← 2Kings (10/25) → |
1. | Ахав имаше седумдесет синови во Самарија. Јуј напиша и испрати во Самарија до израилските војводи, старешини и воспитувачи на Ахавовите деца писма со ваква содржина: |
2. | "Кога ке стигне до вас ова писмо, бидејки се при вас синовите на господарот ваш, а исто така кај вас се и колите и коњите, и утврдениот град и оружјето, - |
3. | изберете го најдобриот и надостојниот од синовите на господарот свој, поставете го на татковиот му престол и војувајте за домот на господарот свој." |
4. | Тие се уплашија многу и рекоа: "Ете, двајца цареви не устоија пред него, а како ке устоиме ние?" |
5. | Тогаш војводата на царскиот дом и градоначалникот, и старешините, и воспитувачите испратија да му кажат на Јуја: "Ние сме твои слуги и, што ке ни кажеш, ке направиме; никого нема да поставиме за цар; прави што ти е воља." |
6. | Тој повторно им напишта вакво писмо: "Ако сте мои и ако се покорувате на зборот мој, земете ги главите на синовите на вашиот господар и дојдете утре во ова време при мене во Језраел." И царските синови беа седумдесет души; ги воспитуваа највидните во градот. |
7. | Кога стигна до нив писмото, тие ги зедоа царските синови и ги заклаа - седумдесет души, ги ставија главите нивни во кошница и му ги испратија во Језраел. |
8. | Дојде пратеникот, го извести и рече: "Ги донесовме главите на царските синови." И тој рече: "Поставете ги во два купа при влезот на портите до утре." |
9. | Изутрината тој излезе, застана и му рече на сиот народ: "Вие не сте виновни. Еве, јас востанав против господарот свој и го убив, но сите овие кој ги уби? |
10. | А сега знајте, дека нема да изостане на земјата ниедно слово Господово, што Он го изрекол за Ахавовиот дом; Господ го направи тоа, што го изрече преку Својот слуга Илија." |
11. | И Јуј ги уби сите други од домот на Ахава во Језраел, и сите големци негови, и блиски негови, и свештениците негови, така што од него не остана ниту еден. |
12. | Потоа стана, тргна и дојде во Самарија. По патот, кога се нао аше близу до овчарскиот Ветакад, |
13. | Јуј ги сретна браката на јудејскиот цар Охозија и ги праша: "Кои сте вие?" Тие одговорија: "Ние сме браката на Охозија, одиме да видиме, здрави ли се синовите на царот и синовите на царицата." |
14. | То тој рече: "Фатете ги живи." Ги фатија живи и ги заклаа четириесет и две души, при кладенецот на Ветакад, и од нив не остана ниту еден. |
15. | Оттаму тргна и се сретна со Рихавовиот син Јонадав, кој му доа аше во пресрет; го поздрави и му рече: "Расположено ли е срцето твое така, како моето срце кон твоето?" Јонадав одговори: "Да." Тогаш му рече: "Ако е така, дај ја раката своја." И тој ја подаде раката, и тој го качи на колата при себе." |
16. | И рече: "Тргнувај со мене и гледај ја мојата ревност кон Господа." И го наместија во колата. |
17. | Кога дојде во Самарија, тој ги уби сите, што останаа од Ахава во Самарија, така што сосема го истреби, според словото на Господа, што му го беше кажал на Илија. |
18. | Тогаш Јуј го собра сиот народ и рече: "Ахав малку му служеше на Ваала; Јуј ке му служи повеке. |
19. | Затоа, свикајте ги при мене сите пророци на Ваала, сите негови служители и сите негови свештеници, - никој да не отсуствува, зашто ке му принесам голема жртва на Ваала. А секој, што нема да дојде, нема да остана жив." Јуј го правеше тоа со лукавство, за да ги истреби Вааловите служители. |
20. | Тогаш рече Јуј: "Свикајте празничен собор за Ваала." И прогласија собор. |
21. | Тогаш Јуј испрати по сиот Израил, и дојдоа сите Ваалови служители; не остана ниеден да не дојде; и влегоа во домот на Ваала, и Вааловиот дом се исполни открај докрај. |
22. | И му кажа на чуварот на одеждите: "Донеси одежди за сите Ваалови служители!" И тој им донесе одежди. |
23. | Јуј влезе со Рихавовиот син Јонадав во домот Ваалов и им кажа на Вааловите служители: "Испитајте и разгледајте, дали се нао а некој од служителите на Господа, зашто тука треба да бидат само Вааловите служители." |
24. | И тие пристапија да принесуваат жртви сепаленици и приноси. А Јуј постави надвор од домот осумдесет души и рече: "Душата на оној, од кого што ке се спаси некој од лу ето, што ви ги прадавам во рацете, ке биде наместо душата на оној што се спасил." |
25. | Кога жртвите сепаленици беа принесени, Јуј им рече на брзоодците и на војводите: "Одете, убијте ги, та ниеден да не излезе." Ги убија со сечилото на мечот и ги исфрлија брзоодците и војводите, и отидоа во градот, каде што беше Вааловото светилиште, |
26. | ги изнесоа идолите од Вааловото светилиште и ги изгореа; |
27. | потоа го разбија Вааловиот идол, го разрушија Вааловото светилиште и го претворија во место на нечистотии, дури до денес. |
28. | Така го истреби Јуј Ваала од Израилската земја. |
29. | Но од гревовите на Наватовиот син Јеровоама, што го беше навел во грев Израилот, од нив Јуј не отстапи, од златните телиња, што беа во Ветил и во Дан. |
30. | Тогаш Господ му рече на Јуја: "Поради тоа што доброволно го изврши она што беше праведно пред очите Мои - го исполни над Ахавовиот дом се она, што Ми беше на срце, твоите синови ке седат до четвртиот род на Израилевиот престол." |
31. | Но Јуј не сакаше да оди според законот на Господа, Бога Израилев, од се срце. Тој не отстапуваше од гревовите на Јеровоама, што го беше навел во грев Израилот. |
32. | Во тие денови Господ почна да откинува делови од Израилците и Азаил ги биеше по сите израилски предели: |
33. | на исток од Јордан, целата земја Галад, племето Гадово, Рувимово, Манасиево, кога ке зафатиш од Ароир, при потокот Арнон, и Галад и Васан. |
34. | Другото за Јуја и за се што тој го изврши, и за јуначките подвизи негови, е опишано во летописите на израилските цареви. |
35. | И почина Јуј при татковците свои, и го погребаа во Самарија. А место него стана цар синот негов Јоахаз. |
36. | Јуј царуваше над Израилот во Самарија дваесет и осум години. |
← 2Kings (10/25) → |