← 2Samuel (8/24) → |
1. | Потоа Давид ги порази Филистејците и ги покори; и го одзеде Давид Метег-Гама од рацете на Филистејците. |
2. | Ги порази и Моавците и ги измери со јажиња, откако ги легна на земја: измери две јажиња за убивање, едно јаже за оставање живи. И Моавците му станаа робје на Давида, му плакаа данок. |
3. | Давид го порази Адраазара, син на суваскиот цар Рехов, кога тој одеше да ја прошири власта своја при реката Еуфрат; |
4. | и зеде Давди од него иљада и седумстотини коњаници и двесте иљади пешаци; и им ги пресече Давид жилите на сите колски коњи, оставајки од нив само за сто коли. |
5. | Дојдоа Сиријци од Дамаск да му помогнат на суваскиот цар Адраазар; но Давид порази дваесет и две иљади Сиријци. |
6. | Тогаш Давид постави стража во Сирија под Дамаск, и Сиријците му станаа на Давида робови и му плакаа данок. А Господ го чуваше Давида насекаде, каде ке отидеше тој. |
7. | Потоа Давид ги зеде златните гривни, што ги носеа Адраазовите слуги, и ги донесе во Ерусалим. Нив подоцна ги зеде египетскиот цар Сусаким, кога го нападна Ерусалим, во дните на Соломоновиот син Ровоам. |
8. | А од Вет и Берот, Адраазаровите градови, цар Давид зеде многу бакар, од кој Соломон направи бакарно море, столбови, мијалници и сите садови. |
9. | Кога иматскиот цар Тоа чу, дека Давид ја поразил целата Адраазарова војска, |
10. | и Тоа го испрати синот свој Јорама при царот Давида да го поздрави и да му благодари, поради тоа што војувал против Адраазара и го поразил; бидејки Адраазар војуваше со Тоа. А во рацете Јорам имаше сребрени, златни и бакарни садови. |
11. | Цар Давид ги посвети и нив на Господа, заедно со среброто и златото, кое го посвети од она, што го беше одзеле од сите народи, кои ги беше покорил: |
12. | од Сиријците, Моавците, Амонитите, Филистејците и Амаликијците, и од она, што беше одземено од Адраазара, синот на суваскиот цар Рехов. |
13. | И Давид се прослави, вракајки се од поразот на осумнаесет иљади Сиријци во Солената долина. |
14. | Тој постави стражи во Идумеја; постави стражи по цела Идумеја; и сите Идумејци му станаа на Давида робови. И Господ го чуваше Давида, каде и да отидеше тој. |
15. | Така царуваше Давид над сите Израилци, судеше и делеше правда на сиот свој народ. |
16. | А Јоав, синот Саруев, беше војвода над војската; а Јосафат, синот Ахилудов, беше летописец; |
17. | Садок, синот Ахитувов, и Ахимелех, синот Авијатаров, беа свештеници; Сераја беше писар; |
18. | а Ванија, син Јодаев, беше заповедник над Хелетејците и Фелетејците, а Давидовите синови беа први во дворот. |
← 2Samuel (8/24) → |