← 2Samuel (12/24) → |
1. | Гопсод го испрати Натана, пророкот при Давида, и тој отиде при него и му рече: "Во еден град имаше двајца лу е - едниот богат, а другиот сиромав; |
2. | богатиот имаше мошне многу ситен и крупен добиток, |
3. | а сиромавиот немаше ништо, освен една овчичка, што ја беше купи мала и ја исхранил, и таа беше пораснала при него заедно со децата негови; таа јадеше од лебот негов, пиеше од чашата негова, спиеше на градите негови и му беше како керка; |
4. | при богатиот човек дојде еден странец; и нему не му се свиде да земе од овците или од воловите свои, за да зготви ручек на странецот, кој беше дошол при него, туку ја зеде овчичката на сиромавиот и му ја приготви неа на човекот, што беше дошол при него." |
5. | Давид многу се разгневи против тој човек и му рече на Натана: "Жив ми Господ! Смрт заслужува оној човек, што го направил тоа; |
6. | и за овчичката тој треба да плати четворно, зашто го направил тоа и затоа што немал милост." |
7. | Тогаш Натан му кажа на Давида: "Ти си оној човек што го изврши тоа. Така говори Господ, Бог Израилев: ‘Јас те помазав за цар над Израилот, те спасив од рацете Саулови, |
8. | ти го дадов домот на твојот господар и жените на господарот твој во твоја прегратка, ти го дадов домот Израилев и Јудин и, ако ти е тоа малку, би ти придал уште повеке; |
9. | а ти што го пренебрегна зборот на Господа, извршувајки зло пред очите Негови? Урија Хетеецот го порази со меч, жената негова ја зеде за своја жена, а него го уби со амонитски меч; |
10. | затоа мечот нема да отстапи од твојот дом засекогаш, бидејки ти ме запостави и ја зеде жената на Хетеецот Урија, за да биде твоја жена.‘ |
11. | Така говори Господ: "Ете, јас ке подигнам зло против твојот дом, ке ги земам твоите жени пред очите твои и ке ги дадам на ближниот твој, и тој ке спие со твоите жени под оваа сонце; |
12. | ти го изврши тоа тајно, Јас, пак, ке го извршам пред целиот Израил на бел ден." |
13. | Тогаш Давид му рече на Натана: "Згрешив пред Господа." А Натан му кажа на Давида: "И Господ го симна од тебе гревот твој; ти нема да умреш; |
14. | но бидејки со тоа им даде повод на непријателите Господови да Го хулат, затоа синот што ти се роди ке умре." |
15. | Натан отиде во домот свој. И Господ го порази детето, што му го беше родила на Давида Уриевата жена, и тоа се разболе. |
16. | Давид Му се молеше на Бога за детето, постеше Давид и осамен ја мина нокта, легна на земја. |
17. | И влегоа при него старешините на домот негов, да го кренат од земјата; но тој не сакаше и не јадеше леб со нив. |
18. | На седмиот ден детето умре, и слугите Давидови се плашеа да му соопштат, дека детето умрело; зашто си мислеа тие, кога детето беше уште живо, и ние му прозборувавме, а тој не го слушаше гласот наш, како ке му кажеме: ‘детето умре‘. Тој ке стори нешто лошо. |
19. | Виде Давид дека слугите негови се дошепнуваат, и разбра оти детето умрело, па ги праша слугите: "Умре ли детето?" Тие му одговорија: "Умре." |
20. | Тогаш Давид стана од земјата, се изми, се помаза, се преоблече и отиде во домот Господов и се молеше. Кога се врати дома, побара да му донесат леб и јадеше. |
21. | И го запрашаа слугите негови: "Што значи тоа, што постапуваш така? Додека детето уште беше живо, ти постеше и плачеше, и не спиеше; а откако умре детето, ти стана и јадеш леб и пиеш." |
22. | Давид им одговори: "Додека детето беше живо, јас постев и плачев, бидејки мислев: кој знае, нема ли да се смили над мене Господ и нема ли детето да остане живо? |
23. | А сега е умрено; зошто да постам? Зар можам да го вратам? Јас ке отидам при него, тоа нема да се врати при мене." |
24. | И Давид ја утеши жената своја Вирсавија, и влезе при неа и спиеше со неа; таа зачна и роди син, кому му даде име Соломон. И Господ го возљуби; |
25. | и го испрати пророкот Натана, и тој го нарече: Едидија, според словото Господово. |
26. | Јоав војуваше против Рава Амонитска и туку-речи го презеде тој царски град. |
27. | Испрати Јоав да му кажат на Давида: "Јас напа ав на Рава и ја освоив водата на градот; |
28. | сега собери го другиот народ и тргни кон градот, и преземи го; зашто, ако го преземам јас, ке му се даде моето име." |
29. | Давид го собра сиот народ, тргна кон градот Рава, војуваше против него и го презеде. |
30. | Давид го зеде венецот на царот нивни од главата негова, - а во него имаше талант злато и скапецен камен, - и го стави Давид на својата глава, и однесе од градот многу голем плен. |
31. | А народот, што беше во него, го изведе и го пренесе преку пили, преку железни гребла, преку железни секири и го фрли во печката за печење тули. Така постапи тој со сите амонитски градови. Потоа Давид се врати со сиот народ во Ерусалим. |
← 2Samuel (12/24) → |