← 2Samuel (10/24) → |
1. | По извесно време умре амонитскиот цар, и место него стана цар синот негов Анон. |
2. | И Давид рече: "Kе покажам милост кон Анона, Наасовиот син, за добрината, што ми ја направи татко му негов." Па ги испрати Давид слугите свои да го утешат Амона поради татка му. И давидовите слуги отидоа во Амонитската земја. |
3. | Но амонитските кнезови му рекоа на господарот свој Анона: "Зар мислиш, дека Давид од почит кон татка ти испратил при тебе утешители? Да не ги испратил Давид слугите свои при тебе, за да го прегледаат градот и да видат во него се и сешто, па да го сосипат?" |
4. | И Анон ги фати Давидовите слуги и на секого од нив му ја избричи половината од брадата и им ги потсече алиштата на половина, до крстот и ги пушти. |
5. | Кога му јавија за тоа на Давида, тој испрати да ги пречекаат, бидејки беа многу обезличени. И царот заповеда да им кажат: "Останете во Јерихон додека ви порастат брадите, и тогаш вратете се." |
6. | Видоа Амонитите, дека станаа намразени кај Давида; па испратија Амонитите да најмат Сиријци од Вет-Рехов и Сиријци од Сува - дваесет иљади пешаци, од амаликијскиот цар Мах - иљада души и од Ист-Тов дванаесет иљади души. |
7. | Кога Давид чу за тоа, го испрати Јоава со сета храбра војска. |
8. | Излегоа Амонитите и се распоредија за борба при портите, а Сиријците од Сува и Рехов, а Ист-Тов и Мах се задржаа одделно во полето. |
9. | Кога виде Јоав, дека непријателската војска се распоредила спроти него и отспреди и одзади, избра војници од сите одбрани Израилци, и ги распореди против Сиријците; |
10. | а другиот дел од лу ето му ги довери на братот свој Авеса, за да ги нареди против Амонитите. |
11. | Тогаш рече Јоав: "Ако Сиријците почнат да ме надвиваат, ти ке ми помогнеш; ако, пак, Амонитите почнат да те надвиваат тебе, јас ке ти дојдам на помош; |
12. | биди храбар, и да стоиме цврсто за нашиот народ и за градовите на нашиот Бог, а Господ ке го направи она, што Му е угодно." |
13. | и влезе Јоав и народот, што беше со него, во борба против Сиријците, и тие избегаа од него. |
14. | Амонитите, пак, кога видоа, дека Сиријците бегаат, избегаа од Авеса и влегоа во градот. И Јоав се врати од Амонитите и дојде во Ерусалим. |
15. | Сиријците, штом видоа дека Израилците ги поразија, се собраа сите наедно. |
16. | И Адраазар испрати, та ги повика Сиријците, што беа од онаа страна на реката Халемак, и, ете, дојдоа до Елам; а Совак, Адраазаровиот војвода, ги предводеше. |
17. | Кога му јавија за тоа на Давида, тој ги свика сите Израилци, го премина Јордан и стигна до Елам. Сиријците се распоредија против Давида и се судрија со него. |
18. | Сиријците избегаа од Израилците, Давид истреби седумстотини сириски коли и четириесет иљади коњаници, го порази и војводата Совак, кој и умре таму. |
19. | Кога сите потчинети цареви на Адраазара видоа дека Израилците ги поразија, склучија со Ираилците мир и им се покорија. И Сиријците веке се плашеа да им помагаат на Амонитите. |
← 2Samuel (10/24) → |