← 2Kings (18/25) → |
1. | Во третата година на Осија, синот на Ила, цар израилски, стана цар Језекиј, син на јудејскиот цар Ахаз. |
2. | Тој беше на дваесет и пет годони, кога стана цар, и царуваше дваесет и девет години во Ерусалим; мајка му се викаше Авута, керка на Захарија. |
3. | Тој го вршеше она што беше угодно пред очите на Господа, во се онака како што правеше неговиот татко Давид; |
4. | тој ги урна идолските светилишта, ги исече дубравите и ја скрши бронзената змија, што Мојсеј ја беше направил; зашто дури до оние дни Израилевите синови и кадеа и ја нарекуваа Неестан. |
5. | На Господа Бога, Бог Израилев, тој се надеваше; и како него немаше ме у сите јудејски цареви - и по него, и пред него. |
6. | Тој се приврза кон Господа, не отстапувајки од Него и ги пазеше заповедите Негови, кои Господ му ги беше дал на Мојсеја. |
7. | И Господ беше со него: насекаде, каде и да одеше, тој постапуваше благоразумно. И се одметна тој од асирскиот цар и престана да му служи. |
8. | Тој ги порази Филистејците до Газа и до нејзините предели: од стражарската кула до утврдениот град. |
9. | Во четвртата година на царот Језекиј, односно во седмата година на Осија, синот на Ила, цар израилски, асирскиот цар Саламанасар тргна против Самарија, ја опседна. |
10. | и по три години ја презеде, - во шестата година на Језекија, односно во десеттата година на израилскиот цар Осија Самарија беше преземена. |
11. | И асирскиот цар ги пресели Израилците во Асирија, и ги насели во Алај и во Авор, при реката Гозан, и во пределите мидијски, |
12. | зашто тие не го послушаа гласот на Господа, својот Бог, и го прекршија заветот Негов: се, што беше заповедал Мојсеј, слугата Господов, тие ниту го слушаа, ниту го исполнуваа. |
13. | Во четиринаесеттата година на царот Језекиј асирскиот цар Сенахирим тргна против сите утврдени градови на Јуда и ги презеде. |
14. | Тогаш јудејскиот цар Језекиј испрати до асирскиот цар во Лахис да кажат: "Виновен сум; оди си од мене; се што ке ми наложиш, ке поднесам." И асирскиот цар му наложи на јудејскиот цар Језекиј триста таланти сребро и триста таланти злато. |
15. | И Језекиј го даде сето сребро, што се најде во домот Господов и во ризницата на царскиот дом. |
16. | Тогаш Језекиј го симна златото од вратата на домот Господов и од вратните столбови, кои тој, јудејскиот цар Језекиј, ги беше позлатил, и му ги даде на асирскиот цар. |
17. | И асирскиот цар го испрати Тартана, Рапсариса и Рапсака од Лахис при царот Језекија во Ерусалим со голема војска. И тргнаа и стигнаа до Ерусалим; тргнаа, стигнаа и запреа при водоводот на горното езеро, кое е на патот кон нивата на валавичарот. |
18. | И го повика царот. И излезе пред нив Халикиевиот син Елијаким, управник на дворецот, и писарот Сомнас, и Асафовиот син Јоас летописец. |
19. | И им рече Рапсак: "Кажете му на Језекија: вака вели големиот цар, асирскиот цар: ‘каква е тоа надеж, на која се надевате?‘ |
20. | Ти зборуваш само празни зборови: за војна се потребни ум и сила. А сега на кого се надеваш, та се одметна од мене? |
21. | Ете, ти мислиш да се потпреш на Египет, на таа скршена трска, која, ако некој се потпре на неа, ке му влезе во раката и ке му ја продупчи. Таков е Фараонот, египетскиот цар, за сите, што се надеваат на него. |
22. | Ако, пак, ми кажете: ‘на Господа, нашиот Бог, се надеваме,‘ тогаш на оној ли, чии светилишта и жртвеници Језекиј ги урна, велејки му на Јуда и на Ерусалим: само пред тој жртвеник поклонувајте се во Ерусалим? |
23. | И така, склучи сојуз со мојот господар, асирскиот цар; ке ти дадам две иљади коњи; можеш ли да најдеш за нив коњаници? |
24. | Како ке одбиеш ти еден водач од најмалите слуги на господарот мој? А се потпираш врз Египет заради коли и коњаници? |
25. | Притоа, зар јас без вољата Господова сум тргнал против ова место, за да го сотрам? Господ ми рече: ‘оди против таа земја и сотри ја.‘" |
26. | Тогаш му рече Хеликиевиот син Еликијам, и Сомнас, и Јоас на Рапсака: "Говори им на слугите свои по арамејски, зашто разбираме, а немој да ни говориш по јудејски да слуша народот, што е на sидот." |
27. | А Рапсак им рече: "Зар само до твојот господар и до тебе ме испрати господарот мој да ги кажам тие зборови? Не, а и на лу ето што седат на sидот, за да го јадат изметот свој и да ја пијат мочта своја заедно со вас." |
28. | И стана Рапсак, извика со силен глас по јудејски и зборуваше, велејки: "Чујте ги зборовите на големиот цар, на асирскиот цар! |
29. | Вака вели царот: ‘нека не ве мами Језекиј, зашто тој не може да ве спаси од мојата рака; |
30. | и нека не ве обнадежува Језекиј со Господа, велејки: ‘Господ ке не спаси, и нема да биде предаден овој гред во раката на асирскиот цар!‘ |
31. | Не го слушајте Језекија, зашто вака вели асирскиот цар: ‘Примирете се со мене и дојдете при мене, и секој нека ги јаде плодовите на лозјето свое и на смоквата своја, и секој нека пие вода од својот кладенец, |
32. | додека да дојдам и да ве одведам во исто таква земја, како вашата земја, во земја со леб и вино, во земја со плодови и лозја, во земја со маслинови дрвја и мед, и ке живеете, и нема да умрете. Затоа не слушајте го Језејика, кој ве мами и вели: - ‘Господ ке не спаси.‘ |
33. | Ги спасија ли боговите народите, секој земјата своја, од раката на асирскиот цар? |
34. | Каде се боговите на Емат и Арфад? Каде се боговите на Сепфаруим, Ана и Ава? Ја спасија ли тие Самарија од раката моја? |
35. | Кој од сите богови на тие земји ја избави земјата своја од мојата рака? Та зар Господ ке го спаси Ерусалим од раката моја?" |
36. | Народот молчеше и не му одговараше ни збор, зашто царот беше заповедал: "Не му одговарајте!" |
37. | И дојде Хеликиевиот син Елијаким, управник на дворецот, и Сомнас, писарот, и Асафовиот син Јоас, летописецот при Језекија со раскината облека и му ги пренесоа Рапсаковите зборови. |
← 2Kings (18/25) → |