← 2Kings (23/25) → |
1. | Тогаш царот испрати, та се собраа при него сите старешини на Јуда и на Ерусалим. |
2. | И отиде царот во домот Господов, и со него сите Јудекци и сите ерусалимски жители, и свештениците, и пророците, и сиот народ, од мал до голем, и им ги прочита гласно сите збовори од книгата, која се најде во домот Господов. |
3. | Потоа царот застана на високо место и пред лицето Господово се заветува - дека ке Го следи Господа и дека ке ги чува заветите Негови, откровенијата негови и наредбите Негови, од се срце и душа, за да ги исполнува зборовите на тој завет, напишани во таа книга, И сиот народ се заветува. |
4. | Тогаш царот му заповеда на првосвештеникот Хелкиј и на другите свештеници и на вратарите да ги извесат од храмот Господов сите работи направени за Ваала и за Астарта и за сета небеска војска, и ги изгори надвор од Ерусалим, во Кедронскиот дол, и заповеда да ја пренесат пепелта нивна во Ветил. |
5. | И ги отстрани многубожечките жреци, што ги беа поставила јудеските цареви да вршат кадење по идолските светилишта во јудејските градови и во околината на Ерусалим, и оние, што му кадеа на Ваала, на сонцето, на месечината, на планетите и на сета небеска војска. |
6. | И ја изнесе тоај Астарта од домот Господов надвор од Ерусалим, при потокот Кедрон, и ја изгоре при потокот Кедрон, ја претвори во пепел и ја фрли пепелта нејзина во општонародните гробишта; |
7. | и ги разурна блудничките домови, што беа при храмот Господов, каде што жени шиеја облека за Астарта; |
8. | и ги изведе сите жреци од јудејсите градови, ги оскверни идолските светилишта, по кои жреците вршеа кадења, од Гава до Вирсавија, и ги разурна светилиштата пред портите - оние при влезот кон портите на Исуса градоначалникот, и оние одлево при градските порти. |
9. | Жреците на идолските светилишта, ме утоа, не принесуваа жртви врз жртвеникот Господов во Ерусалим туку јадеа безквасници заедно со браката свои. |
10. | Тој го оскверни и Тофет, што е во долот на Еномовите синови, та никој да не го пренесува синот свој и керката своја преку оган во чест на Молоха; |
11. | и ги урна коњите, кои јудејските цареви ги ставаа во чест на сонцето пред влезот во домот Господов, близу до собите на дворјанинот Нетан - Мелех, во Фарурим, а колесниците на сонцето ги изгоре со оган. |
12. | И жртвениците врз покривот на Ахазовата горна соба, што ги направија јудејсите цареви, и жртвениците, кои Манасиј ги беше направил во двата двора на домот Господов, царот ги собори и ги растури оттаму, и правот нивни го фрли во потокот Кедрон. |
13. | И идолските светилишта пред Ерусалим, десно од Маслиновата Гора, кои Соломон, царот Израилев, и го беше изградил на Астарта, гад сидонски, и на хамос, гад моавски, и на Молох, гад амонитски, царот ги оскверни; |
14. | и ги искрши идолите, и ги исече дубравите, и го наполни местото нивно со човечки коски. |
15. | Исто така и жртвеникот, што беше во Ветил, и идолското светилиште, изградено од Наватовиот син Јеровоам, кој беше го навел Израилот во грев, - и жртвеникот и светилиштето ги разурна, и ги изгоре, ги претвори во прав, ја изгоре и дубравата. |
16. | Јосиј погледна и ги виде гробиштата, што беа таму на гората, па испрати и ги зеде коските од гробовите, ги изгоре врз жртвеникот и го оскверни, според словото Господово, што го навести човекот Божји, кој ги беше претскажал тие настани, кога Јероваоам стоеше на празникот пред жртвеникот. Потоа се сврте и го виде гробот на Божјиот човек, што ги беше претскажал тие настани, |
