2Timothy (1/4) → |
1. | Павле, апостол на Христос Исус по Божја волја, според ветениот живот во Христос Исус, |
2. | до Тимотеј, моето мило чедо: благодат, милост и мир од Бог Таткото и Христос Исус, нашиот Господ. |
3. | Му благодарам на Бог Кому со чиста совест Му служам уште од моите прародители, спомнувајќи те постојано, ноќе и дење, во своите молитви; |
4. | а кога ќе си спомнам за твоите солзи, копнеам да те видам, да се исполнам со радост; |
5. | зашто си спомнувам за нелицемерната вера што е во тебе, која отпрвин се наоѓаше во твојата баба Лоида и во мајка ти Евникија, а уверен сум дека е и во тебе. |
6. | Затоа ти напомнувам да го разгоруваш Божјиот дар, кој е во тебе преку моето ракополагање. |
7. | Зашто Бог не ни даде дух на страшливост, туку дух на сила, љубов и воздржливост. |
8. | Затоа, не срами се од сведоштвото за нашиот Господ и од мене, затвореникот за Него, туку страдај и ти со мене за Евангелието, според силата на Бог, |
9. | Кој нè спаси и нè повика со свето призвание, не според нашите дела, туку по сопствената цел и благодат, која ни беше дадена во Христос Исус уште пред вечни времиња, |
10. | а која сега се откри преку јавувањето на нашиот Спасител Христос Исус, Кој ја укина смртта и на виделина донесе живот и бесмртност преку Евангелието, |
11. | за кое јас сум поставен како гласник, апостол и учител. |
12. | Заради тоа и го поднесувам сето ова, но не се срамам, зашто знам во Кого сум поверувал и уверен сум дека Тој може да го запази она што Му го доверив, сè до оној Ден. |
13. | Држи се за примерот на здравото слово што го имаш чуено од мене во верата и љубовта која е во Христос Исус! |
14. | Запази го доброто што ти е доверено преку Светиот Дух Кој живее во нас. |
15. | Ти го знаеш тоа, дека во Азија сите се одвратија од мене, меѓу кои се и Вигел и Ермоген. |
16. | Господ да му даде милост на домот на Онисофор, зашто повеќепати ме освежи и не се засрами од моите окови, |
17. | туку, кога дојде во Рим, грижливо ме побара и ме најде. |
18. | (да му даде Господ да најде милост пред Господа во оној Ден!) А ти, многу добро знаеш каква служба вршеше тој во Ефес. |
2Timothy (1/4) → |