← 2Samuel (5/24) → |
1. | Тогаш сите Израилеви племиња дојдоа кај Давида во Хеврон и рекоа: "Ете, ние сме твои коски и твоја плот; |
2. | уште вчера и завчера, додека царуваше Саул над нас, ти го изведуваше и го воведуваше Израилот; и Господ ти рече: ‘Ти ке го пасеш Мојот народ, Израилот, и ти ке бидеш водач на Израилот.‘" |
3. | Тогаш сите Израилеви стерешни дојдоа кај царот во Хеврон, и царот Давид склучи со нив завет пред Господа во Хеврон; и го помазаа Давида за цар над сиот Израил. |
4. | Давид беше на триесет години, кога се зацари; тој царуваше четириесет години. |
5. | Во Хеврон царуваше над Јуда седум години и шест месеци, а во Ерусалим царуваше триесет и три години над целиот Израил и над Јуда. |
6. | Царот тргна за Ерусалим заедно со лу ето свои против Евусејците, жители од оној крај; но тие му велеа на Давида: "Ти нема да влезеш тука; слепите и сакатите ке те избркаат", - тоа значеше: Давид нема да влезе тука. |
7. | Но Давид ја презеде тврдината Сион: Тоа е Давидовиот град. |
8. | Тој ден Давид рече: "Секој, убивајки Евусејци, нека поразува со копје и сакати и слепи, што ја мразат душата Давидова." Затоа и се вели: "Слеп и сакат нема да влезе во домот Господов." |
9. | И Давид се насели во тврдината, и ја нарече Давидов град, и изгради наоколу sид од крајот, па се до внатре. |
10. | И Давид напредуваше и се воздигаше, и Господ Бог Саваот беше со него. |
11. | Тирскиот цар Хирам испрати при Давида пратеници и кедрово дрво, дрводелци и каменоделци, и тие му изградина на Давида дом. |
12. | Давид разбра, дека Господ го одредил за цар над Израилот и го воздигнал царството негово заради Својот народ, Израилот. |
13. | Давид си зеде уште наложници и жени од Ерусалим, откако дојде од Хеврон. |
14. | И му се родија на Давида уште синови и керки. Еве ги имињата на оние, што му се родија во Ерусалим: Самус, Совав, Натан и Соломон, |
15. | Евеар, Елисуа, Нафек, и Јафија, |
16. | Елисама, Елидае, и Елифалет, Самае, Јосиват, Натан, Галиман, Еваар, Теисус, Елифалат, Нагев, Нафек, Јонатан, Леасамис, Валимат и Елифат. |
17. | Кога Филистејците слушнаа, дека Давид е помазан за цар на Израилот, сите Филистејци се кренаа да го бараат Давида. Давид чу и отиде во тврдината. |
18. | А Филистејците дојдоа и се сместија во Рефаимската долина. |
19. | И Давид го запраша Господа, велејки: "Да одам ли против Филистејците? Kе ги предадеш ли во рацете мои?" А Господ му одговори на Давида: "Оди, зашто Јас ке ги предадам Филистејците во рацете твои." |
20. | Тогаш Давид отиде во Ваал - Перасим и таму ги порази, и рече Давид: ‘Господ ги однесе пред мене непријателите мои, како вода што однесува.‘ Поради тоа и она место се нарече Ваал - Перасим. |
21. | Таму Филистејците ги оставија идолите свои, а Давид со лу ето свои ги зеде и заповеда да ги изгорат со оган. |
22. | Филистејците, пак, дојдоа и се улогорија во Рефаимската долина. |
23. | А Давид Го праша Господа: "Да одам ли против Филистејците, и ке ги предадеш ли во рацете мои?" Господ му одговори: "Немој да им излегуваш во пресрет, туку заобиколи ги одзади и нападни ги откај горичката на црници. |
24. | Кога ке чуеш шум како да минува некој по врвовите на црниците, тогаш појди, зашто тогаш Господ тргнал пред тебе, за да ја порази филистејската војска." |
25. | Давид направи како што му заповеда Господ, и ги порази Филистејците од Гаваја до Гезер. |
← 2Samuel (5/24) → |