← 2Kings (11/25) → |
1. | Готолија, мајката на Охозија, кога виде дека синот нејзин умре, стана и го истреби сиот царски род. |
2. | Но Јосавета, керката на царот Јорам, сестра на Охозија, го зеде Охозиевиот син Јоаса и тајно го зеде од убиваните царски синови, го украде него и доилката негова, и го сокрија од Готолија во спалната, и тој не беше убиен. |
3. | И го криеја со неа во Господовиот дом шест години, а во тоа време Готолија царуваше над земјата. |
4. | На седмата година Јодај испрати и ги повика стотниците од телохранителите и брзоотците, ги доведе при себеси во домот Господов, склучи со нов договор, зеде од нив клетва во домот Господов и им го покажа царскиот син; |
5. | и им даде заповед, велејки: "Еве што ке направите: едната третина од вас, што доа ате во сабота, ке стоите на стража при царскиот дом; |
6. | другата третина - при Сурските порти; и третата третина - при портите зад телохранителите, и ке стоите на стража во домот, за да не стане насилство. |
7. | И два дела од вас, од сите, што одат во сабота, ке стојат на стража при домот Господов, околу царот; |
8. | и опколете го царот од сите страни, секој со оружјето свое в рака; кој и да влезе во редовите, да биде убиен; и бидете при царот, кога излегува и кога влегува." |
9. | Стотниците направија се, што заповеда свештеникот Јодај; секој ги зеде лу ето свои, што доа аа во сабота и кои одеа во сабота, и дојдоа при свештеникот Јодаја. |
10. | И свештеникот им ги раздаде на стотниците копјата и штитовите на царот Давида, што се нао аа во домот на Господа. |
11. | И застанаа брзоодците, секој со оружје в рака, од десната страна на домот до левата страна на домот, при жртвеникот и при домот, околу царот. |
12. | Тогаш Јодај го изведе царскиот син, му стави царски венец и украси, го зацарија, го помазаа, ракоплескаа и извикуваа: "Да живее царот!" |
13. | Го чу Готолија гласот на растрчаниот народ и отиде при народот во домот Господов. |
14. | А таму: ете, царот стои на повисоко место, според обичајот, и кнезовите и трубите до царот; сиот народ на земјата се весели, и трубат со труби. Готолија ја раскина облеката своја и извика: "Заговор, заговор!" |
15. | Свештеникот Јодај им заповеда на стотниците, војводите и војската, и им рече: "Изведете ја надвор од редовите, а кој ке тргне по неа, убивајте го со меч!" Свештеникот мислеше да не ја убијат во домот Господов. |
16. | И направија место и таа мина низ коњскиот влез за царскиот двор и таму беше убиена. |
17. | И склучи Јодај завет ме у Господа, ме у царот и народот, тие да бидат народ Господов. |
18. | Тогаш сиот народ отиде во домот на Ваала, ги срушија жртвениците негови, и идолите негови сосема ги уништија, и Вааловиот жрец Матана го убија пред жртвениците. А свештеникот установи надзорништво над домот Господов. |
19. | И ги зеде стотниците и телохранителите и брзоодците и сиот народ од земјата, и го придружија царот од домот Господов, и отидоа по патот низ телохранителските порти во царскиот дом; и тој седна на царскиот престол. |
20. | Сиот народ на земјата се веселеше, и градот се успокои. А Готолија ја убија со меч во царскиот дом. |
21. | Јоас беше на седум години, кога стана цар. |
← 2Kings (11/25) → |