2John (1/1) |
1. | Од старешината, до избраната госпоѓа и нејзините деца, кои ги љубам во вистината, и не само јас, туку и сите кои ја познаваат вистината, |
2. | заради вистината што е во нас и што ќе биде со нас во вечни векови. |
3. | Благодатта, милоста и мирот од Бог Таткото и од Исус Христос, Синот на Таткото, нека бидат со нас во вистина и љубов. |
4. | Многу се зарадував зашто меѓу твоите деца најдов такви кои одат во вистината, така како што примивме заповед од Таткото. |
5. | И сега, госпоѓо, те молам, не како да ти пишувам нова заповед, туку онаа што ја имавме од почетокот - да се љубиме еден со друг. |
6. | А еве ја таа љубов: да живееме според Неговите заповеди. Ова е заповедта во која треба да живеете, како што чувте од почетокот. |
7. | Зашто многу измамници излегоа во светот, кои не признаваат дека Исус Христос дојде во тело; тоа е измамникот и антихристот. |
8. | Bардете се да не го изгубите она што ние го постигнавме, туку да ја примите целосната награда. |
9. | Секој оној кој оди предалеку и не останува во Христовото учење, Го нема Бога. Оној кој останува во учењето, тој ги има и Таткото и Синот. |
10. | Ако некој дојде кај вас и не го носи ова учење, не примајте го во вашиот дом и не поздравувајте го, |
11. | зашто оној кој го поздравува, учествува во неговите зли дела. |
12. | Имам многу да ви пишувам, ама не сакам на хартија и со мастило, туку се надевам дека ќе дојдам и лично ќе зборувам со вас, та нашата радост да биде целосна. |
13. | Те поздравуваат децата на твојата избрана сестра. |
2John (1/1) |