2Thessalonians (1/3) → |
1. | Павле, Силван и Тимотеј до црквата на Солунците, во Бог нашиот Татко, и Господ Исус Христос: |
2. | Благодат вам и мир од Бог нашиот Татко и Господ Исус Христос. |
3. | Должни сме секогаш да Му благодариме на Бог за вас, браќа, како што прилега, зашто вашата вера расте многу; и се умножува меѓусебната љубов на секој од вас, |
4. | така што ние самите се фалиме со вас меѓу Божјите цркви заради вашата истрајност и вера сред прогонствата и маките, што ги поднесувате. |
5. | Тоа е знак на Божјиот праведен суд, за да се сметате достојни за Божјото царство, за кое и страдате. |
6. | Зашто праведно е Бог да им возврати со мака на оние кои ве измачуваат, |
7. | а вам, на измачуваните, олеснување заедно со нас, кога ќе се јави Господ Исус од небото, со Своите силни ангели, |
8. | во пламенен оган, за да им се одмазди целосно на оние кои не Го познаваат Бог и кои не му се покоруваат на Евангелието на нашиот Господ Исус. |
9. | Таквите ќе бидат казнети со вечна погибел далеку од лицето на Господ и од славата на Неговата сила, |
10. | кога ќе дојде во оној ден, да се прослави во Своите светии и да Му се восхитуваат сите кои поверувале, зашто вие му поверувавте на нашето сведоштво. |
11. | Затоа и ние секогаш се молиме за вас, нашиот Бог да ве удостои да веповика и да исполни со моќ секоја добра волја во добрина и делото на вашата вера, |
12. | за да се прослави името на нашиот Господ Исус во вас и вие во Него, според благодатта на нашиот Бог и Господ Исус Христос. |
2Thessalonians (1/3) → |