← 2Samuel (2/24) → |
1. | Потоа ДАвид Го праша Господа, велејки: "Да отидам ли во некој од Јудините градови?" И Господ му рече: "Оди." Давид пак праша: "Каде да одам?" И Он му рече: "Оди во Хеврон." |
2. | И Давид отиде таму со двете жени свои: Израелката Ахиноама и Камелитката Авигеја, бивша Навалова жена. |
3. | Давид ги одведе и лу ето, што беа со него, секој со челадта своја, и се населија во градот Хеврон. |
4. | И дојдоа мажите Јудини и таму го помазаа Давида за цар над Јудиниот дом. Тогаш му јавија на Давида, дека жителите од Јавис Галадски го погребале Саула. |
5. | И Давид испрати претеници до жителите на Јавис Галадски да им кажат: "Благословени да сте пред Господа, поради тоа што ја направивте таа милост на господарот свој Саула, помазаникот Господов, и што сте го погребале и синот негов Јонатана; |
6. | и Господ нека ве награди со милост и вистина; и јас ке ви направам добро, поради тоа што го направивте вие ова. |
7. | А сега нека се зацврстат рацете ваши и бидете храбри, зашто господарот ваш Саул умре, и домот Јудин ме помаза мене за цар над себеси." |
8. | Но Авенир, Нировиот син и војвода над Сауловата војска, го зеде Јевостеја, Сауловиот син, го одведе во Маханаим, |
9. | и го постави за цар над Галад, Ашур и Језраел, над Ефрема и Венијамина и над сиот Израил. |
10. | А Јевостеј, Сауловиот син, беше на четириесет години, кога се зацари над Израилот, и царуваше две години. Само Јудиниот дом остана со Давида. |
11. | Сето време, во кое Давид царуваше во Хеврон над Јудиниот дом, беше седум години и шест месеци. |
12. | Потоа отиде Авенир, Нировиот син, и слугите на Сауловиот син Јевостеј, од Маханаим во Гаваон. |
13. | Излезе и Јоав, синот Саруев, со Давидовите слуги и се сретнаа при Гаваонскиот поток, и застанаа еден од едната страна на потокот, а другиот - од другата страна на потокот. |
14. | А Авенир му рече на Јоава: "Нека станат момците и нека се борат пред нас." И Јоав рече: "Нека станат." |
15. | И станаа, та отидоа дванаесет Венијаминци од страната на Јевостеја, Сауловиот син, и дванаесетте Давидови слуги. |
16. | И тие се фатија еден со друг за главите, си забија еден на друг меч во слабините и паднаа заедно. И тоа место беше наречено Хелкат-Хасурим, кое е во Гаваон. |
17. | И во оној ден стана многу жестока борба, а Авенир со Израилските лу е беше победен од Давидовите слуги. |
18. | Таму беа тројца синови Саруеви: Јоав, Авеса и Асаил. А Асаил беше со лесни нозе, како срна во полето. |
19. | Асаил почна да го гони Авенира и го гонеше, а да не скршнува ни десно, ни лево од стапките на Авенира. |
20. | Авенир се сврте назад и рече: "Ти ли си, Асаиле?" Тој одговори: "Јас сум." |
21. | И Авенир му рече: "Скршни десно или лево, избери си еден од момците и земи го неговото оружје." Но Асаил не сакаше да го остави. |
22. | И Авенир повторно му рече на Асаила: "Остави ме, да не те соборам на земја; со какво лице тогаш ке се јавам пред братот твој Јоава?" |
23. | Но оној не сакаше да отстапи. Тогаш Авенир го сврти копјето и го прободе во стомахот; копјето мина низ него, и тој падна таму и умре на местото. Сите што минува низ тоа место, каде што беаше паднал и умрел Асаил, застануваа. |
24. | Јоав и Авеса го гонеа Авенира. Сонцето веке беше зајдено кога стигнаа до ридот Ама, спроти Гај, на патот за Гаваонската пустиња. |
25. | А Венијаминовите синови се собраа околу Авенира и образуваа чета и застанаа на врвот од еден рид. |
26. | И Авенир извика кон Јоава и рече: "Вечно ли меч ке истребува? Или не знаеш, дека подоцнежните ке бидат горчливи? И кога ке им кажаш на лу ето да престанат да ги гонат браката свои?" |
27. | А Јоав рече: "Жив Бог! Ако ти не говореше поинаку, уште ова утро лу ето сакаа да престанат да ги гонат браката свои." |
28. | И Јоав затруби со труба и сиот народ застана, и повеке не ги гонеа Израилците; битката престана. |
29. | Авенир, пак, и лу ето негови врвеа преку полето цалата нок, го преминаа Јордан, минаа преку целиот Витрон и стигнаа во Маханаим. |
30. | Се врати и Јоав од гонењето на Авенира и го собра сиот народ, а од Давидовите слуги, освен Асаила, недостигаа деветнаесет души. |
31. | А Давидовите слуги ги поразија Венијаминовите и Авенировите лу е, од кои паднаа триста и шеесет души. |
32. | И го зедоа Асаила и го погребаа во Витлеем, во татковиот му гроб. А Јоав со лу ето свои одеше цела нок и во зорите стигна во Хеврон. |
← 2Samuel (2/24) → |