← 2Samuel (17/24) → |
1. | Тогаш му кажа Ахитофел на Авесалома: "Kе одберам дванаесет иљади души и ке станам, ке отидам да го гонам оваа нок Давида; |
2. | ке го нападнам, кога ке биде изморен и со отпуштени раце, и ке му влеам страв; и сите лу е, што се со него ке се разбегаат; и јас ке го убијам само царот; |
3. | и сите лу е ке ги свртам кон тебе; и кога ке исчезни еден, чија душа ја бараш ти, тогаш сиот народ ке се смири." |
4. | Му се допаднаа тие зборови на Авесалома и на сите Израилеви старешини. |
5. | И Авесалом рече: "Повикајте го Хусија; да чуеме, што ке рече тој." |
6. | Дојде Хусиј при Авесалома, и Авесалом му рече, велејки: "Еве што кажува Ахитофел; да постапам ли според зборовите негови? Ако, пак, не, кажи ти." |
7. | А Хусиј му рече на Авесалома: "Овој пат не е добар советот, што го дал Ахитофел. |
8. | Ти го познаваш татка си и лу ето негови; тие се храбри и многу се раздразенти, како мечка в поле, чии малечки се грабнати, и како свиреп крмак во полето, и татко ти е човек воинствен; тој нема да се запре да нокева со народот. |
9. | Ете, тој сега се крие во некоја пештера или на друго место, и ако некој падне при првиот напад врз нив, и ако чујат и кажат: ‘разбиени се лу ето, што тргнаа по Авесалома‘ |
10. | тогаш и најхрабриот, чие срце е како лавовско срце, ке падне со духот, зашто на сиот Израил му е познато, колку е храбар татко ти, и колку се јунаци оние што се со него. |
11. | Затоа јас советувам: нека се собере при тебе сиот Израил, од Дан до Вирсавија, во множество како песок крај морето, и ти самиот ке тргнеш среде него; |
12. | и тогаш ке одиме против него, каде и да се нао а, и ке го нападнеме, како што росата па а на земјата; и нема да му остане ни еден човек од сите оние, што се со него; |
13. | ако, пак, влезе во некој град, тогаш сиот Израил ке донесе при тој град јажиња, и ние ке го завлечеме во реката, така што камче нема да остане од него. |
14. | Тогаш рече Авесалом и сиот Израил: "Советот на Хусија е подобар од Ахитофеловиот совет." Така Господ пресуди да се осуети "добриот" Ахитофелов совет, за да навлече Господ зло врз Авесалома. |
15. | И Хусиј им кажа на свештениците, на Садока и Авијатара: "Така и така Ахитофел го советуава Авесалома и старешините Израилеви, јас, пак, посоветував вака и вака. |
16. | И сега испратете поскоро и кажете му на Давида така: да не останува оваа нок на рамнината во пустињата, и што поскоро да помина од онаа страна, да не загине царот и сите лу е, што се со него." |
17. | Јонатан и Ахимас стоеја при изворот Рогел. И отиде една слугинка, таа им раскажа, а тие отидоа и му јавија на царот Давида; зашто тие не можеа да се покажат во градот. |
18. | Ги виде еден младич и му јави на Авесалома; но тие и двајцата брзо заминаа и отидоа во Ватурим, во куката на еден човек, во чиј двор имаше кладенец; тие се спуштија во него. |
19. | А жената зеде, та простре врз отворот на изворот покривка и насипа одозгора прекрупа, така што ништо не се забележуваше. |
20. | Дојдоа Авесаломовите слуги во куката при жената и запрашаа: "Каде се Ахимас и Јонатан?" А жената им одговори: "Минаа преку реката". Тие бараа и не најдоа, и се вратија во Ерусалим." |
21. | Откако си заминаа, оние излегоа од кладенецот, отидоа и му јавија на царот Давид, велејки му: "Станувајте и што поскоро преминувајте преку водата, зашто Ахитофел даде таков и таков совет за вас." |
22. | Тогаш Давид стана и сите лу е, што беа со него, и го минаа Јордан; на разденување не остана ни еден, што не беше го преминал Јордан. |
23. | Ахитофел, кога виде, дека советот негов не се исполни, го оседла оселот, се подготви, отиде во домот свој, во својот град, направи завештение за домот свој, и се обеси, и умре, и го погребаа во татковиот му гроб. |
24. | Давид стигна во Маханаим, а Авесалом го премина Јордан, тој и сиот Израил со него. |
25. | Наместо Јоава, Авесалом го постави над војската Амесаја. Амесај беше син на еден човек по има Ефер, од Израел, што влезе при Авигеја, Наасовата керка, Саруева сестра, Јоавова мајка. |
26. | А Израил се смести во логорот со Авесалома во Галадската земја. |
27. | Кога Давид стигна во Маханаим, Наасовиот син Совиј од Рава Амонитска, и Махир, Амилов син, од Лодавар, и Галададецот Варзелиј од Рогелим, |
28. | донесоа десет приготвени постелички, десет чинии и земјани садови, пченица и јачмен, брашно и биено просо, грав и лека и пржени зрна, |
29. | мед и масло, овци и кравјо сирење, - донесоа за храна на Давида и на лу ето што беа со него; зашто тие велеа: народот е гладен и уморен и жедува во пустињата. |
← 2Samuel (17/24) → |