17. | и Јосиј праша: "Каков е тој споменик, што го гледам?" Му одговорија градските жители: "Тоа е гробот на Божјиот човек, кој дојде од Јудеја и го навести ова, што ти го правиш сега над Ветилскиот жртвеник." |
18. | Тогаш тој рече: "Оставете го на мира, никој да не ги обеспокојува коските негови." И ги зачува коските негови заедно со коските на пророкот, што беше дошол од Самарија. |
19. | И сите идолски светилишта во самариските градови, кои израилските цареви ги беа изградиле, разгневувајки Го Господа, Јосиј ги разруши и направи со нив исто, како што направи во Ветил; |
20. | ги закла сите жреци при светилиштата, што беа таму, при жртвениците, и изгоре врз нив човечки коски, па се врати во Ерусалим. |
21. | Тогаш царот му заповеда на сиот народ и рече: "Празнувајте Му Пасха на Господа, вашиот Бог, како што е напишано во таа книга на заветот." |
22. | Зашто таква Пасха не беше празнувана од дните на судиите, кои му судеа на Израилот, и во сите дни на израилските цареви, и на јудејските цареви; |
23. | а таа Пасха на Господа беше празнувана во Ерусалим во осумнаесеттата година на царот Јосија. |
24. | Јосиј исто така ги истреби и повикувачите на мртви, и ма епсниците, и вражалците, и идолите, и сите гадови, што се сретнуваа во Јудејската земја и во Ерусалим, за да ги исполни зборовите на законот, напишан во книгата, што свештеникот Хелкиј ја најде во домот Господов. |
25. | Сличен на него немало цар пред него, кој се свртел кон Господа со сето свое срце, и со сета душа своја, и со сите свои сили, според целиот закон Мојсеев; и по него не се издигна сличен на него. |
26. | Но Господ не ја одложи големата јарост на гневот Свој, со која гневот Негов Му се разгори против Јуда за сите навреди, со кои Манасиј Го беше разгневил. |
27. | И Господ рече: "И Јуда ке го отфрлам од лицето Свое, како што го отфрлив Израилот, и ке го отфрлам тој град Ерусалим, што го избрав, и домот, за кој бев рекол: ‘Таму ке биде името Мое.‘" |
28. | Другите работи за Јосија и за се што беше извршил тој, е опишано во летописите на јудејските цареви. |
29. | Во неговите дни египетскиот цар, Фараонот Нехаон, тргна против асирскиот цар на реката Ефрат. Царот Јосиј му излезе во пресрет, а оној штом го виде го уби во Мегидон, штом го виде. |
30. | Слугите негови го кренаа мртов од Мегидон, го пренесоа во Ерусалим и го погребаа во гробницата негова, и народот на земјата го зеде Јосиевиот син Јоахаз, го помазаа и го прогласија за цар место татко му негов. |
31. | Јоахаз беше на дваесет и три години, кога стана цар, и царуваше три месеци во Ерусалим; мајка му се викаше Хамутал, керка на Јеремија, од Ливна. |
32. | Тој го вршеше она, што не беше угодно пред очите на Господа, во се онака, како што правеа татковците негови. |
33. | Фараонот Нехаон го задржа во Ривла, во Ематската земја, за да не царува во Ерусалим, и наложи глоба на земјата сто таланти сребро и сто таланти злато. |
34. | И Фараонот Нехаон го направи цар Јосиевиот син Елијаким, место татко му Јосија, и му го промени името на Јоаким, а Јоахаз го зеде и го одведе во Египет, каде што и умре. |
35. | Јоаким му даваше на Фараонот сребро и злато; тој ја оцени земјата, за да го внесува среброто по заповед на фараонот; тој бараше од секого од народот на земјата, според оценката негова, сребро и злато, за да му дава на фароанот Нехаон. |
36. | Јоаким беше на дваесети и пет години, кога стана цар, и царуваше единаесет години во Ерусалим; мајка му се викаше Јелдаф, керка на Фадаила, од Рума. |
37. | И тој го вршеше она, што не беше угодно пред очите на Господа, во се онака, како што го правеа татковците негови. |
← 2Kings (23/25) → |