← 2Kings (9/25) → |
1. | Пророкот Јелисеј повика еден од пророчките синови и му рече: "Препаши се околу половината, земи го в рака овој сад со елеј, па оди во Рамот Галадски; |
2. | кога ке дојдеш таму, најди го таму Јуја, синот на Јосафата, Намесиев син, пристапи и кажи му да излезе среде браката свои и воведи го во внатрешната соба; |
3. | тогаш земи го садот со елеј, излиј го врз главата негова и кажи: вака вели Господ: ‘Те помазувам за цар над Израилот.‘ Потоа отвори ја вратата, па бегај и не чекај." |
4. | Момчето, слугата пророков, отиде во Рамот Галадски, |
5. | и стигна. И ете, војводите испоседнале, а тој рече: "Имам нешто да ти кажам, војводо." Јуј праша: "На кого од сите нас?" Тој одговори: "Тебе, војводо." |
6. | Јуј стана и влезе в куки. И момчето го изли елејот врз главата негова и му рече: "Вака вели Господ, Бог Израилев: ‘Те помазувам за цар над народот Господов, над Израилот,‘ |
7. | и ти ке го истребиш домот на Ахава, твојот господар, за да одмаздам за крвта на Моите слуги - пророците, и за крвта на сите слуги Господови, паднати од раката на Језавела; |
8. | и ке изгине целиот дом Ахавов, и ке го истребам во Ахава се, и она што мокри до sид, и затворено, и изоставено во Израилот, |
9. | и ке го направам домот на Ахава како домот на Наватовиот син Јеровоама и како домот на Ахиевиот син Васа; |
10. | а Језавела кучиња ке ја изедат на Језраелското поле, и никој нема да ја погребе." Па ја отвори вратата и избега. |
11. | И отиде Јуј при слугите на господарот свој, и тие му рекоа: "Со мир ли? Зошто дојде тој безумник при тебе?" И им кажа: "Вие го знаете тој човек и што зборуваше." |
12. | И рекоа: "Не е вистина, кажи ни." А тој рече: "Тоа и тоа ми кажа, велејки: вака вели Господ: ‘те помазувам за цар над Израилот.‘ |
13. | Тогаш тие побрзаа и секој си ја зеде облеката своја, му послаа на понискиот степеник, затрубија со труба и рекоа: "Јуј стана цар." |
14. | И стана Јуј, синот на Намесеивиот син Јосафат, против Јорама, а Јорам се нао аше со сите Израилци во Рамот Галадски на стража против сирискиот цар Азаил. |
15. | Во тоа време царот Јорам се беше вратил да се лекува во Језраел од раните, што му ги нанесоа Сиријците, кога војуваше против сирискиот цар Азаил. И Јуј им рече: "Ако сте согласни со мене, никој нека не излегува од градот, за да оди да извести во Језраел." |
16. | Јуј се качи на коњот и тргна за Језраел, каде што лежеше Јорам, царот израилски, за да се лекува од раните, што му ги беа нанеле Сиријците во Рамот, кога војуваше против силниот и мокниот сириски цар Азаил, и каде што беше дошол јудјскиот цар Охозиј, за да го посети Јорама. |
17. | На кулата во Језраел стоеше стражар, и го здогледа Јујевото мноштво, кога доа аше, и рече: "Многу лу е гледам." И Јорам му рече: "Земи коњаник, одведи го во пресрет нивни и нека праша: ‘Со мир ли доа ате?‘" |
18. | И излезе коњаникот на коњ во нивни пресрет и рече: "Вака вели царот: - со мир ли доа ате?" И одговори Јуј: "Што ти е тебе - дали со мир доа ам? Тргнувај по мене." И стражарот јави и рече: "Стигна до нив, но не се врака." |
19. | Испратија друг коњаник; тој отиде при нив и рече: "Вака вели царот: - со мир ли доа аш?" И рече Јуј: "Што ти е тебе - со мир ли доа ам? Тргнувај по мене." |
20. | Стражарот пак јави и рече: "Стигна до нив, но не се врака. А одот како да е на Намесиевиот син Јуј, зашто тој оди гордо." |
21. | Јорам рече: "Впрегнувај." И ја впрегнаа колата негова. Излезе израилскиот цар Јорам и јудејскиот цар Охозиј, секој на коњите свои. Излегоа до го пресретнат Јуја, и се сретнаа со него во нивата на Јерзаелецот Навутеј. |
22. | Кога Јорам го виде Јуја, рече: "Со мир ли, Јуј?" Тој одговори: "Каков мир при блудството на мајка ти Јазавела и при многуте нејзини магии?" |
23. | Тогаш Јорам се сврте и избега, велејки му на Охозиј: "Предавство, Охозиј!" |
24. | А Јуј го оптегна со раката лакот и го удри Јорама ме у плешките нагови, и стрелата го прободе срцето негово, и тој падна во колата своја. |
25. | Тогаш Јуј му рече на војводата свој Вадекар: "Земи, та фрли го во нивата на Језраелецот Навутеј, зашто сети се кога ние со тебе одевме двајцата зад татка му Ахава, и како Господ изрече врз него вакво пророштво: |
26. | ‘Навистина јас ја видов вчера крвта на Навутеја и крвта на синовите негови, велеше Господ, и ке ти се одмаздам во таа нива.‘ И така, земи, та фрли го во нивата, според словото Господово." |
27. | Јудејскиот цар Охозиј, кога го виде тоа, избега по патот кон куката, што беше во градината. И се спушти по него Јуј и рече: "Удрете го и него во колата." Тоа стана на ритчето Гур, близу до Јевлаам. И тој избега во Магедон, и таму умре. |
28. | Слугите нагови го пренесоа во Ерусалим и го погребаа во гробницата негова, при татковците негови, во Давидовиот град. |
29. | Во единаесеттата година на Ахавовиот син Јорама во Јудеја стана цар Охозиј. |
30. | Јуј пристигна во Језраел. А Језавела, откако доби известување, стави црвило на лицето свое, ја накити главата своја и гледаше низ прозорецот. |
31. | Кога Јуј влезе во портите, таа праша: "Kе има ли мир за Замвриј, убиецот на господарот свој?" |
32. | Тој ги крена очите кон прозорецот и праша: "Кој е со мене, кој?" И го свртија огледот кон него двајца - тројца дворски слуги. |
33. | Тогаш тој им рече: "Фрлете ја!" Тие ја фрлија, и крвта и се разлеа по sидот и по коњите, и ја изгазија. |
34. | И дојде Јуј, јадеше, пиеше и рече: "Најдете ја онаа проклетица и погребете ја, бидејки е царска керка." |
35. | Отидоа да ја погребаат, но од неа не најдоа ништо, туку само черепот, нозете и шаките од рацете. |
36. | Се вратија и му соопштија, а тој рече: "Такво беше словото на Господа, што го изрече Он преку слугата Свој Тесвитецот Илија, велејки: ‘Језавелиниот труп ке го изедат кучиња на Језраелското поле. |
37. | Језавелиниот труп ке биде на Језраелското поле како убре на нива, та никој не ке може да каже: ‘ова е Језавела‘.‘" |
← 2Kings (9/25) → |