← 2Samuel (19/24) → |
1. | Му соопштија на Јоава: "Ете, царот плаче и тагува за Авесалома." |
2. | И победата во оној ден се претвори во плачење за целиот народ: зашто тој ден народот чу и велеше, дека царот жали за синот свој. |
3. | Тогаш народот влегуваше во градот скришно, како што се притајуваа од срам лу ето што избегале од борба. |
4. | А царот го покри лицето и викаше високо: "Сине Авесаломе, Авесаломе, сине мој, сине!" |
5. | Потоа Јоав дојде при царот дома и рече: "Ти денес ги посрами сите слуги свои, кои го спасија денес животот твој, животот на твоите синови, и керки, животот на твоите жени и животот на твоите наложници; |
6. | ти ги сакаш оние, што те мразат, а ги мразиш оние, што те сакаат, бидејки денес покажа оти за тебе се ништо и водачите и слугите; денес разбрав, дека тебе ке ти беше попријатно ако Авесалом останеше жив, а ние сите да бевме изумреле; |
7. | затоа стани, излези и позборувај им по срце на слугите твои; зашто, се колнам во Господа, дека, ако не излезеш, оваа нок, ниеден човек нема да остане со тебе; тоа ке биде за тебе полошо од сите беди што те снашле од младини до денес." |
8. | Стана царот и седна при портите, а на сиот народ му јавија, дека царот седи при портите. И сиот народ дојде пред царот пред портите; а Израилците се разбегаа по шаторите свои. |
9. | И сиот народ од сите колена Израилеви се препираше и велеше: "Царот Давид не спаси од рацете на напријетелите наши и не ослободи од рацете на Филистејците, а сега самиот избега од оваа земја, од царството свое, од Авесалома. |
10. | Но Авесалом, кого го помазавме за цар над нас, умре во борбата; а сега зошто одолговлекувате, та не го враката царот?" Овие зборови на сиот Израил стигнаа до царот. |
11. | Тогаш царот Давид испрати да им кажат на свештениците, на Садока и на Авијатара, кажете им на Јудините старешини: "Зошто сакате да бидете последни во вракањето на царот во домот негов, кога зборовите на сиот Израил стигнаа до царот во домот негов. |
12. | Вие сте мои брака, вие сте моја коска и моја плот, зошто сакате да бидете последни за вракањето на царот во домот негов?" |
13. | А на Амесај кажете му: ‘Не ли си ти моја коска и моја плот? Господ нека ми направи тоа и тоа и уште повеке да ми додаде, ако ти не станеш при мене засекогаш воен началник место Јоава!‘ |
14. | И склони го срцето на сите Јудеи како на еден човек. И тие испратија да му кажат на царот: ‘врати се ти и сите твои слуги.‘" |
15. | Се врати царот и стигна до Јордан, а Јудеите дојдоа во Галгал да го пречекаат царот и да го преведат преку Јордан. |
16. | И Семеј, синот Гирин, Венијаминец од Ватурим, побрза и отиде со Јудејците да го пречека царот Давида; |
17. | а заедно со него имаше иљада Венијаминци, и Сива, слугата на Сауловиот дом, со петнаесетте синови свои и со дваесетте слуги свои; тие го преминаа Јордан пред лицето на царот и подготвија да мине царот преку Јордан. |
18. | Кога го доведоа коработ, за да ја пренесат челадта на царот и да му послужат, тогаш Симеј, синот Гирин, пакна ничкум пред царот, штом тој го премина Јордан, |
19. | и му рече на царот: "Господаре, не ми го сметај за престап и не го спомнувај она, со кое згреши слугата твој во оној ден, кога мојот господар излегуваше од Ерусалим, и не го ставај тоа, цару, на срце; |
20. | зашто слугата твој знае дека згрешил; и, ете, од целиот Јосифов дом дојдов денес прв да го пречекам господарот свој, царот." |
21. | Авеса, Саруевиот син, проговори и рече: "Зар Семеј нема да умре, поради тоа што зборуваше лошо за помазаникот Господов?" |
