← 2Samuel (23/24) → |
1. | Еве ги последните Давидови зборови, словото на Јесеевиот син Давида, беседата на оној маж, кој е високо поставен, на помазаникот на Бога Јаковов и на слаткопевецот Израилев: |
2. | "Духот Господов говори во мене, и словото Негово е на јазикот мој. |
3. | Рече Бог Израилев, говори за мене карпата Израилева: Оној, што господари со лу ето, нека биде праведен, да господари со страв Божји. |
4. | И како што изутрина на разденување, при изгрејсонце на безоблачно небо, од греењето по дожд изразнува од земјата трева, |
5. | така е и со мојот дом во Бога. Зашто Он склучи со мене завет вечен, цврст и неизменлив. Така излегува од Него сето мое спасение и сета моја желба. |
6. | А нечестивите ке бидат како исфрлено трње, кое не се фака со рака; |
7. | но кој сака да се допре до него, се вооружува со железо или со дрво од копје, и на местото во оган го изгорува." |
8. | Еве ги имињата на јунаците Давидови: Хананеецот Евостеј, главен ме у тројцата: тој го крена копјето свое против осумстотини души и ги порази наеднаш. |
9. | По него беше Елеазар, син од братот на татка му, еден од тројцата јунаци што беа со Давида и кои со префрлувања ги предизвикуваа Филистејците, кога тие се беа собрале да војуваат. |
10. | Израилците излегоа против нив, и тој застана и ги поразуваше Филистејците дотаму, додека му се измори раката и се прилепи до мечот. И во тој ден Господ даде голема победа, и народот тргна по него, само за да ги собира убиените. |
11. | По него - Сама, син на Харовитецот Агеј. Кога Филистејците се собраа во Тирија, каде што имаше нива засеана со лека, народот избега од Филистејците, |
12. | но тој застана среде нивата и ја заштити и ги порази Филистејците. И тогаш Господ даде голема победа. |
13. | Тие тројца главни ме у триесетте војводи отидоа и влегоа по жетва при Давида во Одоламската пештера, кога филистејските војници стоеја во долината на Рефаим. |
14. | Тогаш Давид беше во укрепено место, а филистејската војска во Витлеем. |
15. | Давид побара да пие и рече: "Кој ке ми донесе да пијам вода од Витлеемскиот кладенец, што е при портите?" |
16. | Тогаш тие тројцата јунаци се провреа низ Филистејскиот логор, зафатија вода од Витлеемскиот кладенец, што е при портите, и зедоа, па му донесоа на Давида. Но тој не сакаше да ја пие, туку ја излеа во слава на Господа, |
17. | и рече: "Да ме чува Господ да го направам тоа! Не е ли тоа крв на лу ето, што одеа, со опасност по животот свој?" И не сакаше да пие. Ете што извршија тие тројца јунаци! |
18. | А Авеса, братот на Саруевиот син Јоав, беше главен ме у тројцата; тој уби со копјето свое триста души и се прослави ме у тие тројца. |
19. | Ме у тројцата тој беше највиден и им стана началник, но на оние тројца не им беше рамен. |
20. | Ванеја, син на храбиот маж Јодаја, од Кавсаил, голем по делата, ги порази двајцата синови на Ариила Моавски; тој истиот слезе во еден ров и уби лав по снежно време; |
21. | тој уби и еден Египтјанин, виден човек; Египтјанинот имаше во раката копје, а тој излезе против него со стап и го грабна копјето од раката на Египтјанинот и го уби со неговото копје, - |
22. | ете, тоа го изврши Јодаевиот син Ванеја, и беше славен ме у тројцата јунаци; |
23. | тој беше повиден од триесетте, на оние тројца не им беше рамен. И Давид го постави за најблизок извршител на заповедите свои. |
24. | Еве ги имињата на силните при царот Давида: Асаил, братот на Јоава - во бројот на триесетте; Елхаанан, синот на Додо, од Витлеем, |
25. | Сама Харотитецот, Елика Харотитецот, |
26. | Хелис Келотицот, Ира, синот на Екиса, |
27. | Авиезер Анатотецот, Савукеј од Асотит, |
28. | Елаон Неотитски, Махарај Нетофатецот, |
29. | Хелев Нетофатецот, син Ванин, Итај, син на Ривеја од синовите Венијаминови во Гива, |
30. | Ванеас Фаратоитски, Идај од Нахле-Гааш. |
31. | Ави-Албои Арбатитецот, Азмавет Бархумитецот, |
32. | Елихајба Шалбонецот; од синовите на Јашена - Јонатан, |
33. | Сама Арарарин, Ахијам, син Сараров, |
34. | Елифелет, син Асвезов, син на Маахатинец, Елијам Гилонецот, син на Ахитофела, |
35. | Серај Кармелитец, Фареј Арбитец, |
36. | Игал, Натанов син - од Сова, Вани од Гад, |
37. | Селек Амониецот, Нахареј Беротецот, оруженосец на Јоава, Саруев син, |
38. | Ирас Етирски, Гарев Јетрејски, |
39. | Урија Гетејски. Се - триесет и седум. |
← 2Samuel (23/24) → |