← 2Thessalonians (3/3) |
1. | Најпосле, браќа, молете се за нас, та Господовото слово брзо да напредува и да се прославува како и кај вас, |
2. | а да бидеме избавени од лоши и зли луѓе, зашто сите немаат вера. |
3. | Но верен е Господ Кој ќе ве утврди и ќе ве запази од злиот. |
4. | Уверени сме во Господ, за вас, дека го вршите и дека ќе го вршите она што ви го заповедаме. |
5. | А Господ да ги насочи вашите срца кон Божјата љубов и кон Христовото трпение! |
6. | А вам ви наложуваме, браќа, во името на нашиот Господ Исус Христос, да се двоите од секој брат, кој води неуреден живот, а не по преданието што го примивте од нас. |
7. | Навистина, сами знаете како треба да нè имате за пример, зашто ние не се однесуваме неуредно меѓу вас, |
8. | ниту јадевме дарум нечиј леб, туку работевме во труд и напор, ноќе и дење, за да не му бидеме на товар некому од вас. |
9. | Не затоа што немавме право на тоа, туку за ние самите да бидеме пример што ќе го следите. |
10. | Зашто и кога бевме со вас, ви го заповедавме ова: ако некој не сака да работи, нека и не јаде! |
11. | Имено, слушаме дека некои меѓу вас живеат неуредно, ништо не работат, туку се занимаваат со празни работи. |
12. | На таквите им заповедаме и ги молиме во Господ Исус Христос: да работат со смиреност и да си го јадат својот сопствен леб. |
13. | А вие, браќа, да не се уморувате правејќи добро! |
14. | Ако пак некој не го послуша нашиот совет преку писмово, обележете го и не мешајте се со него, за да се засрами. |
15. | Но не сметајте го за непријател, туку предупредувајте го како брат. |
16. | А Самиот Господ на мирот секогаш да ви дава мир во секакви околности. Господ да биде со сите вас! |
17. | Јас, Павле, своерачно ве поздравувам; тоа е белег во секое писмо, јас така пишувам. |
18. | Благодатта на нашиот Господ Исус Христос да биде со сите вас. |
← 2Thessalonians (3/3) |