← 2Kings (13/25) → |
1. | Во дваесет и третата година на Јоаса, синот на јудејскиот цар Охозија, стана цар над Израилот во Самарија, Јујевиот син Јоахаз, и царуваше седумнаесет години. |
2. | тој го вршеше, она што не беше угодно пред очите на Господа, и одеше во гревовите на Наватовиот син Јеровоама, кој го беше навел во грев Израилот, и не отстапуваше од нив. |
3. | И се разгори гневот на Господа против Израилот, и Он го предаде во раката на сирискиот цар Азаил и во раката на Азаиловиот син Адад, за сето она време. |
4. | Јоахаз се помоли пред лицето на Господа, и Господ го чу, зашто ја виде невољата на Израилците, како ги притеснуваше сирискиот цар. |
5. | И Господ им даде на Израилците спасител, и тие се оттргнаа од раката на Сиријците, и живееја синовите Израилеви во шаторите свои, како вчера и завчера. |
6. | Ме утоа не отстапуваа од гревовите на домот на Јеровоама, кој го беше навел во грев Израилот; одеа по нив, а дубравата се ушта стоеше во Самарија. |
7. | На Јоахаза му остана војска само педесет коњаници, десет коли и десет иљади пешаци, зашто сирискиот цар ги беше истребил и претворил во прав, што се тапка. |
8. | Другото за Јоахаза и за се, што тој го извршил, и за неговите јуначки подвизи, е опишано во летописите на израилските цареви. |
9. | И почина Јоахаз при татковците свои, и го погребаа во Самарија. А место него стана цар синот негов Јоас. |
10. | Јоахазовиот син Јоас стана цар над Израилот во Самарија во триесет и седмата година на јудејскиот цар Јоас; царуваше шеснаесет години. |
11. | И тој го вршеше она што не беше угодно пред очите на Господа; не отстапуваше во ниеден од гревовите на Наватовиот син Јеровоама, кој го беше навел на грев Израилот, туку одеше по нив. |
12. | Другото за Јоаса и за се она, што тој го изврши, и за неговите јуначки подвизи, како војувал против јудејскиот цар Амасија, е опишано во летописите на израилските цареви. |
13. | И почина Јоас при татаковците свои, а на престолот негов седна Јеровоам. Јоас беше погребан во Самарија, при израилските цареви. |
14. | Јелисеј се разболе од болест, од која подоцна умре. Дојде при него израилскиот цар Јоас, плачеше над него, велејки: "Оче мој, оче мој, колата на Израилот и неговата коњица!" |
15. | И му рече Јелисеј: "Земи лак и стрели." И тој зеде лак и стрели. |
16. | Тогаш му рече: "Стави ја раката на лакот." И тој ја стави раката. Тогаш Јелисеј ги стави рацете свои врз рацете на царот |
17. | и рече: "Отвори го прозорецот кон исток." И тој го отвори. А Јелисеј рече: "Стрелај!" И тој стрелаше. Потоа Јелисеј рече: "Таа стрела за спасение е од Господа, таа е спасителната срела против Сирија, и ти ке ги поразиш до нозе Сиријците во Афек." |
18. | И продолжи Јелисеј и рече: "Земи стрели!" И тој зеде. Пак му рече на израилскиот цар: "Удри во земјата!" И тој удри трипати и запре. |
19. | И му се разгневи Божјиот човек и рече: "Требаше да удриш петпати или шестпати, тогаш ке ги разбиеш докрај Сиријците, а сега ке ги поразиш Сиријците само трипати." |
20. | Умре Јелисеј и го погребаа. А на другата година моавските лу е навлегоа во земјата. |
21. | И ете, кога погребуваа еден човек, оние што го погребуваа, таму ги видоа тие лу е, го фрлија тој човек во Јелисеевиот гроб, и тој, падна, се допре до Јелисеевите коски, оживе и се исправи на нозете свои. |
22. | Сирискиот цар Азаил ги мачеше Израилците во сите денови на Јоахаза. |
23. | Но Господ се смили над нив и ги помилува; се сврти кон нив поради заветот Свој со Авраама, Исака и Јакова и не сакаше да ги истреби, и не ги отфрли од лицето Свое до денес. |
24. | Сирискиот цар Азаил умре, и место него стана цар синот негов Адад. |
25. | Јоахазовиот син Јоас го поврати од рацете на Азаиловиот син Адад градовите, што тој ги беше презел со војна од рацете на татка му Јоахаза. Трипати го разби Јоас, и ги врати Израилевите градови. |
← 2Kings (13/25) → |