← 2Kings (24/25) → |
1. | Во неговите дни се крена вавилонскиот цар Навуходоносор; и Јоаким му стана потчинет за три години, но подоцна се одметна од него. |
2. | И Господ испрати против него мноштво Халдејци, и многу Сиријци, и многу Моавци, и многу Амонити, - ги испрати против Јуда, за да го погуби, според словото на Господа, што го беше рекол преку Своите слуги - пророците. |
3. | Тоа стана со Јуда по заповед на Господа, за да го отфрли од лицето Свое за гревовите на Манасија, за се она, што тој го беше извршил; |
4. | и за невината крв, што ја пролеа, исполнувајки го Ерусалим со невина крв, Господ не сакаше да прости. |
5. | Другите работи на Јоакима и за се она што тој го беше извршил, опишано е во летописите на јудејските цареви. |
6. | И почина Јоаким при татковците свои, а место него стана цар синот негов Јехониј. |
7. | Египетскиот цар веке не излегуваше од земјата своја, зашто вавилонскиот цар беше презел се, од Египетскиот поток до реката Ефрат, што му припа аше на египетскиот цар. |
8. | Јехониј беше на осумнаесет години кога стана цар, и царуваше три месеци во Ерусалим; мајка му се викаше Ниста, керка на Елнатана, од Ерусалим. |
9. | И тој го правеше она, што не беше угодно пред очите на Господа, во се онака, како што вршеше татко му. |
10. | Во она време слугите на вавилонскиот цар Навуходоносор настапија кон Ерусалим, и градот беше опколен. |
11. | Вавилонскиот цар Навуходоносор дојде до градот, што слугите негови го опседнаа. |
12. | Тогаш јудејскиот цар Јехониј отиде при вавилонскиот цар, тој, и мајка му, и слугите негови, кнезовите негови, и дворјаните негови, - и го зароби вавилонскиот цар во осмата година од царувањето свое, |
13. | и ги изнесе оттаму сите ризници на домот Господов и ризниците на царскиот дом; и ги здроби, како што беше рекол Господ, сите златни садови, кои Соломон, царот Израилев, ги беше направил за храмот Господов; |
14. | и го исели целиот Ерусалим, и сите кнезови, и сета храбра војска, - беа преселени десет иљади, - и сите дрводелци и ковачи; никој не остана, освен сиромасите на таа земја. |
15. | Тој го пресели Јехонија во Вавилон; исто така и мајка му на царот, и жените на царот, и големците негови, и големците на земјата ги одведе од Ерусалим за да ги насели во Вавилон. |
16. | И сета војска, на број седум иљади, и уметници и градежници иљада, сите јунаци, способни за војна, ги одведе вавилонскиот цар за да ги насели во Вавилон. |
17. | И вавилонскиот цар го направи цар Матанија, стрикото на Јехонија, место него, и му го промени името во Седекиј. |
18. | Седекиј беше на дваесет и една година, кога стана цар, и царуваше единаесет години во Ерусалим; мајка му се викаше Амитал, керка на Јеремија, од Ливна. |
19. | И тој го вршеше она, што не беше угодно пред очите на Господа, во се онака како што го правеше тоа Јоаким. |
20. | Гневот на Господа над Ерусалим и над Јуда беше толку голем, што Он ги отфрли од лицето Свое. И Седекиј се одметна од вавилонскиот цар. |
← 2Kings (24/25) → |