← 2Kings (20/25) → |
1. | Во тие дни се разболе Језекиј на смрт; и дојде при него Амосовиот син, пророкот Исаија и му рече: "Вака вели Господ: ‘среди ги работите за домот свој, зашто ке умреш, нема да оздравиш.‘" |
2. | Се свти Језекиј со лицето кон sидот и Му се помоли на Господа, велејки: |
3. | "О Господи, спомни си, дека јас одев пред лицето Твое верно и со предано на Тебе срце, и го вршев она, што беше угодно пред очите Твои." И заплака Језекиј силно. |
4. | Исаија уште не беше излегол од средниот двор, и би словото Господово кон него: |
5. | "Врати се и кажи му на Језекија, владетелот на Мојот народ: вака вели Господ, Бог на твојот татко Давида - Ја чув молитвата твоја, ги видов солзите твои. Јас ке те излекувам; на третиот ден ке отидеш во домот Господов; |
6. | и ке додадам кон деновите твои петнаесет години, и ке те спасам од рацете на асирскиот цар тебе и твојот град, и ке го заштитам тој град заради Себеси и заради Мојот слуга Давида." |
7. | Тогаш рече Исаија: "Земете суви смокви." И зедоа, и ги наложија на чирот; и тој оздраве. |
8. | Језекиј му рече на Исаија: "Каков е знакот, дека Господ ке ме излекува и дека на третиот ден ке одам во домот Господов?" |
9. | Исаија одговори: "Еве ти знак од Господа, дека Господ ке го исполни словото, што го кажал - сакаш ли напред да оди сенката десет степени или десет степени назад?" |
10. | И рече Језекиј: "Лесно е да се помести сенката десет степени напред; не, нека се врати сенката десет степени назад." |
11. | Повика пророкот Исаија кон Господа, и Он ја врати сенката назад десет степени според Ахазовите степени, по кои се спушташе. |
12. | Во тоа време вавилонскиот цар Мародах Валадан, син на Валадана, му испрати писмо и подароци на Језекија, зашто беше чул, дека Јазекиј бил болен. |
13. | Језекиј, откако ги слушна пратениците, им ги покажа ризниците свои, среброто и златото, и ароматите, и скапоцените масла, и целата своја оружарница и се што се нао аше во скровиштата негови; и не остана ништо, што да не им го покажа Језекиј во домот свој и во целото свое владение. |
14. | Пророкот Исаија додјде при царот Језекија и го праша: "Што кажаа тие лу е, и од каде дојдоа при тебе?" Језекиј одговори: "Од далечна земја дојдоа тие, од Вавилон." |
15. | Исаија пак праша: "Што видоа тие во домот твој?" Језекиј одговори: "Видоа се што е во мојот дом; не остана ништо, што да ни им го покажав во ризниците свои." |
16. | Тогаш Исаија му рече на Језекија: "Чуј го словото Господово: |
17. | ‘Еве, ке дојдат дни, и се што е во твојот дом, и што го собрале татковците твои до денес, ке биде однесено во Вавилон; ништо нема да остане - вели Господ. |
18. | Kе земат од синовите твои, што ке произлезе од тебе, што ке го родиш, и тие ке бидат слуги во дворецот на вавилонскиот цар." |
19. | А Језекиј му рече на Исаија: "Добро е словото Господово, што ти го изрече." И продолжи: "Да биде мир и доброчестивост во моите дни!" |
20. | Другата работа за Језекија, за сите негови подвизи, дека направи езера и водовод и спроведе вода во градот, опишано е во летописите на јудејските цареви. |
21. | И почина Језекиј при татковците свои, а место него стана цар синот негов Манасиј. |
← 2Kings (20/25) → |