← 2Kings (22/25) → |
1. | Јосиј беше на осум години кога стана цар, и царуваше во Ерусалим тиесет и една година; мајка му се викаше Једида, керка Едеева, од Васурот. |
2. | Тог го вршеше она што беше угодно пред очите на Господа, во се одеше по патот на татка си Давида и не се отколнуваше ни десно, ни лево. |
3. | Кога беше на осумнаесет години, царот Јосиј го испрати писарот Сафан, син на Езелија, Месоламов син, во домот на Господа, велејки: |
4. | "Оди при првосвештеникот Хелкија, нека го преброи среброто, донесено во домот на Господа, што го собраа од народот вратарите, |
5. | и нека го дадат во рацете на распоредниците, поставени при храмот Господов, а тие да го потрошат за работниците во домот Господов за поправка на штетите во домот: |
6. | на дрводелците, на каменарите, на sидарите и за купување дрва и делкани камења за поправка на домот; |
7. | но да не се бара од нив сметка за среброто, предадено во рацете нивни, бидејки тие постапуваат чесно." |
8. | И му кажа првосвештеникот Хелкиј на писарот Сафан: "Јас ја најдов во домот Господов книгата на законот." И Хелкиј му ја подаде книгата на Сафана, и тој ја читаше. |
9. | Дојде писарот Сафан при царот и му донесе на царот одговор, велејки: "Твоите слуги го зедоа среброто, најдено во домот, и го предадоа во рацете на распоредниците, поставени при домот Господов." |
10. | Писарот Сафан му соопшти уште на царот и рече: "Една книга ми даде свештеникот Хелкиј." И Сафан ја читаше пред царот. |
11. | Кога царот ги чу зборовите од книгана на законот, ја раскина облеката своја. |
12. | Тогаш царот заповеда на свештеникот Хелкиј, на Ахикама, Сафанов син, на Ахвора, Михеев син, на писарот Сафан и на царскиот слуга Асаиј, велејки: |
13. | "Одете, прашајте Го Господа за мене, за народот и за цела Јудеја во врска со зборовите на таа најдена книга, зашто голем е гневот Господов, што се разгорел против нас, поради тоа што нашите татковци не ги послушаа зборовите на таа книга, за да постапуваат според она што ни е заповедано во неа." |
14. | И отиде свештеникот Хелкиј со Ахикама, Ахвора, Сафана и Асаија при пророчицата Олдама, жена на одеждочуварот Салум, син на Текуја, Арасов син, - а таа живееше во Ерусалим, во вториот дел, - и зборуваа со неа. |
15. | А таа им рече: "Вака вели Господ, Бог Израилев: кажете му на човекот, што ве испрати при мене: |
16. | вака вели Господ: ке испратам зло во тоа место и врз жителите негови - сите зборови од книгата, што ги прочита јудејскиот цар. |
17. | Поради оа што ме оставија и кадат да други богови, за да ме предизвикуваат со сите работи на рацете свои, се разгневи гневот Мој против тоа место, и нема да угасне. |
18. | А на јудејскиот цар, што ве испратил да Го прашате Господа, кажете му: - вака вели Господ, Бог Израилев, за зборовите што ги чу: |
19. | поради тоа што смекна срцете твое, и ти се смири пред Господа, откако го чу ова, што Јас го изреков против тоа место и против жителите негови, дека тие ке бидат за ужас и проклетство, и ти ја раскина облеката своја и плачеше пред Мене, Јас те чув - вели Господ. |
20. | Поради тоа, еве, Јас ке те приберам при татковците твои, и ке бидеш ставен во гробницата своја во мир, и твоите очи нема да ги видат сите тие зла, што ке ги испратам во тоа место." И му донесоа на царот одговор. |
← 2Kings (22/25) → |