← 2Samuel (3/24) → |
1. | Борбата ме у Сауловиот дом и Давидовиот дом траеше долго. Давид се повеке се засилуваше, а Сауловиот дом се повеке ослабнуваше. |
2. | На Давида му се родија синови шест во Хеврон. Првороден му беше Амион од Израелката Аиноама, |
3. | а вториот син му беше Далуја од Кармелитката Авигеја, бивша Навалова жена; третиот - Авесалом, син на Мелха, керка на Толми, гесурскиот цар; |
4. | четвртиот - Адонија, син на Агита; петтиот Сафатија, син Авиталинов; |
5. | шестиот Јетерам од Егла, Давидова жена. Тие му се родија на Давида во Хеврон. |
6. | И додека траеше борбата ме у Сауловиот дом и Давидовиот дом, Авенир го поддржуваше Сауловиот дом. |
7. | Саул имаше наложница, по име Рисфа, керка на Аја. И Авенир влезе при неа. И му кажа Јевостеј на Авенира: "Зошто влезе при татковата ми наложница?" |
8. | Авенир многу се налути од зборовите на Јевостеја и рече: "Зар сум јас песја глава? Јас денес направив милост кон домот на татко ти Саула, кон браката негови и пријателите нагови против Јуда, и не те предадов во рацете на Давида, а ти сега заради една жена бараш во мене грев! |
9. | Господ нека му напраи тоа и тоа на Авенира, и уште повеке да му додаде! Како што Господ му се заколна на Давида, така и нека направи денес за него: |
10. | Нека се одземе царството од Сауловиот дом и да се постави Давид на престолот над Израилот и над Јуда, од Дан до Вирсавија." |
11. | И Јевостеј не можеше ништо повеке да му одговори на Авенира, бидејки се плашеше од него. |
12. | А Авенир испрати од своја страна пратеници до Давида во Хеврон, каде што се нао аше, да кажат: "Чија е оваа земја?" и да му кажат уште: "Склучи сојуз до мене, и раката моја ке биде со тебе, за да го свртам кон тебе сиот израилски народ." |
13. | Давид му одговори: "Добро, ке склучам со тебе сојуз, само за едно те молам, односно - ти нема да го видиш лиицето мое, ако не ја доведеш со себе Мелхола, Сауловата керка, кога ке дојдеш да се видиш со мене." |
14. | Тогаш Давид испрати пратеници до Јевостеја, Сауловиот син, да му кажат: "Врати ја жена ми Мелхола, која ја добив за сто филистејски краеобрезоци." |
15. | Тогаш Јевостеј испрати, та ја зеде од мажот нејзин Фалтија, Лаишев син. |
16. | Со неа тргна и мажот нејзин и со плачење ја придружи до Бахурим; но Авенир му рече: "Врати се!" И тој се врати. |
17. | Авенир се обрна кон старешините Израилеви, велејки: "И вчера и завчера вие сакавте Давид да ви биде цар; |
18. | направете го тоа сега, зашто Господ му рекол на Давида: "Преку раката на Мојот слуга Давида ке го спасам народот свој Израил од раката на Филистејците и од раката на сите непријатели негови." |
19. | Истото им го говореше Авенир и на Венијаминовците. И отиде Авенир во Хеврон, за да му јави на Давида се, што сака Израил и целиот Венијаминов дом. |
20. | Авенир дојде при Давида во Хеврон и заедно со него дваесет мажи, а Давид ги нагости Авенира и лу ето, што беа со него. |
21. | Авенир му рече на Давида: "Kе станам и ке одам да го соберам околу господарот свој сиот израилски народ, и тие ке стапат во завет со тебе, и ти ке царуваш над сите, како што сака душата твоја." Тогаш го отпушти Авенира, и тој си отиде со мир. |
22. | И ете, Давидовите слуги задно со Јоава се вратија од походот и донесоа со себе голем плен; но Авенира го немаше веке при Давида во Хеврон, зашто Давид го беше испратил, и тој си беше отишол со мир. |
23. | Кога Јоав и сета војска, што беше одела со него, дојдоа, му раскажаа на Јоава: доа аше Авенир, Нировиот син, при царот, и тој го испрати, и тој си отиде со мир. |
24. | И Јоав дојде при царот и рече: "Што си направил? Ете, Авенир доа ал при тебе, зошто си го испратил и тој си отишол? |
25. | Ти го знаеше Авенира, Нировиот син: тој доа а да те излаже, да дознае, каде влегуваш и каде излегуваш, и да извиди се што вршиш." |
26. | Јоав излезе од Давида и испрати брзоотци по Авенира; и тие го вратија од кладенецот Сира, без да знае Давид. |
27. | Кога Авенир се врати во Хеврон, Јоав го одведе внатре зад вратата, божем ке зборува со него тајно, и таму го прободе во стомакот. И Авенир умре за крвта на Асаила, Јоавовиот брат. |
28. | Подоцна, кога чу Давид за тоа, рече: "Не сум виновен јас ниту царството мое пред Господа засекогаш за крвта на Авенира, Нировиот син; |
29. | нека падне таа врз главата на Јоава и врз целиот негов татков дом; во домот на Јоава секогаш нека има човек со семетечение, или лепрозен, или што се потпира на стап, или кој па а од меч, или кој има потреба од леб." |
30. | А Јоав и братот негов Авес го убија Авенира, поради тоа што тој го уби братот нивни Асаил во битката при Гаваон. |
31. | И Давид му рече на Јоава и на сите лу е, што беа со него: "Раскинете ги алиштата свои и облечете се во врекишта и оплакувајте го Авенира." И царот Давид одеше по носилката негова. |
32. | Кога го погребаа Авенира во Хеврон, царот плачеше со висок глас над Авенировиот гроб; плачеше и сиот народ. |
33. | И царот го оплака Авенира, со оваа тажачка: "Зар како безумник требаше да умре Авенир? |
34. | Рацете твои не беа врзани, нозете твои не беа оковани; и ти падна, како што па аат од разбојници." Тогаш целиот народ почна уште повеке да го оплакува. |
35. | Тогаш сиот народ дојде да му поднесе на Давида леб, додека уште не беше се стемнило, но Давид се заколна, велејки: "Нека ми напарви Бог тоа и тоа и уште повеке да ми направи, ако каснам леб или нешто друго до зајдисонце." |
36. | И целиот народ дозна за тоа, и тоа му се допадна, и се што правеше царот, му се допа аше на сиот народ. |
37. | Тој ден целиот народ и сите Израилци дознаа, дека убиството на Авенира, Нировиот син, не станало од царот. |
38. | Тогаш царот им рече на слугите свои: "Знаете ли, дека денес еден водач и голем маж падна во Израилот? |
39. | Јас сум сега уште слаб, иако сум помазан за цар, а тие лу е, Саруевите синови, се посилни од мене; но на оној, кој што прави зло, Господ да му врати според злобата негова." |
← 2Samuel (3/24) → |