← 2Kings (19/25) → |
1. | Кога го чу тоа царот Језекиј, ја раскина облеката своја, се покри со врекиште и отиде во домот Господов. |
2. | И го испрати Елијакима, управникот на дворецот, писарот Сомнас и постарите свештеници, покриени со врекишта, при Амосовиот син, пророкот Исаија. |
3. | Тие му рекоа: "Вака вели Језекиј: ‘ова е ден за жалост, за казна и за срам; зашто младенчињата пристигнаа, но родилна сила нема. |
4. | Секако Гопспод, Бог твој, ке ги чуе сите зборови на Рапсака, кога господарот негов, асирскиот цар, го испрати да го наведува живиот Бог и да го обесчести со зборови, какви што чу Господ, Бог твој. Затоа упати и помоли се за другите, кои се се уште живи." |
5. | Слугите на царот Језекија отидоа при Исаија. |
6. | А Исаила им рече: "Вака кажете му на вашиот господар: Така вели Господ: ‘Не прали се од зборовите, што ги чу, и со кои Ме навредуваа слугите на асирскиот цар.‘ |
7. | Ете, Јас ке испратам во него дух, и тој ке чуе известување, и ке се врати во земјата своја, и Јас ке го поразам со меч во неговата земја." |
8. | Се врати Рапсак и го најде асирскиот цар, како војува против Ливна, зашто беше чул, дека тој тргнал од Лахис. |
9. | Чу царот и за етиопскиот цар Тарак, за кого му рекоа: "Ете, тој излезе да се судри со тебе." И пак испрати пратеници при Језекија да кажат: |
10. | "Вака кажете му на јудејскиот цар Језекија: ‘нека не те лаже твојот Бог, на Кого се надеваш, мислејки дека Ерусалим нема да биде предаден во раката на асирскиот цар.‘ |
11. | Зар не си чул, што направија асирските цареви со сите земји, уништувајки ги наполно, - та ти ли ке се избавиш? |
12. | Боговите на овие народи, што ги сотреа татковците мои, ги спасија ли? Го спасија ли Гозан, и Харан, и Фарес и синовите на Еден, кој е во Таласар? |
13. | Каде е царот Ематски, и царот Арфадски, и царот на градот Сепфариум, на Ана и на Ава?" |
14. | Тогаш Језекиј го зеде писмото од рацете на пратениците, го прочита, отиде во домот Господов, и го објави Језекија пред лицето Господово; |
15. | и се молеше Језекиј пред лицето Господово и велеше: "Господи, Боже Израилев, Кој седиш на херувими! Ти си еденствен Бог на сите земни царства. Ти го создаде небото и земјата. |
16. | Наклони го, Господи, увото Свое и чуј ме; отвори ги, Господи, очите Свои и погледни, и чуј ги зборовите на Сенахирима, кој испратил да Те навредуваат Тебе, живиот Бог! |
17. | Навистина, о Господи, царевите асирски ги сотреа народите и земјите нивни, |
18. | и ги нафрлаа боговите нивни во оган, но тоа не беа богови, туку изработки на човечки раце, - дрво и камен, затоа и ги истребија. |
19. | И сега, Господи Боже наш, спраси не од рацете негови, и сите земни царства ке познаат дека Ти, Господи, си единствен Бог." |
20. | Тогаш Исаија, синот Амосов, испрати да му кажат на Језекија: "Вака вели Господ, Бог Израилев: ‘го чув ова за кое ти Ми се молеше против асирскиот цар Сенахирим.‘ |
21. | Еве го словото, што Господ го изрече за него: ке те презре, ке ти се потсмевне девствената Сионова керка, по тебе ке ја заниша главата керката Ерусалимска. |
22. | Кого Го прекоруваше и навредуваше ти? И против Кого крена глас и толку високо го крена очите? Против Светецот Израилев? |
23. | Преку твоите пратеници ти Го навредуваше Господа и велеше: - со многу коли се качив на горските височини, по ридовите на Ливан, ги исеков високите кедри негови и прекрасните кипариси негови и стигнав до најкрајното пристаниште негово, го гасталакот на градината негова; |
24. | ископав и пиев ту а вода, и ги пресушив со стапалата на нозете свои сите египетски реки. |
25. | Зар не си чул, дека Јас одамна сум го направил тоа, во старедревни дни сум го преднацртал, а сега го исполнив преку тоа, што ти опустошуваш урврдени градови, претворувајки ги во купишта урнатини? |
26. | и жителите нивни изнемоштеа, треперат и се срамуваат. Тие станаа како полска трева и кревка билка, како трева по покривите, препламната пред да узрее. |
27. | Кога седнуваш, кога излегуваш, или влегуваш, Јас се знам; ја знам и дрскоста твоја против Мене. |
28. | Твојот гнев против Мене и твојата дрскост достигна до Моите уши, па затоа ке ја ставам алката Своја во твоите ноздри и уздата Своја во твојата уста, и ке те вратам назад по истиот пат, по кои си дошол. |
29. | И, еве ти знак: јадете го оваа година - самоникнатото, а во третата година сејте и жнејте, садете лозја и јадете ги нивните плодови. |
30. | И спасението во Јудиниот дом, пак ке пушти корен одоздола и ке даде плод озгора, |
31. | зашто од Ерусалом ке произлезе остатокот, и спасеното - од гората Сион. Ревноста на Господа Саваот ке го направи тоа. |
32. | Затоа вака говори Господ за асирскиот цар: тој нема да влезе во овој град, нема да фрли во него стрела, нема да пристапи со штит кон него и нема да ископа опкоп околу него. |
33. | По истиот пат, по кој дошол, ке се врати, и нема да влезе во тој град, вели Господ. |
34. | Јас ке го пазам тој град, за да го запазам за Себеси и за Мојојт слуга Давида." |
35. | И се случи во таа нок: ангел Господов отиде и во асирскиот логор порази сто и осумдесет и пет иљади. Изутрината кога станаа, а тоа се мртви тела. |
36. | Тргна, отиде и се врати асирскиот цар Сенахирим, и живееше во Ниневија. |
37. | И кога се клањаше во домот на Месераха, својот бог, го убија со меч синовите негови Адрамелех и Сарсар, а самите избегаа во Араратската земја. И место него стана цар синот негов Асардан. |
← 2Kings (19/25) → |