← 2Kings (8/25) → |
1. | И и рече Јелисеј на жената, чиј син беше воскреснал: "Стани и оди, ти и твојот дом и склони се таму, каде што можеш да поживееш, зашто Господ повика глад, и тој ке трае во оваа земја седум години." |
2. | Стана таа жена, и постапи според зборот на Божјиот човек: отиде таа и нејзиниот дом, и живееше во филистејската земја седум години. |
3. | Откако изминаа седум години, се врати таа жена од Филистејската земја и дојде да го моли царот за куката своја и нивата своја. |
4. | Царот тогаш разговараше со Гиезиј, слугата на Божјиот човек, и му рече: "Раскажи ми се што е позабележливо, што го извршил Јелисеј." |
5. | А во тоа време, кога тој му раскажуваше на царот, дека Јелисеј оживеал еден умрен, - жената, чиј син беше воскреснат, го молеше царот за куката своја, и нивата своја. Тогаш Гиезиј рече: "Господару мој, цару, таа е истата жена и овој е истиот син нејзин, кого Јелисеј го оживе." |
6. | Царот ја праша жената, и таа му раскажа. И и даде царот еден од царедворците и рече: "Да и се врати се што е нејзино и сите приходи од нивата, од оној ден, кога ја напуштила земјата, до сега." |
7. | И дојде Јелисеј во Дамаск, кога сирискиот цар Адад беше болен. Му јавија на Адада и рекоа: "Тука дојде Божјиот човек." |
8. | Тогаш царот му рече на Азаила: "Земи в рака дар и оди, пречекај го Божјиот човек и прашај го преку него Господа, велејки: ‘ке оздравам ли од оваа болест?‘" |
9. | Азаил отиде да го пречека и заде в рака дар и се што е најдобро во Дамаск, колку што можат да носат четириесет камили, па отиде и застана пред лицето негово и му рече: "Твојот син Адад, сирискиот цар, ме испрати при тебе да прашам: ‘ке оздравам ли од оваа болест?‘" |
10. | Јалисеј му одговори: "Оди и кажи му: ке оздравиш. Ме утоа, Господ му јави, дека тој ке умре." |
11. | И го управи Јелисеј врз него погледот свој, а тој стоеше, додека оној се занесе; и заплака Божјиот човек. |
12. | И Азаил праша: "Зошто плаче господарот мој?" А тој одговори: "Затоа што знам, какво зло ке им направиш на Израилевите синови: тврдините нивни на оган ке ги предадеш, момците нивни со меч ке ги погубиш, цицалчињата нивни ке ги избиеш и непразните жени нивни ке ги расечеш." |
13. | И му рече Азаил: "Што е твојот слуга? Дали е куче та да може да направи така страшни работи?" Јелисеј му одговори: "Господ ми го покажа во тебе царот на Сирија." |
14. | Тој си отиде од Јелисеја и дојде при господарот свој. И тој го праша: "Што ти зборуваше Јелисеј?" Тој одговори: "Ми кажа дека ке оздравиш." |
15. | На другиот ден, ме утоа, Азаил ја зеде завивката, ја натопи во вода и ја стави врз лицето негово, и царот умре. И наместо него стана цар Азаил. |
16. | По јудејскиот цар Јосафат, стана цар Јосафатиовиот син Јорам, цар јудејски - во петтата година на Ахавовиот син Јорам, цар израилски. |
17. | Тој беше на триесет и две години, кога стана цар, и царуваше осум години во Ерусалим; |
18. | и одеше по патот на израилските цареви, како што постапуваше Ахавовиот дом, бидејки Ахавовата керка му беше жена и го правеше она што не беше угодно пред очите на Господа. |
19. | Но, Господ не сакаше да го погуби Јуда, заради својот слуга Давида, зашто Он беше ветил да му даде светило ме у децата негови за сите времиња. |
20. | Во неговите дни Едом се измолкна од раката на Јуда и си постави цар. |
21. | И отиде Јорам во Саир, и сите коли со него; стана тој во една нок и ги порази Идумејците, што го опколуваа, и заповедниците на колите, но народот избега во шаторите свои. |
22. | И се спаси Едом од раката на Јуда до ден денес. Во исто време се измолкна и Ливна. |
23. | Другото за Јорама и се што извршил, е опишано во летописите на јудејските цареви. |
24. | И почина Јорам при татковците свои, и беше погребан при татковците свои во Давидовиот град. А место него стана цар синот негов Охозиј. |
25. | Охозиј, син на јудејскиот цар Јорама, стана цар во данаесеттата година на Ахавовиот син Јорама, израилски цар. |
26. | Охозиј беше на дваесет и две години, кога стана цар, и царуваше една година во Ерусалим. А мајка му се викаше Готолија, кека на израилскиот цар Амвриј. |
27. | Тој одеше по патот на Ахавовиот дом и го правеше она што не беше угодно пред очите на Господа, како Ахавовиот дом, зашто беше во роднинство со Ахавовиот дом. |
28. | Тој отиде со Ахавовиот син Јорама во војна против сирискиот цар Азаил во Рамот Галадски, и Сиријците го ранија Јорама. |
29. | И царот Јорам се врати да се лекува во Језраел од раните, што му ги нанесоа Сиријците во Рамот, кога војуваше против сирискиот цар Азаил. И Охозија, Јорамовиот син, јудјски цар, дојде да го посети Ахавовиот син Јорама во Језраел, бидејки беше болен. |
← 2Kings (8/25) → |