← 2Kings (16/25) → |
1. | Ахаз, синот на јудејскиот цар Јоатам, стана цар во седумнаесеттата година на Ремалиевиот син Факиј; |
2. | Ахаз беше на дваесет години, кога стана цар; тој царуваше шеснаесет години во Ерусалим, и не го вршеше она, што беше угодно пред очите на Господа, својот Бог, како татка си Давида, |
3. | туку одеше по патот на израилските цареви, и дури синот свој преку оган го пренесе, следејки ги одвратните дела на народите, што Господ ги беше отстранил од пред лицето на Израилевите синови; |
4. | принесуваше жртви и кадеше по идолските светилишта и по могилите и под секое сенчесто дрво. |
5. | Тогаш сирискиот цар Расон и Ремаилевиот син Факиј, цар израилски, тргнаа против Ерусалим, за да го освојат и го држеа Ахаза во опсада, но не можеа да победат. |
6. | во она време сирискиот цар Расон и го врати на Сирија Елат и ги истера Јудејците од Елат; и Идумејците влегоа во Елат, каде што живеат и до денес. |
7. | Ахаз испрати пратеници до асирскиот цар Теглатфеласар во Дамаск да кажат: "Јас сум твој роб и твој син; дојди и заштити ме од раката на сирискиот цар и од раката на израилскиот цар, кои се кренаа против мене." |
8. | Ахаз зеде сребро и злато, колку што се најде во домот Господов и во ризницата на царскиот дом, и му го испрати како дар на асирскиот цар. |
9. | Асирскиот цар го послуша: и отиде асирскиот цар во Дамаск, го презеде и ги пресели жителите негови во Кир, а Расона го уби. |
10. | Царот Ахаз отиде да го пречека асирскиот Теглатфеласар во Дамаск и го виде жртвеникот, што беше во Дамаск, и му го испрати царот Ахаз на свештеникот Урија ликот на жрвеникот и план на целиот жртвеник. |
11. | А свештеникот Урија изгради жрвеник според образецот, што царот Ахаз му го испрати од Дамаск; тоа го направи свештеникот Уриј, пред да дојде од Дамаск царот Ахаз. |
12. | Дојде царот од Дамаск, го виде жртвеникот, се доближи тој до жртвеникот и принесе на него жртва. |
13. | Запали жртва своја сепаленица и лебен принос, изврши прелив и го пороси жрвеникот со крвта на мирната своја жртва. |
14. | А бронзениот жрвеник, што беше пред лицето Господово, го премести од предната страна на храмот, од местото ме у новиот жртвеник и домот Господов, и го постави отстрана на тој жртвеник кон север. |
15. | И му заповеда на царот Ахаз на свештеникот Уриј и рече: "На големиот жртвеник пали ги утринските сепаленици и вечерниот лебен принос, сепаленицата од царот и лебниот принос од него, сепалениците од сите лу е на земјата и лебиот принос од нив, и преливиот од нив, и роси го жртвникот со крвта на секоја сепаленица и со крвта на секоја жртва, а бронзениот жртвеник да остане, додека јас да размислам. |
16. | Свештенкот Уриј го изврши сето тоа, како што заповеда царот Ахаз. |
17. | И ги извади царот Ахаз краиштата на подножјата, ги симна од нив мијалиниците, го симна и морето од бронзените волови, што беа под него, и го постави на каменен под. |
18. | И ја крена саботната стреја што беше вградена при храмот, и надворешниот царски влез во домот Господов, заради асирскиот цар. |
19. | Другите дела на Ахаз, што тој ги извршил, опишани се во летописите на јудејските цареви. |
20. | И почина Ахаз при татковците свои, и беше погребан при татковците свои во Давидовиот гради. А место него стана цар синот негов Језекиј. |
← 2Kings (16/25) → |