← 2Kings (2/25) → |
1. | Во она време, кога Господ сакаше да го вознесе Илија на небото во виор, Илија со Јелисеја доа аше од Галгал. |
2. | И му рече Илија на Јелисеја: "Остани тука, зашто Господ ме испрака во Ветил." Но Јелисеј рече: "Жив Господ и жива ти душа! Нема да те оставам." И отидоа во Ветил. |
3. | И излегоа при Јелисеја синовите пророчки, што беа во Ветил, и му рекоа: "Знаеш, ли дека денес Гсопод ке го вознесе твојот господар над главата твоја!" Тој одговори: "И јас знам, молчете." |
4. | И му рече Илија: "Јелисее, остани тука, зашто Господ ме испрака во Јерихон." А тој рече: "Жив Господ и живе ти душа! Нема да те оставам." И дојдоа во Јерихон. |
5. | Тогаш се приближија синовите пророчки, што беа во Јерихон, и му рекоа: "Знаеш ли, дека денес Господ го зема твојот господар и ке го вознесе над главата твоја?" Тој одговори: "И јас знам, молчете." |
6. | Пак му рече Илија на Јелисеја: "Остани тука, зашто Господ ме испрака во Јордан. А тој рече: "Жив Господ и жива ти душа! Нема да те оставам." И тргнаа обајцата. |
7. | Педесет души од синовите пророчки тргнаа и застанаа подалеку спроти нив, а тие двајца стоеја при Јордан. |
8. | Тогаш го зеде Илија кожувот свој, го свитка и удри со него по водата, и таа се раздели на две страни, па така и двајцата минаа по суво. |
9. | Кога минаа, Илија му рече на Јелисеја: "Барај, што сакаш да ти направам, пред да бидам земен од тебе." Јелисеј одговори: "Духот, кој е во тебе, да биде двојно во мене." |
10. | А тој рече: "Бараш нешто многу тешко; ако видиш, како ке бидам земен од тебе, така ке ти биде; ако, пак, не видиш, нема да ти биде." |
11. | Како што одеа и си разговараа по патот, наеднаш се појави огнена кола и огнени коњи, и ги раздвоија еден од друг, и Илија се понесе во виорот кон небото. |
12. | А Јелисеј гледаше и извика: "Оче мој, оче мој, кола на Израилот и негова коњица!" И веке не го виде. Па ја фати облеката своја, и ја раскина на две парчиња. |
13. | И го крена тој кожувот на Илија, што беше паднал од него, па се врати и се запре крај брегот на Јордан; |
14. | го зеде кожувот на Илија, што беше паднал од него, удри со него по водата, и рече: "Каде е Господ, Бог Илиев? Он Самиот?" И удри по водата, а таа се раздели на две страни, и Јелисеј помина. |
15. | И го видоа од далеку синовите пророкови, што беа во Јерихон и рекоа: "Илиевиот дух слезе врз Јелисеја." Му излегоа во пресрет и му се поклонија до земја. |
16. | И му рекоа: "Ете, во нас, твоите слуги, има педесет души силни мажи; нека одат тие да го побараат господарот твој; можеби, Духот Господов го однел и го фрлил на некоја гора, или во некој дол." А тој рече: "Немојте да испракате!" |
17. | Но тие настојуваа пред него многу, та му здодеаја, па им рече: "Испратете!" И испратија педесет души, кои бараа три дена, но не го најдоа, |
18. | и се вратија при него, додека тој беше во Јерихон; и тој им рече: "Нели ви говорев: не одете!" |
19. | Тогаш жителите на градот му кажаа на Јелисеја: "Ете, како што гледаш, господару, положбата на овој град е добра; но водата е лоша и земјата е бесплодна." |
20. | А тој рече: "Дајте ми нова чаша и турета во неа сол." И му дадоа. |
21. | Тој отиде при изворот на водата, ја фрли во неа солта и рече: "Вака вели Господ: ‘Јас ја направив здрава таа вода; и во иднина нема да доа а од неа ни смрт, ни бесплодност.‘" |
22. | И водата остана здрава до денес, според зборот, што го кажа Јелисеј. |
23. | Оттаму тој отиде во Ветил. Кога одеше по патот, мали деца излегоа од градот, му се потсмеваа и му велеа: "Врви, келавко! Врви, келавко!" |
24. | Тој се сврти, ги виде и ги проколна во името Господово. Тогаш излегоа од гората две мечки и раскинаа од нив четириесет и две деца. |
25. | Оттука отиде на гората Кармил, а оттаму се врати во Самарија. |
← 2Kings (2/25) → |