← 2Samuel (20/24) → |
1. | Случајно таму се нао аше еден лош човек, по име Савеј, син Вохоров, тај затруби со труба и рече: "За нас нема дел со Давида и нема за нас наследство со Јесеевиот син; Израилци, сите во шаторите!" |
2. | И сите Израилци се одделија од Давида и отидоа по Савеј, синот Вохоров, а Јудејците останаа од страната на царот свој, од Јордан до Ерусалим. |
3. | Давид дојде во домот свој во Ерусалим; и ги зеде царот десетте жени наложници, што беше ги оставил да ја чуваат куката; ги смести во одделна кука под надзор; ги хранеше, но не одеше при нив. И тие престојуваа таму се до смртта своја и живееја таму како вдовици. |
4. | А Давид му рече на Амесај: "Свикај ги за три дни Јудејците при мене и ти самиот дојди тука!" |
5. | И Амесај отиде да ги свика Јудејците, но се задржа повеке од одреденото време. |
6. | Тогаш Давид му рече на Авесаја: "Вохоровиот син Савеј сега ке ви донесе повеке зло, отколку Авесалом; земи ги слугите на господарот свој и следи го, да не би да најде утврдени градови и да се сокрие од очите наши." |
7. | И излегоа по него Јоавовите лу е, и Хелетејците и Фелетејците, и сите јунаци тргнаа од Ерусалим да го прогонуваат Вохоровиот син Савеј. |
8. | А кога се доближија до големиот камен, што е при Гаваон, ги сретна Амесај. Јоав беше облечен во воената облека своја и препашан со меч, кој висеше на колкот во ножница и кој лесно се вадеше од неа и влегуваше. |
9. | Јоав му рече на Амесаја: "Здрав ли си, брате?" Јоав ја фати со десната рака своја брадата на Амесаја, за да го бакне. |
10. | Амесај, бидејки не се претпази од мечот, што беше во раката на Јоава, и тој го прободе со него во стомакот, така што внатрешнината му се истури на земја, а не го удри по вторпат, и тој умре. Јоав и братот негов Авеса го подгонија Савеја, Вохоровиот син. |
11. | Еден од Јоавовите слуги стоеше над Авесаја и велеше: "Кој му е верен на Јоава и кој е за Давида, нека оди по Јоава! |
12. | А умрениот Амесај лежеше во крвта среде патот. И тој човек, гледајки, дека сите лу е се запираат над него, го одвлече Амесаја од патот во полето и стави врз него облека, бидејки виде, оти секој, што минуваше, се запираше над него. |
13. | Но кога тој беше одвлечен од патот, сиот народ Израилев тргна по Јоава да го гони Савеја, Вохоровиот син. |
14. | А тој мина низ сите Израилски племиња до Авел и Вет-Мах и преку целиот Берим; и сите жители од градовите се собираа и одеа по него. |
15. | И дојдоа и го опсадија Авел и Вет-Мах; издигнаа насип пред градот, се приближија до sидот, и сите лу е што беа со Јоава, напнаа да го соборат sидот. |
16. | Тогаш една умна жена изника од градскиот sид: "Чујте, чујте, кажете му на Јоава да дојде ваму, и јас ке поразговарам со него." |
17. | Јоав се приближи до неа, и жената праша: "Ти ли си Јоав?" И тој одговори: "Јас сум." Таа рече: "Чуј ги зборовите на слугинката твоја." А тој одговори: "Слушам". |
18. | Таа рече: "Едно време велеа: кој сака да праша, нека праша во Авел; и така го решаваа делото. Има ли уште такви, кои се решиле да останат верни Израилци? Нека прашаат во Авел, има ли уште? |
19. | Јас сум од мирните, верни градови израилски, а ти сакаш да го сосипеш градот, и тоа мајката (на градовите) во Израилот. Зошто да го разурнуваш наследството Господово?" |
20. | Јоав одговори и рече: "Далеку е од мене да сосипувам или да разурнувам! |
21. | Тоа не е така; но еден човек од Ефремовата гора, по име Савеј, синот Вохоров, крена рака против царот Давида; само него дајте ми го, и јас ке отстапам од градот". А жената му рече на Јоава: "Еве, неговата глава ке ти биде фрлена од sидот." |
22. | Жената отиде пред сиот народ со умните зборови свои и му зборуваше на целиот град да му ја пресечат главата на Савеј, Вохоровиот син. И му ја пресекоа главата на Савеј, Вохоровиот син, и му ја фрлија на Јоава. Тогаш Јоав затруби со труба, и сите лу е се разотидоа од градот по шаторите свои; а Јоав се врати во Ерусалим при царот. |
23. | Јоав беше поставен над сета израилска војска, додека Ванеја, Јодаевиот син, над Хелетејците и над Фелетејците; |
24. | Адорам - над даноците; Јосафат, Ахилудовиот син, - за летописец; |
25. | Суса - за писар; Садок и Авијатар - за свештеници; |
26. | исто така и Ирас Јаирецот беше свештеник при Давида. |
← 2Samuel (20/24) → |