← 2Samuel (4/24) → |
1. | Сауловиот син Јевостеј, откако чу, дека Авенир умрел во Хеврон, му отпаднаа рацете, и целиот Израил се збуни. |
2. | Сауловиот син имаше двајца воени началници; едниот се викаше Вана, а другиот - Рихав, синови на Вееротеецот Ремон, од Венијаминовите потомци, бидејки и Веерот се вбројуваше кон Венијамина. |
3. | И Вееротците избегаа во Гитаим и таму останаа како придојдени до денес. |
4. | Јонатан, Сауловиот син, имаше син куц. Синот беше на пет години, кога од Израил дојде известување за Саула и Јонатана, а хранителката, откако го зела, избегала. Бидејки таа бегала брзо, тој паднал и останал сакат. Името му беше Мемфивостеј. |
5. | И синовите на Вееротеецот Ремон, Рихав и Вана, тргнаа и стигнаа по најголемата дневна горештина до куката на Јевостеј, којшто спиеше попладне во леглото свое. |
6. | А вратарот на куката, кој чистеше пченица, беше задремал и заспал; Рихав и братот негов Вана влегоа во куката, оа да земат пченица, го прободоа во стомахот и избегаа. |
7. | Кога тие влегоа во куката, Јевостеј лежеше на леглото свое, во својата спална; тие го удрија и го убија; ја пресекоа главата негова, ја зедоа со себе и цела нок одеа по пустињскиот пат; |
8. | му ја донесоа на Давида во Хеврон Јевостеевата глава и му рекоа на царот: "Еве ја главата на Јевостеј, синот на Сула, твојот непријател, којшто ја бараше душата твоја; сега Господ се одмазди за мојот господар - царот Саула (твојот непријател) и на потомството негово. |
9. | Давид му одговори на Рихава и на братот негов Вана, синови на Вееротеецот Темон, и им рече: "Жив е Господ, Кој ја спаси душата моја од секаква жалост! |
10. | Ако тогаш, којшто ми донесе известување, велејки: "Ете, умре Саул и Јонатан", и којшто се мислеше за радосен известител, јас го фатив и го убив во Секелаг, неместо да му дадам награда, |
11. | тоа сега, кога невредници убија невин човек во куката негова, во неговото легло, зар нема да ја побарам крвта негова од вашата рака и нема да ве истребам од земјата?" |
12. | И Давид им заповеда на слугите, и тие ги убија, им ги пресекоа рацете и нозете нивни и ги обесија крај базенот за вода во Хеврон. А Јевостеевата глава ја зедоа и ја погребаа во гробот на Авенир во Хеврон. |
← 2Samuel (4/24) → |