← 2Peter (3/3) |
1. | Мили мои, ова е веќе второ писмо што ви го пишувам, и го будам, преку напомнување, вашиот чист разум, |
2. | за да си ги спомните зборовите што однапред ги кажаа светите пророци, и за заповедта на Господ и Спасителот, која ви ја предадоа вашите апостоли. |
3. | Знајте го пред сè ова: во последните дни ќе се јават подбивачи, кои со своето подбивање ќе одат по сопствените похоти и ќе велат: |
4. | "Каде е ветувањето за Неговото доаѓање? Зашто откако починаа татковците сè стои така како што е од почетокот на создавањето." |
5. | Кога така сметаат, забораваат дека преку Божјото слово небесата одамна постојат, и дека земјата беше создадена од водата и преку водата, |
6. | преку која тогашниот свет беше потопен со вода, и така беше уништен. |
7. | А сегашните небеса и земјата, со истото слово се запазени и се чуваат за оган до денот на судот и погибелта на безбожните луѓе. |
8. | Но едно не смее да ви биде непознато, мили мои: дека за Господ еден ден е како илјада години, и илјада години се како еден ден. |
9. | Господ не го забавува ветувањето, како што некои мислат за тоа бавење, туку е трпелив спрема вас, зашто не сака некој да загине, туку сите да дојдат до покајание. |
10. | А Господовиот ден ќе дојде како крадец. Bо тој ден небесата ќе поминат со голема бучава, а состојките ќе бидат уништени и земјата ќе изгори со сите нејзини дела. |
11. | Бидејќи сето ова ќе се уништи така, какви треба да бидете во светото поведение и побожноста |
12. | вие кои го очекувате и забрзувате доаѓањето на Божјиот ден, кога запалените небеса ќе се распаднат, состојките ќе се стопат со огромна жештина? |
13. | А ние, според Неговото ветување, очекуваме нови небеса и нова земја, каде суштествува праведноста. |
14. | Затоа, мили мои, бидејќи го очекувате ова, погрижете се Тој да ве најде во мир, неопоганети и непорочни. |
15. | А долгата трпеливост на нашиот Господ сметајте ја како спасение, како што и нашиот сакан брат Павле ви напиша, според дадената му мудрост; |
16. | како што и во сите негови посланија зборува за ова; во нив има некои тешко разбирливи нешта, кои неуките и незацврстените ги изопачуваат, како, впрочем, и другите Писма, за своја погибел. |
17. | И така, вие, мили мои, кога го знаете ова однапред, пазете се да не ве повлече со себе заблудата на беззакониците и да не отпаднете од својата непоколебливост, |
18. | туку растете во благодатта и во познавањето на нашиот Господ и Спасител Исус Христос. Слава Му сега и до денот на вечноста! |
← 2Peter (3/3) |