← 2Samuel (9/24) → |
1. | И рече Давид: "Ако останал уште некој од Сауловиот дом, јас би му направил милост заради Јонатана." |
2. | Во Сауловиот дом имаше еден слуга, по има Сива; го повикаа кај Давида, и царот го праша: "Ти ли си Сива?" Тој одговори: "Јас сум твојот слуга". |
3. | и царот продолжи и рече: "Нема ли уште некој од Сауловиот дом? Би му направил милост Божја?" А Сива му одговори на царот: "Има еден Јонатанов син, кој е сакат." |
4. | Царот го праша: "Каде е тој?" Сива му одговори на царот: "Ете, тој е во куката на Махира, Амиеловиот син, во Лодевар." |
5. | Тогаш цар Давид испрати, та го зедоа од куката на Махира, Амиеловиот син, од Лодевар. |
6. | И Мемфивостеј, син на Јонатана, Саулов син, дојде при Давида, падна ничкум и му се поклони на царот. И рече Давид: "Мемфивостеј"! Тој одговори: "Еве, твој слуга сум јас." |
7. | И Давид му рече: "На плаши се; јас ке ти направам милост заради татка ти Јонатана и, ке ти ги вратам сите ниви на деда ти Саула, и ти секогаш ке јадеш леб на мојата трпеза." |
8. | Се поклони Мемфивостеј и рече: "Што е твојот слуга, та погледна милостиво на така мртов пес како мене?" |
9. | А царот го повика Сива, Сауловиот слуга, па му рече: "Се што му припа аше на Саула и на целиот негов дом, му го давам на синот на твојот господар; |
10. | обработувај ја, впрочем, за него земјата, ти, со твоите синови и твоите слуги, и донесувај ги плодовите најзини, за да има синот на господарот твој леб за исхрана; а Мемфивостеј, синот на господарот твој, секогаш ке јаде на мојата трпеза." Сива имаше петнаесет синови и дваесет слуги. |
11. | Тогаш му рече Сива на царот: "Се што му заповеда мојот господар на својот слуга, тој ке го изврши." Мемфивостеј јадеше на трпезата Давидова како еден од царските синови. |
12. | Мемфивостеј имаше малолетен син по има Миха. Сите, што живееја во куката на Сива, беа слуги на Мемфивостеј. |
13. | И Мемфивостеј живееше во Ерусалим, бидејки секогаш јадеше на царската трпеза. Тој беше сакат во обете нозе свои. |
← 2Samuel (9/24) → |