањата што ми се случија во Антиох, во Иконија и во Листра. Какви прогонства претрпев, а Господ ме избави од сите! |
12. | А и сите кои ќе живеат побожно во Христос Исус, ќе бидат прогонувани, |
13. | додека злите луѓе и измамниците ќе напредуваат во злото, мамејќи и бидувајќи мамени. |
14. | А ти остани во она што си го научил и во што си убеден, зашто знаеш од кого си го научил и |
15. | зашто уште од детството ги познаваш Светите Писма, кои можат да ти ја дадат мудроста која води кон спасение преку верата во Христос Исус. |
16. | Целото Писмо е од Бог вдахновено и е полезно за поучување, за прекорување, за поправање и за воспитување во праведност, |
17. | за да биде Божјиот човек совршен и подготвен за секое добро дело. |
← 2Timothy (3/4) → |