| ← 2Samuel (13/24) → |
| 1. | Потоа се случи ова: Давидовиот син Авесалом имаше сестра убавица, по има Тамар, и Амнон, Давидовиот син, се вљуби во неа. |
| 2. | И Амнон толку се мачеше, што се разболе по сестра си Тамар зашто таа беше мома, и Амнон гледаше дека ке му биде неугодно да и направи нешто. |
| 3. | Но Амнон имаше пријател, по име Јонадав, син на Сама, Давидов брат; а Јонадав беше човек многу итар. |
| 4. | И тој му рече: "Зошто толку слабееш одден наден, царски сине, - нема ли да ми кажеш?" Амнон му одговори: "Јас ја сакам Тамар, сестрата на братот мој Авесалом." |
| 5. | Јонадав му рече: "Легни на леглото свое и направи се болен; и кога ке дојде татко ти да те види, кажи му: Нека дојде сестра ми Тамар и да ми даде да јадам, и да зготви пред очите мои јадење, така што да видам и да јадам од рацете нејзини." |
| 6. | Амнон легна и се направи болен, и царот дојде да го види; Амнон тогаш му рече на царот: "Нека дојде сестра ми Тамар и да испржи пред очите мои една - две питки, та да каснам од рацете нејзини." |
| 7. | Давид испрати во куката да и кажат на Тамар: "Оди во куката на братот свој Амнон и зготви му јадење." |
| 8. | Таа отиде во куката на брата си Амнон, а тој лежеше. Таа зеде брашно, замеси, приготви пред очите негови и му испржи питки; |
| 9. | го зеде тиганот и ги иструри пред него; но тој не сакаше да јаде. Тогаш рече Амнон: "Нека излезат сите, што се при мене." И Излегоа сите лу е, што беа при него. |
| 10. | И Амнон и кажа на Тамар: "Однеси го јадењето во внатрешната соба, и јас ке каснам од твоите раце." Тамар ги зеде питките, што ги беше приготвила, и му ги однесе на брата си Амнон во внатрешната соба. |
| 11. | А кога таа му стави да јаде, тој ја фати и и рече: "Дојди легни го мене, сестро." |
| 12. | Но таа рече: "Не, брате, немој да ме обесчестиш, зашто така не се постапува во Израилот; не прави го тоа безумство. |
| 13. | Па јас каде ке одам со бесчестието свое? И ти, ти ке бидеш безумник во Израилот; разговарај со царот; тој нема да откаже да ме даде за тебе." |
| 14. | Но тој не сакаше да ги слуша зборовите нејзини; ја надви и ја силуваше, и лежеше со неа. |
| 15. | Потоа Амнон ја намрази многу, така што омразата негова спрема неа беше посилна од љубовта, што ја имаше кон неа; и Амнон и рече: "Стани, оди си!" |
| 16. | А Тамар му рече: "Не, брате, да ме избркаш е поголемо зло од првото што ми го направи." Но тој не сакаше да ја слуша. |
| 17. | И го повика младичот, што му слугуваше, па му рече: "Истерај ја оваа надвор и заклучи на вратата по неа." |
| 18. | Таа носеше шарена облека, бидејки такви горни облеки носеа керки - девици. Слугата ја изведе надвор и ја заклучи вратата по неа. |
| 19. | Тамар си ја посипа главата своја со пепел, ја раскина својата шарена облека, со која беше облечена, ги стави рацете свои на главата своја, и така одеше и викаше. |
| 20. | А брати и Авесалом и рече: "Нели Амнон, братот мој, беше со тебе? Но сега молчи, сестро; тој ти е брат; не го кини срцето свое заради таа работа." И Тамар живееше самотно во домот на брата си Авесалома. |
| 21. | Царот Давид чу за сето тоа и силно се разгневи, но не го наскрби духот на синот свој Амнона, бидејки го сакаше, бидејки му беше првороден. |
| 22. | Авесалом, пак, не му одговараше на Амнона ни лошо ни добро; тој го намрази Амнона, поради тоа што ја обесчести сестра му Тамар. |
| 23. | По две години имаше стрижба на овци кај Авесалома во Ваал-Хасор, близу до Ефрема и Авесалом ги повика сите царски синови. |
| 24. | И дојде Авесалом при царот и рече: "Ете, при твојот слуга денес има стрижба на овци, нека појде царот и слугите негови со твојот слуга." |
| 25. | Но царот му рече на Авесалома: "Не, синко, нема да дојдеме сите, за да не ти додеваме." И Авесалом го молеше многу; но тој не сакаше да оди и го благослови. |
| 26. | Тогаш Авесалом му рече: "Нека дојде со нас барем братот мој Амнон." А царот му рече: "Зошто да дојде со тебе?" |
| 27. | Но Авесалом го убеди и тој го пушти со него Амнона и сите царски синови. И Авесалом приреди гозба какво гоштевање дава цар. |
| 28. | Авесалом им заповеда на момците свои, велејки им: "Гледајте, кога ке се развесели срцето на Амнона од виното, и кога јас ке ви кажам: поразете го Амнона, тогаш убијте го, не плашете се; тоа јас ви заповедам, бидете смели и храбри." |
| 29. | Авесаломовите момци направија со Амнона, како што им заповеда Авесалом. Тогаш станаа сите царски синови, се качи секој на маската своја и избегаа. |
| 30. | Кога тие беа уште на пат, дојде слух до Давида, дека Авесалом ги убил сите царски синови, и дека од нив не останал ниеден. |
| 31. | Тогаш царот стана, ја раскина облеката своја, и се фрли на земјата, и сите слуги негови, што стоеја при него, ги раскинаа облеките свои. |
| 32. | Но Јонадав, синот на Сама, Давидов брат, рече: "Да не мисли господарот мој, дека сите момци, царски синови се убиени: само Амнон е убиен, зашто Авесалом ја имаше таа мисла од денот, кога Амнон ја обесчести сестрата негова; |
| 33. | поради тоа, мојот господар, царот, нека не се обеспокојува од мислата дека сите царски синови умреле; умре само Амнон." |
| 34. | А Авесалом избега. Момчето, што стоеше на стража, ги крена очите и виде: ете, многу народ врви по патот на надолнината. И дојде стражарот, па му јави на царот, велејки: "Видов лу е низ Оронскиот пат по надолнината." |
| 35. | Тогаш Јонадав му рече на царот: "Тоа се царските синови, кои идат; како што говори слугата твој, така е." |
| 36. | И штом го изговори тоа, ете, пристигнаа царските синови и фатија да плачат. Па и царот и сите слуги негови плачеа многу силно. |
| 37. | Авесалом, пак, избега и отиде при Талмаја, синот на гесурскиот цар Емиуд во Хамахадската земја. И царот Давид плачеше за синот свој во сите дни. |
| 38. | Авесалом избега, дојде во Гесур и таму престојуваше три години. |
| 39. | И царот Давид престана да го гони Авесалома, зашто се утеши поради смртта на Амнона. |
| ← 2Samuel (13/24) → |