2Samuel (1/24) → |
1. | По Сауловата смрт, кога Давид се врати по разбивањето на Амаликијците и престојуваше во Секелаг два дена, |
2. | ете, на третиот ден доа а човек од Сауловиот логор; облеката му е испокината и на главата има прав. Штом дојде кај Давида, падна на земја и му се поклони. |
3. | И Давид го праша: "Од каде доа аш?" Тој одговори: "Избегав од Израилскиот логор." |
4. | Давид го праша: "Што стана? Раскажи ми." А тој одговори: "Народот се разбега од битката, и многу народ падна и изумре; умреа и Саул и синот негов Јонатан." |
5. | Давид го праша момчето што му раскажуваше: "Од каде знаеш дека Саул и синот негов Јонатан умреле?" |
6. | А момчето, што му раскажуваше, рече: "Јас случајно отидов на Гелвујската гора, и ете, Саул падна врз копјето свое, а колите и коњаниците го стигнаа. |
7. | Тогаш тој се сврте назад и, откако ме виде, ми викна. |
8. | И јас реков: ‘Еве ме.‘ Тој ме праша: ‘Кој си ти?‘ Јас му одговорив: ‘Јас сум Амаликиец.‘ |
9. | Тогаш тој ми рече: ‘Дојди кај мене и убиј ме, зашто смртна тага ме опфатила, но душата моја се уште е во мене.‘ |
10. | И јас се приближив до него и го убив, бидејки знаев, оти тој нема да остане жив по па ањето свое; и го зедов царскиот венец, што беше на главата негова, и гривната, што беше на раката негова, и ги донесов тука на господарот свој." |
11. | Тогаш Давид се фати за облеката своја и ја раскина, исто така и сите лу е, што беа со него, ги раскинаа алиштата свои, |
12. | и липаа, и плачеа и постеа до вечерта за Саула и за синот негов Јонатан, и за народот Господов и за домот Израилев, поради тоа што беа загинале од меч. |
13. | Давид, пак, го запраша момчето, што му раскажуваше: "Ти од каде си?" А тој му одговори: "Јас сум син на еден придојден Амаликиец." |
14. | Тогаш Давид му рече: "Како не се исплаши да кренеш рака, за да убиеш помазаник Господов?" |
15. | И Давид повика еден од момците и му кажа: ‘Дојди и убиј го!‘ И оној го уби, и тој умре. |
16. | И Давид му рече: "Твојата крв нека биде врз главата твоја, бидејки твојата уста сведочеше против тебе, кога велеше: ‘Го убив помазаникот Господов.‘ |
17. | Потоа Давид го оплака Саула и синот негов Јонатана со оваа плачевна песна, |
18. | заповедајки им на синовите Јудини да научат да фрлаат лак, како што е напишано во книгата на праведникот, и рече: |
19. | "Твојата убавина, о Израиле, е погубена врз твоите височини! Како паднаа силните! |
20. | Не раскажувајте во Гет, не разгласувајте по улиците на Аскалон, да не се радуваат керките филистејски, да не ликуваат керките на необрезаните. |
21. | Гори Гелвујски, да не па а на вас ни роса, ни дожд, ниту да има по вас полиња со плодови, зашто таму е фрлен штитот на Саула, како да не беше тој помазан со елеј. |
22. | Без крв од ранети, без мрс од силни, лакот Јонатанов не се вракаше назад, ниту мечот Саулов се вракаше празен. |
23. | Саул и Јонатан, сакани и сложни во животот свој, не се разделија ни во смртта своја; тие беа побрзи од орлите, послини од лавовите. |
24. | Kерки Израилеви, плачете за Саула, кој ве облкуваше во пурпурна обека со украси и ги китеше со златни накити облеките ваши! |
25. | О, како паднаа силните во борбата! Загина Јонатан на твоите височини. |
26. | Жалам за тебе, брате Јонатане; ти ми беше многу мил; твојата љубов за мене беше поголема од женската љубов. |
27. | Како паднаа силните, како загина бојното оружје!" |
2Samuel (1/24) → |