2Kings (1/25) → |
1. | По смртта на Ахава, Моав се одметна од Израилот. |
2. | А Охозиј падна низ прозорската решетка на својата горна соба, која е во Самарија, и се разболе. Па испрати пратеници и им рече: "Одете, прашајте го Веелзевула, акаронското божество: ке оздравам ли од оваа болест?" И тие отидоа да прашаат. |
3. | Тогаш Ангел Господов му кажа на Илија Тесвитецот: "Стани, пресретни ги пратениците на самарискиот цар и кажи им: ‘Зар во Израилот нема Бог, та сте тргнале да го прашате Веелзевула, акаронското божество?‘ |
4. | Затоа вака вели Господ: ‘Од постелата на која си легнал, нема да станеш, туку ке умреш‘". И отиде Илија и им кажа. |
5. | Се вратија пратениците при Озохија. И тој ги праша: "Зошто се вративте?" |
6. | Тие му одговорија: "Не пресретна еден човек и ни рече: "Одете, вратете се при царот, кој ве испратил, и кажете му: вака вели Господ: ‘зар во Израилот нема Бог, та испракаш да го прашаш Веелзевула, акаронското божество?‘ Затоа од посталата на која си легнал, нема да станеш, туку ке умреш." |
7. | Тој ги праша: "Каков беше на изглед оној човек, што ве пресретна и ви ги кажа тие зборови?" |
8. | Тие му одговорија: "Тој човек целиот беше со влакна и беше опашан преку половината со кожен појас." Тој рече: "Тоа е Илија Тесвитецот." |
9. | Тогаш испрати царот при него педесетник со неговите педесетмина. И тој се искачи при него, кога Илија седеше на врвот од гората, и му рече: "Човеку Божји, царот нареди да слезеш." |
10. | Одговори Илија и му рече на педесетникот: "Ако сум јас човек Божји, нека падне оган од небото и да те изгори тебе и твоите педесетмина." И падна оган од небото и го изгори него и неговите педесетмина. |
11. | Царот испрати друг педесетник со неговите педесетмина. И тој му проговори и рече: "Човеку Божји, вака вели царот: ‘Слези поскоро!‘" |
12. | Илија одговори и му рече: "Ако сум јас човек Божји, нека падне оган од небото и да те изгори тебе и твоите педесетмина". И падна оган Божји од небото и го изгоре него и неговите педесетмина. |
13. | Царот испрати по третпат педесетник со неговите педесетмина. Третиот педесетник стана, та дојде, и падна на коленици пред Илија, го молеше и му зборуваше: "Човеку Божји, да не биде презрена душата моја и душата на твоите слуги - овие педесетмина - пред твоите очи; |
14. | Ете, падна оган од небото и ги изгоре двајцата претходни педесетници со нивните педесетмина; но сега да не биде презрена душата моја пред твоите очи!" |
15. | Тогаш му рече Ангелот Господов на Илија: "Оди со него и не плаши се од него." И тој стана, та отиде со него при царот. |
16. | И му рече: "Вака вели Господ: ‘Поради тоа што испрати пратеници да го прашаат Веелзевула, акаронското божество, како да немаше во Израилот Бог да Го прашаш за словото Негово, - ти нема да станеш од леглото, на кое си легнал, туку ке умреш." |
17. | И тој умре според словото Господово, што го изрече Илија. И стана цар Јорам, братот на Охозија, место него, во втората година на Јорама, син Јосафатов, цар јудејски, бидејки оној немаше син. |
18. | Другото за Охозија, она што го извршил тој, е опишано во летописите на израилските цареви. |
2Kings (1/25) → |