← 2Samuel (24/24) |
1. | Гневот Господов пак се разгори против Израилците и го поттикна ме у нив Давида да рече: "Оди, преброј го Израилот и Јуда." |
2. | И царот му кажа на војводата Јоав, кој беше при него: "Обиколи ги сите племиња Израилеви и Јудини од Дав до Вирсавија, и пребројте го народот, за да знам, колку народ има." |
3. | Јоав му рече на царот: "Господ, Бог твој, да го умножи народот толку, колку што е, и уште стократно толку, и очите на господарот мој царот да го видат тоа; но зошто мојот цар - господар го бара тоа сега?" |
4. | Но царскиот збор кон Јоава и воените началници надвладеа. И Јоава заедно со воените началници излезе од царот да го поребројува Израилскиот народ, |
5. | Тие го минаа Јордан и се здржаа во Ароир, десно од градот, што е среде долината Гад и Елиезер, |
6. | и дојдоа во Галад и во земјата Тахтим - Ходиш; и стигнаа во Гавастан и Истан и го заобиколија Сидон; |
7. | дојдоа во Тирската тврдина и во сите хевејски и хананејски градови, излегоа на југ од Јудеја, во Вирсавија, |
8. | ја обиколија целата земја и стигнаа во Ерусалим по девет месеци и дваесет дена. |
9. | Јоав му го предаде на царот списокот за народното пребројување; и излезе, дека Израилци имаше осумстотини иљади мажи, силни, способни за војна, а Јудејци - петстотини иљади. |
10. | И откако Давид го преброи народот, срцето му затрепка. И му рече Давид на Господа: "Тешко згрешив, што постапив така; и сега Ти се молам, Господи, прости му го гревот на Твојот слуга, зашто јас постапив многу неразумно." |
11. | Кога Давид стана на другиот ден изутрина, би слово Господово кон пророкот Гад, Давидов јасновидец: |
12. | "Оди и кажи му на Давида: вака вели Господ: три казни ти предлагам; одбери се една од нив, што ке се исполни над тебе." |
13. | И дојди Гад при Давида, му соопшти и рече: "Одбери си, глад ли да биде во земјата твоја седум години, или три месеци да бегаш од непријателите свои, и тие да те гонат, или, пак, три дни да владее помор во твојата земја? Сега размисли и реши, што да Му одговорам на Оној, Кој ме испрати." |
14. | Давид му одговори на Гад: "Многу ми е тешко; но нека паднам во рацете на Господа, зашто големо е Неговото милосрдие; само да не паднам во човечки раце." И Давид избра помор во времето на пченичната жетва. |
15. | И испрати Господ помор врз Израилците од утрината до определеното време. И помор почна во народот и умреа од народот, од Дан до Вирсавија, седумдесет иљади души. |
16. | И Ангел Божји ја испружи раката своја над Ерусалим, за да го опустоши; но Господ се покаја за злото и му кажа на Ангелот, кој го поразуваше народот: "Доста, сега спушти ја раката своја." А Божјиот Ангел тогаш беше при гумното на Евусеецот Орна. |
17. | Кога Давид го виде Ангелот, кој што го поразуваше народот, Му рече на Господа, велејки: "Ете, јас згрешив, јас пастирот постапив беззаконо; но овие овци што направиле? Затоа Твојата рака нека се сврти против мене и против татковиот ми дом." |
18. | И во тој ден дојде Гад при Давида и рече: "Оди изгради му жртваник на Господа врз гумното на Евусеецот Орна." |
19. | Тогаш Давид отиде според зборот на продокот Гад, како што беше заповедал Господ. |
20. | Орна погледна и виде, дека царот и слугите негови доа аат при него; излезе Орна и му се поклони на царот ничкум до земја. |
21. | Орна праша: "Зошто дошол мојот цар - господар при својот слуга?" Давид му одговори "Да го купам од тебе гумното, за да изградам жртвеник на Господа, та да престане поморот во народот." |
22. | Орна му рече на Давида: "Господарот мој, царот, нека земе и принесе жртва што му е по воља. Ете, воловите за сепаленица, и колата и уредите за впрегнување на воловите - за дрва. |
23. | Сето тоа, царе, Орна му го дава на царот." Орна му кажа уште на царот: "Господ, твојот Бог, нека биде милостив кон тебе!" |
24. | Но царот му рече на Орна: "Не, јас ке ти платам, колку што чини, и нема да му принесам на Господа, мојот Бог, жртва, земена како дар." И Давид го купи гумното и воловите за педесет сикли сребро. |
25. | Давид изгради таму жртвеник на Господа и принесе сепаленици и мирни жртви. Подоцна Соломон го прошири жртвеникот, бидејки беше мал. И Госопод се смилостиви над земјата и поморот кај Израилците престана. |
← 2Samuel (24/24) |