← 2Samuel (6/24) → |
1. | Давид пак собра избрани лу е од Израилот, триесет иљади. |
2. | Па стана и тргна Давид и сиот народ, што беше со него, од Ваал Јудин, за да го пренесе оттаму Божјиот ковчег, над кој се повикува името на Господа Саваот, Кој седи на херувими. |
3. | И го поставија Божјиот ковчег на нова кола и го изнесоа од Аминадавовата кука, која беше на ридот. А синовите Аминадавови, Оза и Ахио ја водеа новата кола. |
4. | Ја поведоа со Божјиот ковчег од Аминадавовата кука, која беше на ридот; и Ахио одеше пред Ковчегот Господов. |
5. | А Давид и сите синови Израилеви свиреа пред Господа на различни свирки од кипарисово дрво, на гусли, на псалтири, на тимпани, на цитри и на кимвали. |
6. | И кога дојдоа до Нахаровото гумно, Оза посегна со раката кон Божјиот ковчег за да го придржи, и се фати за него, бидејки воловите го беа наведнале. |
7. | Но Господ се разгневи на Оза, и за дрскоста Бог го порази на истото место, и тој умре таму при Божјиот ковчег. |
8. | Давид се нажали поради тоа што Господ го порази Оза. Тоа место и до сега се нарекува Озов пораз. |
9. | Тој ден Давид се исплаши од Господа и рече: "Како ке дојде кон мене Ковчегот Господов?" |
10. | И Давид не сакаше да го пренесе Ковчегот Господов кај себе, во Давидовиот град, и го остави во куката на Гетеецот Аведар три месеци, и Господ го благослови Аведара и целиот негов дом. |
11. | И остана Ковчегот Господен во домот на гетеецот Аведар три месеци; и Господ го благослови Аведара и сиот негов дом. |
12. | Кога му јавија на цар Давида и му рекоа: "Господ го благослови Аведаровиот дом и се што е во него, поради Божјиот ковчег", Давид отиде и свечено го пренесе Божјиот ковчег од Аведаровата кука во Давидовиот град. |
13. | И штотуку оние, што го носеа ковчегот Господов, изминаа шест чекори, тој принесуваше жртва по едно јунче и по еден овен. |
14. | Давид скокаше со сета сила пред Господа, а беше облечен со ленен ефод. |
15. | Така Давид и целиот Израилев дом го носеа ковчегот Госпдов со извици и звуци од труба. |
16. | Кога Ковчегот Господов влегуваше во Давидовиот град, Мелхола, Сауловата керка, гледаше од прозорецот нејзин и, откако го виде царот Давида како скока и игра пред Господа, го презре во срцето свое. |
17. | Го донесоа Ковчегот Господов и го поставија на местото негово среде скинијата, која Давид ја беше направил за него: и Давид принесе сепаленици пред Господа и мирни жртви. |
18. | Кога Давид заврши со принесувањето сепаленици и мирни жртви, тој го благослови народот во името на Господа Саваот; |
19. | и му раздаде на сиот народ, на целото множество Израилци од Дан дури до Вирсавија, и на мажи и на жени, на секого по еден леб, по парче печено месо и по еден колач од суво грозје. Потоа сиот народ се разотиде, секој во куката своја. |
20. | Кога се врати Давид, за да го благослови домот свој, Мелхола, Сауловата керка, излезе да го пречека и му рече: "Колку се прослави денес царот Израилев, разголувајки се пред очите на слугинките од слугите свои, како што се разголува прост човек." |
21. | А Давид и одговори на Мелхола: "Пред Господа ке играм; и благословен е Господ, Кој ме претпостави пред татко ти твој и пред целиот дом негов, поставувајки ме за водач на народот Господов, Израилот; пред Господа ке свирам и ке играм; |
22. | и уште повеке ке се понизам, и уште победен ке станам пред очите свои, и при сето тоа, пред слугинките, за кои што говориш, јас ке бидам славен." |
23. | А Мелхола, Сауловата керка, остана без рожба до денот на смртта своја. |
← 2Samuel (6/24) → |