← 2Kings (17/25) → |
1. | Осиј, синот на Ила, стана цар во Самарија над Израилот во дванаесеттата година на јудејскиот цар Ахаз царуваше девет години, |
2. | а го вршеше она што не беше угодно пред очите на Господа, но не така, како израилските цареви, што беа пред него. |
3. | Притив него се крена асирскиот цар Саламанасар, и Осиј му стана потчинет, та му даваше данок. |
4. | Асирскиот цар забележа кај Осија измена, зашто тој беше испракал пратеници при египетскиот цар Сигор и не му даваше данок на асирскиот цар секоја година; тогаш асирскиот цар го зеде под стража и го затвори во темница. |
5. | И се крена асирскиот цар против целата земја, се приближи до Самарија и ја држеше во опсада три години. |
6. | Во деветтата година на Осија, асирскиот цар ја презеде Самарија, ги пресели Израилците во Асирија и ги насели во Алај и во Авор, при реката Гозан, и во пределеите мидијски. |
7. | А тоа стана, затоа што Израилевите синови почнаа да грешат пред Господа, својот Бог, Ког ги изведе од Египетската земја, од раката на египетскиот цар - Фараона, и почнаа да почитуваат други богови, |
8. | а да постапуваат според обичаите на народите, кои Господ ги беше прогнал пред лицето на Израилевите синови, и според обичаите на израилските цареви, како што тие постапуваа. |
9. | А почнаа Израилевите синот да вршат работи неугодни пред Господа, својот Бог, си подигнаа идолски светилишта по сите свои градови, и тоа, почнувајки од стражарската кула, па се до утврден град. |
10. | и си поставија идоли и светилишта на секој повисок рид и под секое зелено дрво, |
11. | и кадеа таму по сите идолски светилишта, како народите, што ги беше прогнал од нив Господ, и правеа лоши работи, што го разгневуваа Господа, |
12. | и им служеа на идолите, за кои им беше говорел Господ: "Не го правете тоа!" |
13. | Тогаш Господ преку сите Свои пророци, преку секој гледач го опоменуваше Израилот и Јуда, велејки: "Вратете се од лошите патишта и пазете ги заповедите Мои, наредбите Мои, целиот закон, што сум го запведал на татковиците ваши, и што сум ви го предал преку слугите Мои, пророците." |
14. | Но тие не послушаа и останаа тврдоглави, какви што беа и татковците нивни, кои не веруваа во Господа, својот Бог; |
15. | тие ги презера наредбите Негови и заветот Негов, што Он го беше склучил со татковците нивни, и откровенијата Негови, со кои им беше посведочил, па тргнаа по суетата - и - како што и околните народи, за кои Господ им беше заповедал да не постапуваат како нив. |
16. | Тие ги оставија сите заповеди на Господа, својот Бог, си направија излеани идоли на две телиња, си направија и дубрава, и се поклонуваа на сета небесна војска, му служеа и на Ваала, |
17. | ги пренесуваа преку оган синовите свои и керките свои, гатаа и правеа магии, и се оддадоа да вршат зло пред очите на Господа, и да Го разгневуваат. |
18. | Затоа Господ силно се разгневи на Израилците и ги отфрли од лицето Свое, така што остана само едно Јудино племе. |
19. | Но и Јуда не ги пазеше заповедите на Господа, својот Бог, и постапуваше според обичаите на Израилците, како што постапуваа тие. |
20. | И Господ се одврати од сите потомци на Израилот, ги понизи и ги предаваше во рацете на грабителите и, најпосле, ги отфрли од лицето Свое. |
21. | Израилците се беа отцепиле од Давидовиот дом и го беа зацариле Наватовиот син Јеровоама. Јеровоам ги отстрани од Господа и ги наведе на голем грев. |
22. | И синовите Израилеви одеа во сите гревови на Јеровоама, какви што тој ги правеше, и не отстапуваа од нив, |
23. | Додека Господ не го отфрли Израилот од лицето Свое, како што беше говорел преку сите слуги Свои, пророците. И Израилот беше преселен од земјата своја во Асирија, каде што е и до денес. |
24. | Асирскиот цар преведе лу е од Вавилон, и од Хура, и од Ава, и од Емат Сепфаруим и ги насели во самариските градови, место израилевите синови. И тие владееја во Самарија и почнаа да живеат во градовите нејзини. |
25. | И бидејки во почетокот на своето живеење тие таму не Го почитуваа Господа, тогаш Господ им испракаше лавови, што ги давеа. |
26. | Му јавија на асирскиот цар и рекоа: "Народите, што си ги преселил и населил во самариските градови, не го знаат законот на Бога од таа земја, и затоа Он им испрака лавови, и ете, тие ги дават, зашто не го знаат законот на Бога од онаа земја." |
27. | И асирскиот цар заповеда и рече: "Испратете таму еден од свештениците, што ги иселивте оттаму; нека оди и нека живее таму, и тој ке ги просвети во законот на Бога на онаа земја." |
28. | И дојде еден од свештениците, што беа населени од Самарија, и живееше во Ветил, и ги учеше, како да Го почитуваат Господа. |
29. | Но секој народ си направи и свои богови и ги постави во идолските светилишта по ридовите, какви што си беа направиле, - секој народ во градовите свои, каде што живееше. |
30. | Ваилонците го направија Сокхот - Венит, Хутците го направија Гигел, Ематците го направија Асмат, |
31. | Евејците го направија Авалазер и Тартак, а Сепфаруимците ги изгорија во оган синовите свои во чест на Андрамелеха и Анамелеха, богови сепфаруимски. |
32. | Ме утоа, го почитуваа и Господа и поставија од средината своја свештеници по дубравите, и тие им служеа на идолските светилишта. |
33. | Ти Го почитуваа Господа и на боговите свои им служеа според обичајот на народите, од кои ги преселија. |
34. | Тие постапуваат и до денес според обичаите свои: не се плашат од Господа и не постапуваат по наредбите, ни по обичаите, ни по законот и ни по заповедите, што Господ им ги даде на синовите на Јакова, на кого му го даде името Израил. |
35. | Господ склучи со нив завет и им заповеда, велејки: "Не почитувајте други богови и не им се поклонувајте, немојте да им служите и не принесувајте им жртви, |
36. | а Господ, Кој ве изведе од Египетската земја со голема сила и цврста мишка, Него почитувајте Го, Нему поклонувајте Му се и Нему принесувајте Му жртви; |
37. | уредбите и наредбите, законот и заповедите, што Он ви ги напиша, трудете се да ги исполнувате преку сите дни, и не почитувајте други богови; |
38. | не го заборавајте заветот, што го склучив со вас, и не плашете се од други богови; |
39. | почитувајте Го само Господа, вашиот Бог, и Он ке ве спаси од рацете на сите ваши непријатели." |
40. | Но тие не послушаа, туку постапуваа според поранешните свои обичаи. |
41. | А имаше народи, што Го почитуваа Господа, но и на своите идоли им служеа. Па и децата нивни и внуците нивни до денес постапуваат така, како што постапуваа татковците нивни. |
← 2Kings (17/25) → |