← 2Samuel (7/24) → |
1. | Кога царот живееше во својот дом, и Господ го беше успокоил од сите негови околни непријатели, |
2. | тогаш царот му рече на пророкот Натан: "Ете, јас живеам во кедров дом, а Божјиот ковчег стои под шатор." |
3. | А Натан му одговори на царот: "Оди, прави се, што ти е на сеце, зашто Господ е со тебе." |
4. | Но во истата нок дојде ова слово Господово кон Натана: |
5. | "Оди, кажи му на мојот слуга Давида: Вака говори Господ: ‘Ти ли ке Ми изградиш дом, за да живеам во него, |
6. | кога Јас не сум живеел во дом, откако ги изведов синовите Израилеви од Египет, и до денес но минував во шаторот и во скинијата. |
7. | Каде и да одев со сите синови Израилеви, му кажав ли барем еден збор на некое од племињата, на кое сум му наложувал да го пасе Мојот народ Израилот: зошто не ми изградивте кедров дом?‘ |
8. | А сега, кажи му така на мојот слуга Давида: Вака вели Господ Саваот: ‘Јас те зедов од овчото стадо, за да бидеш водач на Мојот народ Израилот; |
9. | и секогаш бев со тебе, каде и да одеше, ги истребував од пред лицето твое сите твои непријатели, и го возвеличував името твое, како името на големите лу е на земјата. |
10. | Јас ке одредам место за Мојот народ, за Израилот, ке го утврдам, и тој спокојно ке живее на местото свое и нема повеке да се обеспокојува, и нечестиви лу е нема повеке да го измачуваат, како порано, |
11. | кога Јас определив судии над својот Израил; и Јас ке те успокојам од сите твои непријатели. И Господ те известува, дека Он ке ти подигне дом. |
12. | А кога ке завршат твоите дни, и ти ке починеш кај татковците свои, Јас ке го воздигнам по тебе твоето семе, што ке произлезе од твоите бедра, и ке го зацврстам царството негово. |
13. | Тој ке изгради дом на името Мое, и Јас ке го утврдам престолот на царството негово засекогаш. |
14. | Јас ке му бидам татко, и тој ке Му биде син; и ако згреши, ке го казнам со стап човечки и со удари на синови човечки; |
15. | но милоста Своја нема да ја кренам од него, како што ја кренав од Саула, кога Јас го отфрлив пред лицето твое. |
16. | И ке биде непоколеблив твојот дом и твоето царство засекогаш пред лицето Мое, и престолот твој ке остане засекогаш." |
17. | Сите овие зборови и целото тоа видение Натан му го кажа на Давида. |
18. | Тогаш отиде цар Давид, застана пред лицето на Господа, и рече: "Кој сум јас, Господи, и што е домот мој, та толку ме возвеличи! |
19. | Па и тоа дури се покажа малку во Твоите очи, Господи мој, Господи; но Ти извести уште за домот на Твојот слуга далечна иднина. Тоа е веке по човечки, Господи мој, Господи! |
20. | Што уште може да ти каже Давид? Ти го познаваш Твојот слуга, Господи мој, Господи! |
21. | Ти го правиш ова заради зборот Свој и по срцето Свое, откривајки му ги на слугата Свој сите големи работи. |
22. | Во се си голем Ти, Господи мој, Господи, зашто нема сличен на Тебе и нема Бог, освен Тебе, по се што сме слушале со ушите свои. |
23. | И кој е подобен на Твојот народ Израил, единствен народ на земјата, за кој доа ал Бог да Си го придобие за народ, да го прослави името Свое и да изврши големи и страшни чуда пред Својот народ, кој Ти си го придобил од Египтјаните, прогонувајки ги народите и боговите нивни? |
24. | И Ти го одреди за Себе Твојот народ Израилот како Свој сопствен народ засекогаш, и Ти, Господи, стана негов Бог. |
25. | А сега, Господи Боже, утврди го засекогаш зборот, што си го изрекол за Твојот слуга и за домот негов, и исполни го, она што си го изрекол. |
26. | Нека се возвеличи името Твое засекогаш, та да велат: ‘Господ Саваот е Бог над Израилот.‘ И домот на Тојот слуга Давида да биде цврст пред Твоето лице. |
27. | Бидејки Ти, Господе Саваоте, Боже Израилев, му откри на Твојот слуга, велејки: ‘Kе ти воздигнам дом‘, Твојот слуга го подготви срцето свое да Ти се моли со таа молитва. |
28. | И така, Господи мој, Господи! Ти си Бог, и Твоите зборови се неизменливи, и Ти му вети на Твојот слуга големо добро. |
29. | А сега благослови и благослови го домот на Твојот слуга, та тој да биде вечно пред Твоето лице, зашто Ти, Господи мој, Господи, го објави тоа, и со Твојот благослов домот на Твојот слуга ке стане благословен за да биде пред Тебе засекогаш." |
← 2Samuel (7/24) → |