← 2Kings (25/25) |
1. | Во деветтата година од царувањето свое, во десеттиот месец, на десеттиот ден од месецот, вавилонскиот цар Навуходоносор дојде со сета своја војска пред Ерусалим, го опседна и направи околу него опкоп. |
2. | И градот стоеше во опсада до единаесеттата година од владеењето на царот Седекиј. |
3. | На деветтиот ден од месецот гладот се засили во градот, и народот на земјата немаше леб. |
4. | Градот беше преземен, и сите воени лица избегаа ноке по патот кон портите, ме у двата sида, што се до царската градина; а Халдцејците стоеја околу градот, и царот отиде по патот кон рамнината. |
5. | Халдејската војска се спушти по царот и го стигна во Јерихонските рамнини, и сета војска негова се разбега од него. |
6. | Тогаш го фатија царот, го одведоа при вавилонскиот цар во Ривла и извршија над него суд; |
7. | синовите на Седекија ги заклаа пред очите негови, а на Седекија му ги избодоа очите, го оковаа во окови и го одведоа во Вавилон. |
8. | На петтиот месец, на седмиот ден од месецот, односно во деветнаесеттата година од владеењето на вавилонскиот цар Навуходоносор, дојде Навузардан, заповедник на телохранителите, слуга на вавилонскиот цар, во Ерусалим |
9. | и го изгоре домот Господов и царскиот дом, и сите куки во Ерусалим, и сите големи куки ги изгоре со оган; |
10. | и sидовите околу Ерусалим беа урнати од халдејската војска, што беше со заповедникот на телохранителите. |
11. | А другиот народ, што беше останал во градот, и одметниците, кои му се предале на вавилонскиот цар, а и другиот прот народ ги исели Навузардан, заповедникот на телохранителите. |
12. | Само малкумина од сиромасите на оваа земја заповедникот на телохранителите ги остави за работници во лозјата и за земјоделци. |
13. | И бронзените столбови во домот Господов, и подножјата, и бронзеното море во домот Господов Халдејците го испокршија и ја однесоа бронзата нивна во Вавилон; |
14. | и котлите, и лопатките, и штипките, и лажиците, и сите бакарни садови, што се употребуваа во службата, ги кренаа; |
15. | и кадилниците, и садовите, - се што имаше златно, и се што имаше сребрено, го зеде заповедникот на телохранителите; |
16. | столбови два, море едно, и подножјата што Соломон ги беше направил во домот Господов, - бронзата во сите тие работи немаше мерка. |
17. | Едниот столб беше висок осумнаесет лакти, главата му беше од бронза, а висината на главата - три лакти, и мрежата на наровите околу главата - сето тоа беше од бронза. Тоа исто го имаше и другиот столб со мрежата. |
18. | Заповедникот на телохранителите го зеде првосвештеникот Сераија, врориот свештеник Софанија и тројцата вратари. |
19. | Од градот тој зеде еден дворски човек, кој беше заповедник на воените лица, и петте души, што стоеја пред царското лице и се нао аа во градот, и главниот писар на војската, што го запишуваше во војската народот на земјата, и шеесет души од народот на земјата, кои се нао аа во градот. |
20. | Ги зеде Навузардан, началникот на телохранителите, и ги одведе при вавилонскиот цар во Ривла. |
21. | И вавилонскиот цар ги порази и ги погуби во Ривла, во земјата Емат. И Јудејците беа иселени од земјата своја. |
22. | А над народот, оставен во Јудејската земја, вавилонскиот цар Навуходоносор го постави за управник Годолија, синот на Ахикама, Сафанов син. |
23. | Кога сите војводи, тие и лу ето нивни, слушнаа дека вавилонскиот цар го поставил за управник Годолија, дојдоа при Годолија во Масифа, односно Исмаил, синот на Натанија, Јоанан, синот Каритов, Сараја, синот Танаметов од Нето, Фатит и Језаниј, син Магатетов, тие и лу ето нивни. |
24. | И им се заколна Годолија ним и на лу ето нивни и им рече: "Не плашете се што ке бидете потчинети на Халдејците; населувајте се во земјата, служете му на вавилонскиот цар и ке ви биде добро." |
25. | Но во седмиот месец дојде Исмаил, синот на Натанија, Елисамов син, од царски род, со десет души, го порази Годолија, и тој умре, а и Јудејците, и Халдејците, што беа во Масифа. |
26. | Тогаш се крена сиот народ, од мало до големо, и војводите, па отидоа во Египет, зашто се плашеа од Халдејците. |
27. | Во триесет и седмата година од преселувањето на јудејскиот цар Јехонија, во дванаесеттиот месец, на дваесет и седмиот ден од месецот, вавилонскиот цар Евилмародах, во годината на царувањето свое, го изведе од затвор јудејскиот цар Јехонија, |
28. | говореше со него пријателски и ги постави престолот негов погоре од престолот на царевите, што беа пред него во Вавилон; |
29. | и му ја смени затворската облека негова; и секогаш Јехонија јадеше со него, во сите дни на животот свој. |
30. | За постојана издржка, му се даваше на царот, секој ден, во сите дни на животот негов. |
← 2Kings (25/25) |