22. | А Давид рече: "Што ви е вам до мене, синови Саруеви, та сега ми станувате клеветници? Денес ли треба да убивате кого и да било од Израилот? Не знам ли јас, дека денес сум цар над Израилот?" |
23. | Тогаш му рече царот на Семеја: "Ти нема да умреш." И царот му се заколна. |
24. | Излезе да го пречека царот и Мамфивостеј, синот на Јонатана, Саулов син. Тој не си ги беше измил нозете, ниту ги исекол ноктите, не беше се грижел за брадата своја и не ги беше испрал алиштата свои од оној ден, кога царот излезе, до денот кога се врати со мир. |
25. | Кога тој излезе од Ерусалим да го пречека царот, царот го праша: "Мемфивостеј, зошто не дојде со мене?" |
26. | Овој одговори: "Господаре мој, цару, мојот слуга ме излага, зашто јас, слугата твој, си велев: ‘ке го оседлам оселот, ке се качам на него и ке отидам со царот, бидејки слугата твој е сакат. |
27. | А тој го наклевети слугата твој пред господарот мој, царот. Но мојот господар, царот, е како Ангел Божји: прави што ти е воља; |
28. | макар и целиот мој татков дом да беше заслужил смрт пред мојот господар, но ти го постави својот слуга ме у твоите сотрпезници; какво право имам, пак, уште да се поплакувам пред царот?‘" |
29. | А царот му рече: "Зошто го зборуваш сето ова? Јас реков, ти и Сива да ги поделите ме у себе нивите." |
30. | Но Мемфивостеј му одговори на царот: "Нека земе тој дури и се, откако мојот господар - цар се врати со мир во домот свој." |
31. | Дојде од Рогелим и Галадецот Верзелиј и го мина со царот Јордан, за да го придружи од онаа страна на Јордан. |
32. | А Верзелиј беше многу стар, на осумдесет години. Тој го хранеше царот, додека живееше во Маханаим, бидејки беше имотен човек. |
33. | Царот му рече на Верзелиј: "Дојди со мене, и јас ке те хранам во Ерусалим." |
34. | Но Верзелиј му одговори на царот: "Многу ли ми останува да живеам, та да одам со царот во Ерусалим? |
35. | Сега сум на осумдесет години; ке разликувам ли добро од лошо? Kе го распознае ли слугата твој вкусот на тоа, што ке го јаде и ке го пие? И ке можам ли да го слушам гласот на пеачите и пеачките? Зошто, пак, слугата твој да му биде товар на својот цар - господар? |
36. | Слугата твој ке го придружи уште малку царот од оваа страна на Јордан: зашто, впрочем, царот да ме наградува со таква милост? |
37. | Дозволи му на слугата твој да се врати и да умре во својот град, крај гробот на татка си и на мајка си своја. Но, ете, слугата твој, синот мој Хамам, нека отиде со мојот цар - господар, и ти постапи со него, како што ти е воља." |
38. | Царот му рече: "Нека дојде Хамам со мене, и јас ке направам за него, она што ти е воља; и се, што би посакал ти од мене, ке направам за тебе." |
39. | Тогаш сиот народ го премина Јордан, и царот исто така. Царот го бакна Верзелија и го благослови и тој се врати во домот свој. |
40. | И царот тргна за Галгал; тргна со него и Хамам; и сиот јудејски народ и половината Израилски народ го придружија царот. |
41. | И, ете, сите Израилци дојдоа при царот и му рекоа: "Зошто нашите брака, мажите Јудини, те грабнаа тебе, и го преведоа преку Јордан царот и челадта негова и заедно со него и сите Давидови лу е?" |
42. | Сите Јудини мажи им одговорија на Израилците: "Затоа, што царот ни е нам близок; и зошто се лутите поради тоа? Зар сме изеле нешто од царот, или сме добиле од него дарови? Или не ослободил од даноци? |
43. | А Израилците им одговорија на Јудините мажи и рекоа: "Ние сме десет делови во царот, исто така и за Давида ние сме првенец, а не вие; зошто, пак, не унижија? Нели нам ни се па аше првиот збор, за да го вратиме нашиот цар? Но зборот на Јудините мажи беше посилен од зборот на Израилците." |
← 2Samuel (19/24) → |