← 2Kings (15/25) → |
1. | Јудејскиот цар Азариј, син Амасиев, стана цар во дваесет и седмата година на израилскиот цар Јеровоама. |
2. | Тој беше на шеснаесет години кога стана цар, и педесет и две години царуваше во Ерусалим. Мајка му се викаше Јехолија, од Ерусалим. |
3. | Тој го вршеше она, што беше угодно во очите на Господа, токму како што постапуваше татко му Амасиј. |
4. | Само идолските светилишта не беа урнати: народот се уште принесуваше жртви и кадеше по тие светилишта. |
5. | Господ го порази царот, и тој беше болен од лепра до денот на смртта своја и живееше во посебен дом. А царевиот син Јотам беше управник над дворот и му судеше на народот во земјата. |
6. | Другите дела на Азарија и се што тој извршил, е опишано во летописите на јудејските цареви. |
7. | И почина Азариј при татковицте свои, и го погребаа при татковците негови во Давидовиот град. А место него стана цар синот негов Јотам. |
8. | Захариј, синот на Јеровоама, стана цар над Израилот во Самарија во триесет и осмата година на јудескиот цар Азарија и царуваше шест месеци. |
9. | Тој го вршеше она, што не беше угодно пред очите на Господа, како што правеа татковците негови: не отстапуваше од гревовите на Наватовиот син Јеровоама, кој го беше навел во грев Израилот. |
10. | Селум, синот Јависов, се побуни против него, го удри пред народот и ги уби, па стана цар место него. |
11. | Другото за Захарија е опишано во летописите на израилските цареви. |
12. | Такво беше словото на Господа, што Он му го беше кажал на Јуја, велејки: "Синовите твои ке седат на Израилскиот престол до четвртиот род." Така и стана. |
13. | Јависовиот син Селум стана цар во триесет и деветтата година на јудејскиот цар Азарија и царуваше во Самарија еден месец. |
14. | Тогаш Менаим, синот на Гадија од Терса, тргна и дојде во Самарија, го уби Јависовиот син Селум во Самарија, го усмрти и стана цар место него. |
15. | Другите работи на Селума и побуната негова, што тој ја изведе, опишани се во летописите на израилските цареви. |
16. | Менаим го порази Терса и сите, што беа во него и во пределите негови, почнувајки од Терса, поради тоа што градот не ги отвори портите, го разби, и сите напразни жени во него ги распори. |
17. | Менаим, синот Гадиев, стана цар над Израилот во триесет и деветтата година на јудејскиот цар Азарија и царуваше десет години во Самарија; |
18. | тој го вршеше она, што не беше угодно пред очите на Господа; не отстапуваше од гревовите на Наватовиот син Јеровоама, кој го беше навел во грев Израилот, во текот на сите негови денови. |
19. | Тогаш асирскиот цар Фул ја нападна замјата Израилева. И Менаим му даде на Фула иљада таланти сребро, за да му помогне да го зацврсти царството во своја рака. |
20. | Менаим го зеде тоа сребро од Израилците, од сите богати лу е, по педесет сикли сребро од секој човек, за да ги даде на асирскиот цар. И се врати назад асирскиот цар, и не остана таму во земјата. |
21. | Другите дела на Менаима и се што тој беше извршил, опишани се во летописите на израилските цареви. |
22. | И почина Менаим при татковците свои. А место него стана цар синот негов Факиј. |
23. | Менаимовиот син Факиј стана цар над Израилот во Самарија во педесеттата година на јудејскиот цар Азарија и царуваше две години. |
24. | И тој го вршеше, она што не беше угодно пред очите на Господа; не отстапуваше од гревовите на Наватовиот син Јеровоама, што го беше навел Израилот во грев. |
25. | Против него се побуни Факиј, синот на Ремалија, негов војвода, го нападна во Самарија, близу царскиот дом, со Аргов и Ариј, имајки со себеси и педесет души галадци, го уби и стана цар место него. |
26. | Другите работи на Факија и се што беше извршил, опишани се во летописите на израилските цареви. |
27. | Ремалиевиот син Факиј стана цар над Израилот во Самарија во педесет и втората година на јудејскиот цар Азарија и царуваше дваесет години; |
28. | Тој го вршеше она, што не беше угодно пред очите на Господа: не отстапуваше од гревовите на Наватовиот син Јеровоама, што го беше навел во грев Израилот. |
29. | Во дните на израилскиот цар Факија дојде асирскиот цар Теглатфеласар, го презеде Јон, Аваел-Вет-Маха, Јанох, Кедес, Асор, Галад, Галилеја и целата Нафталимова земја, и ги пресели жителите нивни во Асирија. |
30. | Осиј, синот Илин, се побуни против Ремалиевиот син Факија, го удри и го уби, па стана цар место него во давесеттата година на Озиевиот син Јоатам. |
31. | Другите дела на Факија и се што тој беше извршил, опишани се во летописите на израилските цареви. |
32. | Јоатам, синот на јудејскиот цар Озија, стана цар во втората година на Рамаилевиот син Факија, цар израилски; |
33. | тој беше на дваесет и пет години, кога стана цар, и царуваше во Ерусалим шеснаесет години. Мајка му се викаше Јеруса, Садокова керка. |
34. | Само тој го вршеше она, што беше угодно пред очите на Господа: во се постапуваше така, како што постапуваше таткото негов Озиј. |
35. | Но идолските светилишта не беа срушени: народот се уште принесуваше жртви и кадеше по тие светилишта. Тој ги изгради горните порти при домот Господов. |
36. | Другите дела на Јоатама и се, што тој беше извршувал, опишани се во летописите на јудејските цареви. |
37. | Во тие денови Господ почна да го испрака во Јудеја сирискиот цар Расоне и Рамалиевиот син Факија. |
38. | И почина Јоатам при татковците свои, и би погребан при татковците свои во градот на таткото свој Давида. А место него стана цар синот негов Ахаз. |
← 2Kings (15/25) → |