← 2Samuel (22/24) → |
1. | И Давид испеа песна за Господа во денот, кога Господ го спаси од раката на сите непријатели негови и од раката на Саула, велејки: |
2. | "Господ е мојата тврдина, моја крепост и мој спасител. |
3. | Мојот Бог е моја карпа; на Него се надевам; мој штит, рог на моето спасение, моја заштита и мое прибежиште; Спасителе мој, Ти ме спаси од непријатели. |
4. | Kе го призовам сефалениот Господ и од непријателите мои ке се спасам. |
5. | Бранови на смртта ме прегрнаа, и потоци од беззаконија ме исплашија; |
6. | веригите на пеколот ме обвиткаа, и стапици на смртта ме обмотаа. |
7. | Но во притеснувањето свое го призвав Господа и повикав кон мојот Бог, и Он го чу од Својот свет дворец гласот мој, и повикот мој стигна до ушите Негови. |
8. | Се затресе, се разниша земјата, затреперија и се поместија основите небески, зашто се разгневи Господ на нив. |
9. | Се крена дим од гневот Негов, и уривачки оган од устата Негова; жив јаглен се сипеше од Него. |
10. | Он ги наведна небесата и слезе; и мрак беше по нозете Негови; |
11. | седна на херувимите, летна и се понесе на ветрови крила; |
12. | и со мрак се покри како со шатор, згуснувајки ги водите на облаците небески; |
13. | од болскотот пред Него се усвитуваа огнени јаглени. |
14. | Загрме Господ од небесата, и Севишниот го пушти Својот глас; |
15. | пушти стрели свои и ги распрсна; болсна со секавица и ги истреби. |
16. | Се открија изворите морски, се покажаа основите на вселената од страшниот глас на Господа, од дувањето на духот на Неговиот гнев. |
17. | Он подаде рака од височините, ме фати и ме извлече од големите води; |
18. | Ме спаси од силниот непријател мој, од оние, што ме мразеа, што беа посилни од мене. |
19. | Тие станаа против мене во денот на мојата невоља; но Господ ми беше потслон, |
20. | и ме изведе на широко место, ме спаси, зашто Он благоволи кон мене. |
21. | Ми воздаде Господ според мојата правда, ме награди според чистотата на рацете мои. |
22. | Зашто јас ги пазев патиштата Господови и не бев нечестив пред мојот Бог, |
23. | бидејки сите заповеди Негови се пред мене, и од заповедите Негови не отстапував, |
24. | бев непорочен пред Него и внимавав да не згрешам. |
25. | И Господ ми воздаде според мојата правда, според чистотата моја пред Неговите очи. |
26. | Со милостивиот Ти постапуваш милостиво, со искрениот маж, - искрено, |
27. | со чистиот - чисто, а со лукавиот - според лукавството негово. |
28. | Ти ги спасуваш угнетените и со погледот Свој ги уништуваш горделивите. |
29. | Ти си Господ, светило мое; Господ ја просветлува мојата темнина. |
30. | Со Тебе победувам војска; со мојот Бог прескокнувам sид. |
31. | Бог! непорочен е Неговиот пат, чисто е словото Негово; Он е штит за сите, што се надеваат на Него, |
32. | зашто, кој е Бог, освен Господа, и кој е сила, што се надеваат на Него, |
33. | Бог ме препаша со сила, ми подготвува чист пат. |
34. | Ми ги прави нозете како на елен, и ме поставува на висини; |
35. | ги учи рацете мои на борба, и ги напрегнува мускулите мои како бакарен лак. |
36. | Ти ми го даваш штитот на Твоето спасение, и Твојата милост ме возвеличува. |
37. | Ти ги зголемуваш чекорите мои под мене, и моите нозе не се нишаат. |
38. | Јас ги гонам непријателите мои и ги истребувам, и не се вракам додека не ги уништам; |
39. | ги истребувам и ги поразувам, и тие не стануваат, а па аат по нозете мои. |
40. | Ти ме препашуваш со сила за бој и ги кутнуваш пред мене оние што станале против мене; |
41. | Ти го свртуваш кон мене грбот на моите непријатели, и јас ги истребувам оние, што ме мразат. |
42. | Тие викаат, но нема кој да ги спаси, - кон Господа, но Он не ги слуша. |
43. | Ги тријам како прав земен, како улична кал ги размачкувам и ги газам. |
44. | Ти ме спаси од побуната на мојот народ; Ти ме зачува, за да бидам глава над другородците; народ, што не го познавав, ми слугува. |
45. | Другородците ми ласкаат; штом ке чујат за мене, ми се покоруваат. |
46. | Другородците бледнеат и треперат во своите тврдини. |
47. | Жив е Господ и благословен е мојот заштитник! Нека се превознесува Бог, прибежиште на моето спасение, |
48. | Бог, Кој одмаздува за мене, Кој ми ги покорува народите |
49. | и Кој ме спасува од непријателите мои! Над оние, што стануваа против мене, Ти ме воздигна; Ти ме избави од жестокиот човек. |
50. | Затоа ке Те превознесувам Тебе, Господи, ме у незнабошците и ке го воспевам името Твое. - |
51. | Тебе, Кој славно го спасуваш Својот цар и му правиш милост на помазаникот Свој Давида и на потомството негово засекогаш." |
← 2Samuel (22/24) → |