2Kings (4/25)  

1. Една од жените на пророчките синови со плачење му говореше на Јелисеја: "Твојот слуга, мажот мој, умре; а ти знаеш, дека твојот слуга се плашеше од Господа; сега дојде заемодавачот да ги земе двете мои деца за робје."
2. Јелисеј и рече: "Што да направам за тебе? Кажи ми што имаш дома?" Таа одговори: "Слугинката твоја ништо нема во домот свој, освен еден сад со масло."
3. А тој рече "Оди и побарај садови однадвор, од сите твои соседи, празни садови; собери доволно,
4. потоа оди и затвори ја вратата зад себе и зад синовите свои и налевај во сите тие садови; полните ставај ги настрана."
5. Таа си отиде од него и ја затвори вратата зад себеси и зад синовите сови. Тие и подаваа, а таа налеваше.
6. Кога беа наполнети садовите, таа му рече на синот свој: "Дај ми уште еден сад." Тој и рече: "Нема повеке садови." И маслото престана да тече.
7. Таа дојде и му раскажа на Божјиот човек. Тој и рече: "Оди, продај го маслото и исплати ги долговите свои; а со тоа, што ке остане, ке живееш со синовите свои."
8. Еден ден Јелисеј отиде во Сонам. Таму една богата жена го покани во домот свој да јаде леб, и тој, секогаш кога ке минеше, навратуваше таму да јаде леб.
9. Таа му рече на мажот свој: "Ете, јас знам, дека Божјиот чвеок, кој постојано минува покрај нас, е свет;
10. да му направиме мала горна соба над sидот и да му ставиме таму легло и маса, и стол и светилник, та кога доа а кај нас, да се повлекува таму."
11. Еден ден Јелисеј отиде таму, се качи во горната соба своја и си легна таму,
12. па му кажа на слугата свој Гиезиј: "Повикај ја таа Сонамка." Тој ја повика, и таа застана пред него.
13. И му рече: "Кажи и: ‘ете, ти толку се грижиш за нас; што да направиме за тебе? Има ли потреба да му проговориме за тебе на царот, или на војводата!‘" Таа одговори: "Не, јас живеам ме у народот свој."
14. Јелисеј продолжи и рече: "Тогаш што да направиме за неа?" И рече Гиезиј: "Ете, таа нема син, а мажот нејзин е стар."
15. И рече Јелисеј: "Повикај ја." Тој ја повика, и таа застана на вратата.
16. Јелисеј и рече: "По една година, во ова исто време, ти ке држиш на раце син." Таа рече: "Не, господару мој, човеку Божји, немој да ја лажеш слугинката своја."
17. И жената остана бремена и роди син на другата година, во она исто време, како што и кажа Јелисеј.
18. Детето порасна и еден ден отиде кај татка си, при жетварите.
19. И му кажа на татка си: "Главата, главата ме боли." А тој му рече на слугата свој: "Одведи го кај мајка му!"
20. Го зеде и го одведе кај мајка му. И тоа седеше во скутот нејзин до пладне и умре.
21. Таа отиде и го положи во леглото на Божјиот човек, го затвори и излезе,
22. па го повика мажот свој и рече: "Испрати ми еден од слугите и една од ослиците; ке одам кај Божјиот човек и ке се вратам."
23. А тој ја праша: "Зошто ке одиш при него? Денес не е нов месец, не е ни сабота." Но таа рече: "Добро е."
24. И ја оседла ослицата и му кажа на слугата свој: "Води и врви; не запирај додека не ти кажам."
25. И тргнаа и дојдоа при Божјиот човек, на гората Кармил. А кога Божјиот човек ја виде оддалку, му кажа на слугата свој Гиезија: "Еве ја онаа Сонамка;
26. отрчај да ја пресретнеш и да ја прашаш: ‘здрава ли си, здрав ли е мажот нејзин, здраво ли е детето?‘" - Таа одгорови: "Здрави сме."
27. А кога дојде при Божјиот човек на гората, се фати за нозете негови. И Гиезиј се доближи, за да ја отстрани; но Божјиот човек рече: "Остави ја, душата и е огорчена, а Господ ја сокри од мене и не ми јави."
28. И таа рече: "Барав ли јас од мојот господар син? Не зборував ли: немој да ме лажеш?"
29. Тој тогаш му рече на Гиезија: "Опаши се преку половината и земи го стапот мој во раката и врви; ако сретнеш некого, не го поздравувај; а ако некој те поздрави, не му одговарај; и стави го стапот врз лицето на детето!"
30. А мајката на детето рече: "Жив Господ и жива ти душата! Нема да те оставам." Тогаш и тој стана и тргна по неа.
31. Гиезиј отиде пред нив и го стави стапот врз лицето на детето. Но не се чу ни глас, ни одговор. И му излезе во пресрет, му соопшти и рече: "Детето не се разбудува."
32. И Јелисеј влезе во куката, и ете, умрено дете лежи на леглото негово.
33. И влезе, ја затвори вратата зад себе и му се помоли на Господа;
34. потоа се качи, легна врз детето, ја стави устата своја врз неговата уста, очите свои врз неговите очи, и дланките свои врз неговите дланки, и се простре врз него, и телото на детето се загреа.
35. Јелисеј стана и почна да оди по собата натаму - наваму; потоа пак се качи и се простре врз него. И детето кивна седумпати и ги отвори очите свои.
36. И тој го повика Гиезија и му рече: "Повикај ја Сонамката!" И тој ја повика. Таа дојде при него, и тој рече: "Земи си го синот свој!"
37. Таа се доближи, падна пред нозете негови и се поклони до земја; потоа го зеде синот свој и излезе.
38. А Јелисеј се врати во Галгал. Во таа земја имаше глад, и синовите пророчки седеа пред него. И тој му кажа на слугата свој: "Стави го големиот котел и свари лека за пророчките синови."
39. И излезе еден од нив во полето да собира зелен; најде еден корен од дива лоза, и набра од неа полн скут диви плодови; се врати и ги стави во котелот со лека, зашто не ги познаваше.
40. Им поставија да јадат. Но штом почнаа да ја јадат леката, извикаа и велеа: "Смрт има во котелот, човече Божји!" И не можеа да јадат.
41. А тој рече: "Дајте брашно!" И го истури во котелот и му рече на Гиезија: "Стави им на лу ето, нека јадат." И во котелот не остана ништо отровно.
42. Дојде некој си од Ветарис и му донесе на Божјиот човек лебна првина - дваесет јачмени лепчиња и млади зрна во класови. И рече Јелисеј "Дај им на лу ето да јадат."
43. И рече слугата негов: "Што ке им дадам на сто души?" А тој рече: "Дај им да лу ето, нека јадат, зашто така вели Господ: ке се наситат, и ке остане."
44. Тој им даде, и тие се наситија, и остана уште, според словото Господово.

  2Kings (4/25)